You are on page 1of 221

Александар ДОНСКИ

ЈАЗИКОТ НА АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ


(Античко-македонското наследство во денешната
македонска нација - втор дел)

Штип, 2006 година


Александар ДОНСКИ
ЈАЗИКОТ НА
АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ
Александар ДОНСКИ
ЈАЗИКОТ НА
АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Издавач
Македонско Литературно Друштво
Тригор Прличев" од Сиднеј
P.O. Box 227 Rockdale N.S.W. 2216 - Australia

За издавачот
Душан Ристевски

Рецензент Проф. Д-р


Вера Стојчевска Антиќ

Корица Бубе
Донска

Печати "2-ри
Август - С" - Штип

ISBN 0 9757332 5 7
ΚΑΡΑΚΤΕΡΟΤ ΗΑ ЈАЗИКОТ HA
АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

За карактерот на јазикот на античките Македонци денес во


светот постојат различни мислења среде совре-мените
истражувачи. Грчките и прогрчки настроените автори сметаат
дека тоа бил дијалект на грчкиот јазик. Наспроти нив, поголем
дел истражувачи сметаат дека античко-македонскиот јазик
постоел како засебен јазик. Во продолжение ќе направиме осврт
кон некои ставови во врска со карактерот на јазикот што го
зборувале античките Македонци.

Осврт кон грчките ставови


за јазикот на античките Македонци

Ставот на грчката историографија и на прогрчки


настроените историчари и лингвисти е дека јазикот на
античките Македонци не бил посебен јазик, туку бил еден од
грчките дијалекти. Во прилог на оваа теорија ce нудат неколку
податоци.
Поголем број грчки и прогрчки настроени автори
посочуваат на извадок од драма на старогрчкиот комедиограф
Стратис (Strattis) напишана во 5 век пред Христа. Тие велат дека
во оваа драма била потенцирана сличноста помеѓу
македонскиот и грчкиот (атички) "дијалект". Во врска со ова во
делото "Frеquently Askecl Questions on Macedonia" од
современиот грчки автор проф. Александрос Гербесиотис,
читаме:

5
"Атинските комедии ce користеле и за потсмев на
зборовите и на дијалектот на другите Грци, какви што биле
Спартанците, Беотјаните и, ce разбира, Македонците. Некаде
во 5 век пред Христа, комедија под наслов "Павсанија" или
"Македонци", напишана од Атињанинот Стратис била
поставена во Атина. Во различни делови од оваа комедија, еден
Македонец објаснува како разни зборови од атичкиот дијалект
биле нарекувани на македонскиот дијалект. Од изнесеното
може да ce заклучи дека Македонците зборувале на дорскиот
грчки дијалект. Во делото на античкиот писател Атенај
можат да ce најдат извадоци од драмата на Стратис".
("Frequently Asked Questions on Macedonia", Compilед! by
Alexandros Gerbessiotis; Copyright 1993;
http://www.macedonia.info/FAQ.htrn).
Податокот co извадокот од драмата од Стратис нашироко
ce користи низ Интернет од страна на грчките пропагандисти, a
овој податок го користат и други странски автори.
Грчките и прогрчки настроените историчари го потен-
цираат и фактот дека постојат наративни сведоштва според кои
Македонците и Епирците меѓусебно можеле да ce разберат, a
бидејќи Епирците биле "Грци", тогаш такви биле и
Македонците. Во прилог на ова американскиот историчар од
грчко потекло Елијас Капетанолулос го наведува сведоштвото
од Плутарх во неговата Биографија за епирскиот крал Пир, од
кое ce гледа дека Епирецот Пир одлично ce разбирал со
Македонците. (Elias Kapetanopoulos,
"Ηεννιασ Μακεδονιζωντη φονη, Αρηαιλογικυ εφεμερισ" Α993, стр.
17).
Како поткрепа на теоријата за грчкиот карактер на јазикот
на античките Македонци ce користи и извадокот од римскиот
историчар Тит Ливие (Titus Livius), кој во своето дело
"'Историја на Рим" (книга 31, поглавие 29) напишал дека
Етолците, Акарнијанците и Македонците биле "луѓе со ист
јазик" (на латински: "euside linguae hommes").

6
Во прилог на оваа теорија ce спомнува и говорот на
Александар Први Македонски пред Атињаните, од што можело
да ce заклучи дека тој бил "Грк" штом можел да ce разбере со
Атињаните (Капетанопулос, цит. дело стр. 15).
Грчките и прогрчки определените истражувачи тврдат
дека јазикот на кој зборувале античките Македонци бил сличен
на атичкиот грчки дијалект и поради постоењето на извесен
број идентични и слични зборови од обата говори, добиени од
разни антички и средновековни извори.
Од бројните примери за ваквото тврдење, само како
илустрација, ќе го наведеме ставот на грчката иселеничка
организација "Пан-Македоники", на чија веб-страница, во врска
со јазикот на античките Македонци, читаме:
"Разликата помеѓу македонскиопл и атичкиот
дијалект. била како и разликата помеѓу долниот и
Горниот германски дијалект. Иако пше ce разликуваат
еден од друѓ, никој не ce сомнева дека обата ce дијалекти
на германскиот јазик" (http://www.macedonia.
info/FALLACIESANDFACTS.htm, 2000 Pan-Macedonian Associa­
tion Inc, USA; Design By Eliasweb).
Меѓутоа, постојат и поинакви, исто така антички,
сведоштва кои тврдат дека јазикот на античките Македонци бил
засебен јазик, сосема различен од грчкиот. Пред да ги наведеме
овие сведоштва, ќе направиме критички осврт кон пунктовите
на прогрчката теорија за карактерот на јазикот што го зборувале
античките Македонци.

Драмата од Стратис

Видовме дека голем број застапници на теоријата за


грчкиот карактер на јазикот на античките Македонци ce
повикуваат на драмата на атинскиот комедиограф Стратис, во
која (како што тврдат тие) во нејзини различни делови бил
прикажан дијалог помеѓу некој Македонец и Атињанин, кои си
кажувале како ce изговараат зборовите

7
на нивните јазици. Притоа, било очигледно дека ce работи за
зборови од ист јазик.
Веднаш ќе кажеме дека ваквото тврдење е обична лага
заснована врз чист фалсификат! Која е вистината за драмата од
Стратис? Како прво, од овој атински комедио-граф не е
зачувано ниту едно дело во целина. Сочувани ce само неколку
реченици од неговите драми и тие ce пренесени во делата на
античкиот автор Атенај од Наукрат (Athenaeus of Naucrates).
Како второ и најважно, дотичните наводни "различни
делови" од неговата драма " Македонци " во кои наводно "еден
Македонец објаснува како разни зборови од атичкиот дијалект
биле нарекувани на македонскиот дијалект" воопшто не
постојат и тие ce измислица на современите грчки
пропагандисти! Практично зачуван е само еден фрагмент од
оваа драма, составен од три кратки реченици. Во нив еден
Атињанин прашува како ce изговарало името на некоја риба, по
што добил одговор на грчки. Современтите грчки
пропагандисти сметаат дека тој одговор му го кажале "
Македонците " и дека тоа било "доказ" дека тие зборувале
"грчки".
Меѓутоа, во оригиналот на драмата воопшто не пишува
дека одговорот на грчки го кажале Македонци! Впрочем, еве
го интегралниот запис од Атенај во врска со фрагментот од
драмата на Стратис (објавен во неговото дело "Deipnosophists"
VII книга, Loeb Classical Library; ISBN 0-674-99380-2; стр. 508).
Овде читаме:
"Според Стратис во неговата драма 'Македонци' некој
Атињанин поставил прашање за некое име што не Го знаел и
притоарекол:
'Но, што е тоа сфирена'?
Другите му одговориле:
'Bue, ο Атињани, неаја викате кестра. '
Го пренесуваме овој фрагмент и на англиски во превод на
Чарлс Бартон Галик (Charles Burton Gulick):

8
"Accordingly Stratus in his 'Macedonians', when some
Athenian asks the question as being ignorant of the name, and
saying:
"But, what is Sphuraena?"
The other replies:
"You, Ο Athenians, do call it cestra. " (Athenaeus.
"Deipnosophists" VII book, p. 508, Loeb Classical Library. Ова е
единственото целосно издание на делото од Атенај на англиски,
објавено во седум тома).
Еве тоа е тој фрагмент од Стратис. Гледаме дека ce работи
за само три кратки реченици, во кои Атињанинот поставува
прашање што значел зборот сфирена, a група луѓе му
одговориле дека тоа била риба, која Атињаните ја викале
кестра.
Меѓутоа никаде не пишува дека луѓето што му одговориле
биле Македонци! Сосема јасно читаме дека тие што му
одговориле овде ce наречени другите, без да биде посочена
нивната етничка припадност.
Впрочем, некои грчки историчари ова многу добро го
знаат и го признаваат. Спомнатиот американски историчар од
грчко потекло Елијас Капетанопулос, во својата веќе цитирана
книга, сосема јасно признава дека во фрагментот од драмата на
Стратис, воопшто не ce знае кој ја кажува оваа реплика. Овде
читаме:
" Постои реплика од Стратис од неговата драма
'Македонци', но не може да ce каже дека е македонска, затоа
што не ce знае кој ја изговара таа репли-ка. " (Капетанопуос,
цит. дело, стр. 7)
Практично, тврдењето дека дотичната реплика на грчки
била кажана токму од некој Македонец (а не како што пишува
во оригиналот дека била кажана од другите) претставува
безобѕирен фалсификат! Прв современ грчки автор кој
пошироко го промовираше овој фалсификат е историчарот М.
Сакелариу во своето дело " Македонија: 4000 Години Грчка
историја и цивилизација", поглавие за "македонскиот
дијалект"). Оттогаш, грчките историчари и

9
пропагандисти само го повторуваат овој фалсификат, па дури
истиот е застапен и во некои странски енциклопедии, каква што
е интернет енциклопедијата " Википедија" (Wikipedia, the free
encyclopedia, наслов: "Ancient Macedoiiian language").
При знаењето на сето ова, навистина несериозно изгледа
тврдењето на спомнатиот грчки професор Гербе-сиотис, кој за
драмата од Стратис пишува дека "еден Македонец објаснува
како разни зборови од апшчкиот дијалект биле нарекувани на
македонскиот дијалект ".
Очигледно дека Гербесиотис не го ни прочитал делото на
античкиот писател Атенај, туку само го препишал фалшливото
толкување на Сакелариу и притоа си додал нешто од себе. Ако
го прочитал делото од Атенај што го цитира, тогаш ќе знаел
дека таму воопшто не ce спомнати "разни зборови од атичкиот
дијалект, како биле нарекувани на македонскиот дијалект",
туку е спомнат само еден збор, и тоа име на некоја риба, за кое
не ce ни знае кој му го кажал на Атињанинот.
Податоците за овој грчки фалсификат треба што побргу да
бидат доставени до сите странски публикации на Интернет во
кои некоректно е пренесен и толкуван фрагментот од драмата од
Стратис заради нивно корегирање или барем информирање за
постоењето на овој фалсификат.

Сличноста на јазикот на Македонците и Епирците

Да го разгледаме и податокот за сличноста на јазикот


помеѓу Епирците и Македонците, кој исто така ce користи како
"аргумент" во полза на грчката теорија за јазикот на античките
Македонци. Спомнавме дека современиот грчки историчар
Елијас Капетанопулос го наведува сведоштвото од Плутарх од
Биографија за епирскиот крал Пир, од кое ce гледа дека Пир
добро ce разбирал со Македонците.

10
Веднаш ќе кажеме дека ваквото сведоштво на Плутарх во
целост го прифаќаме. Постојат и други аргументи во полза на
тврдењата дека постоела сличност помеѓу јазикот на
Македонците и на Епирците и тоа е факт. Меѓутоа, овој факт
нема никаква врска со тврдењето на грчките и прогрчките
автори, според кое, Македонците зборувале "грчки дијалект".
Очигледно е дека овие автори поаѓаат од хипотезата дека
Епирците зборувале грчки, па аналогно на тоа, и Македонците
зборувале грчки (штом меѓусебно можеле да ce разберат). Но,
тоа воопшто не е точно! Епирците не биле никакви Грци, па
оттаму тие и не зборувале грчки.
Во продолжение ќе наведеме неколку докази за негрчкиот
етнички карактер на Епирците. Притоа ќе ce послужиме со
истражувачкиот труд на британскиот воен историчар мајорот
Ардаг, објавен како официјален документ на владата на Велика
Британија во далечната 1881 година. Неколку години пред тоа,
новосоздадената грчка држава навестила свое територијално
проширување на Балканот за сметка на Отоманската империја.
Во тоа време Грција претендирала кон окупација на Епир,
тврдејќи дека во антиката тоа била "грчка територија". За да го
дефинира својот став кон овој потег на Грција, τ. е. за да види
дали и навистина Грција имала историско право врз Епир,
британската влада го ангажирала својот воен историчар мајорот
Ардаг, со цел да изготви историски труд (меморандум) во кој ќе
посочи податоци за етничкиот карактер на Епир во антиката.
Оваа задача Ардаг ја добил во 1880 година, a веќе во 1881 тој го
поднел својот извештај до британската влада.
Во меморандумот Ардаг цитира извадоци од делата на
сите антички автори, кои пишувале за етничкиот карактер на
Епир. Притоа мајорот Ардаг јасно заклучува дека Епир никогаш
во антиката не бил етничка грчка територија. Овој меморандум
е објавен во едицијата "Британски документи за
надворешните работи" ("British documents of foreign

11
affairs", Part I, Séries F, Europe 1848 - 1914, Vol. 14 "Greece. 1847
- 1914", University publications of America). Неговиот наслов е
"Меморандум за античките Граници на Грција" и истиот бил
примен во британската влада на 24 февруари 1881 година. Во
него мајорот Ардаг пишува:
"Бидејќи барањата на Грците за проишрување на
својата територија во извесна степен ce засновани врз
границите на античка Грција, сметаме дека истра-жувањето
на делата на раните грчки геоѓрафи ќе фрли извесна светлина
врз ова прашање. Поради тоа, ги побарав делата на сите
автори до кои можев да дојдам и од нив приложувам извадоци
на Грчки, заедно со нивниот превод.
Страбо, Скилакс, Дикеархус, Скомнус и Дионисис -сите
тае ce согласуваат дека територијата на Грција почнува од
Амбракискиот залив и завршува кај рекита Пена ".
Во продолжение мајорот Ардаг ги пренесува антич-ките
сведоштва во врска со не-грчкиот етнички карактер на Епир.
Овде читаме:
"СГшсокот. на бродовите во 'Илијадата', разнкте
сГшсоци со амфиктионските племиња, државите кои
учествувале во Пелопонеската војна, Гштувањата на
Анакарсис, описот на Грција од Павсанија и 'Историјата на
природата' од Плиние - ce извори кои го докажуваат овој
факт, било во позитивна било во негапшвна конотација.
Никаде не најдов доказ дека Епир бил Грчка територија,
освен големото пророчшите Додона кое, иако било почитувано
среде барбарите, било грчка институција, како и легендата
дека молосијанските (епирските, з.м.) кралеви потекнувале од
семејството на Еакидите. Кога Епир прв пат станал моќна
држава околу 280 година пред Христа, Грција веќе долго време
ce наоѓала под целосна власт на Македонците, α Γιο падот на
Македонската империја, по битката кај Пидна во 168 Година
пред Христа, Грција станала римска провинција во 148 година
пред Христа ".

12
Гледаме дека во овој дел од меморандумот Ардаг ја
спомнува и Македонија, која ги држела тогашните Грци под
долговремена окупација, a така било и во времето кога Епир
зајакнал како самостојна држава (3 век пред Христа).
Практично во тоа време територијата на денешна Грција била
"македонска земја", a не обратно.
Во продолжение мајорот Ардаг дава извадоци од делата
на спомнатите антички автори и тоа прво ги прене-сува во
оригинал, напишани на старогрчки, a потоа и во превод на
англиски јазик. Во продолжение на меморан-думот читаме:
"Извадоци од автори кои пишуваат за античките
граници на Грција.
СТРАБО: Племињата кои живеат од Амбракискиот
Залив кон исток и во продолжение на Пелопонез, ce Грчки...
Сите племиња коиживеат од реката Стримон, Па ce до
Понтскиот премин и Хемус, ce тракиски, освен брегот, ко] е
населен со Грци... Десно од влезош на Амбракискиот Залив
живеат Акарнијанците, кои ce грчко племе. Лево од нив ce
наоѓа Никополис и таму живеит Касопејците, кои ce епирско
племе. "
Од овој извадок гледаме дека Страбо јасно ги одделува
Грците од Епирците.
Во продолжение на Меморандумот, предадени ce
извадоци од делото на Скилакс. Овде читаме:
" СКИЛАКС: Од Амбракија Грција продолжува по
должината на брегот толку колку што досегнува реката
Пена... Од земјата на Магнесијанците Грција продолжува до
Амбракија. "
Практично и Скилакс, како и Страбо, дава ист опис на
етничката терторија на Грците. Магнесија ce наоѓала на
источниот дел од Теслаија (околу денешните градови Волос и
Лариса), додека Амбракија ce наоѓала источно од неа (јужно од
територијата на Епир).

13
Во продолжение на Меморандумот, предадени ce
извадоци и од делото на античкиот автор Дикеарх. Овде читаме:
"ДИКЕАРХ: Границите на Грција ги лоцирав во земјата
на Магнесијанците... Над Темпе, кон планината Олимп, ce
наоѓа земјата на Македонците".
Како коментар на пишувањата на Дикеарх, мајорот Ардаг
заклучува:
"Дикеарх... ги опишува Теспротијанците, Каони-јаните,
Молосијаните и населението во внатрешноста на Епир, како
барбарски племиња".
За етимологијата на терминот "барбари" (луѓе кои не
зборуваат грчки) ќе пишуваме во продолжение, a овде само ќе
констатираме сите епирски племиња Дикеарх ги сметал за
"барбари" (не-Грци). Патем, да спомнеме дека Дикеарх бил
грчки филозоф, ученик на Аристотел и современик на
Александар Велики Македонски.
Во продолжение на меморандумот читаме и други
податоци за не-грчкиот етнички карактер на Епир:
"ХОМЕР: Во списокот на бродови во Втората книга на
'Илијадата', Акарнанија, Етолија и Тесалија ce најсе-верните
спомнати области. Останатите ce: Беотија, Фокис, Локрис,
Евбеја, Атина, Саламис, Арѓос, Микена, Лаконија, Месенија,
Аркадија, Крит, Родос и други остро-ви. Овде Додона е
вклучена во Тесалија, a од зборовате 'оние кои замрзнаа во
студената Додона' произлегува дека таа ce наоѓала во
планините близу изворот на реката Пена, a не како што
пишуваат другите, во Епир".
Значи, според "Илијадата" единствената наводна "грчка
институција" во Епир (пророчиштето Додона) воопшто не ce
наоѓала во Епир, туку во Тесалија.
Во продолжение читаме:
"СОВЕТОТ НА АМФИКТИОНЦИТЕ: Советот на
Амфикпшонците прво бил сосема мал и него го сочинувале само
луѓето со кои командувал Девкалион, кои себеси ce нарекувале
'Хелени', според името на неговиот син.

14
Подоцна нивниот број ce зголемил на дванаесет. Нивните
имиња ce дадени од Есхин, Теопомп и Павсанија. Тоа ce
следните:
СПОРЕД ЕСХИН: Тесалијци, Беопшјци, Дорци, Јонци,
Перабејци, Магнети, Локријанци, Етени, Фтиоти, Малеанци и
уште едни чие име недостасува.
СПОРЕД ТЕОПОМП: Јонци, Дорци, Перабејци, Беотијци,
Магнети, Ахајци, Малеанци, Долопи, Енијци, Делфијанци,
Фокијанци и Фтиоти.
СПОРЕД ПАВСАНИЈА: Јонци, ДолоГш, Тесалијци, Енијци,
Магнети, Малеанци, Фтиопш, Дорци, Фокијанци, Локријанци
(Епикнемиди).
Ниту едно од овие племиња на живеело во Епир ".
Ова навистина е силен аргумент во полза на фактот за не-
грчкиот етнички карактер на Епир, a секако и на Македонија, но
и на други области, кои денешната грчка историографија ги
претставува како "грчки" во времето на антиката.
Но, да објасниме што значел "Советот на Амфиктион-
ците". Овој Совет (некаде опишан како "Лига"), бил соз-даден
кон крајот на 7 век пред Христа. За да дадеме објас-нување за
неговото создавање и намена, ќе пренесеме цитат од светски
познатата ЦД енциклопедија "Микрософт Ен-карта" (1998 год.
наслов Amphictyonic League), овде читаме:
"Амфиктионскиот Совет бил заедница од антич-ките
Грчки племиња и бил создаден за да ГО заштити храмот на
Деметар од Антела, во близина на Термо-пилите. Подоцна оваа
заштита била пренесена и на храмот. на Аполон во Делфи. На
почетокот тоа била религиозна орѓанизација, но подоцна
станала полгшшчки инструмент во интерес на нејзините
најмоќни членови. Дванаесетте членови на овој Совет ce
среќавале еднаш во шест месеци во Делфи али на Термопилите.
"
Значи, во овој Совет биле вклучени тогашните грчки
племиња заради заедничка заштита од околните моќни
непријатели (Персија, a подоцна и Македонија). И во него

15
немало ниту едно епирско племе, што укажува на фактот дека
ниту Епирците себеси ce сметале за Грци, ниту пак тогашните
Грци ги сметале Епирците за свои "сонарод-ници".
Значаен е и фактот дека списоците на грчките племиња
кои го сочинувале овој Совет ги дале тројца антички автори,
независно еден од друг.
Теопомп од Хиос бил историчар, кој живеел во 4 век пред
Христа.
Есхин бил познат оратор и тој исто така живеел во 4 век
пред Христа, што значи дека им бил современик на Филип
Втори и на неговиот син Александар Велики Македонски.
Павсанија, пак, бил историчар (роден во Лидија, денешна
Турција) и живеел во 2 век по Христа. Значи, ce работи за
тројца големи антички авторитети кои (исто како и други пред и
по нив) јасно тврделе дека Епирците не биле никакви Грци.
Во продолжение на меморандумот мајорот Ардаг пишува:
"ТЕРМОПИЛИТЕ. Следниот список кој фрла светлина
врз прашањето што ГО обработуваме е спи-сокот на силите
под команда на Леонидас во битката кај Термопилитв.
Tue ce наброени од Херодот, Павсанија и Диодор и тоа:
Пелопонезијци, Теспијанци, Тебанци, Фокијанци и Локријанци
(или Милесијанци).
Всушност сите тие живееле на помала територија во
однос на сегашните граници на Грција. "
Да дадеме коментар и за овој извадок, т.е. пасус од
меморандумот. Леонидас бил крал на Спарта, кој живеел во 5
век пред Христа. Тој останал запомнат по битката кај
Термопилите против моќната Персија. Имено, персискиот крал
Ксеркс Први извршил напад врз грчките градови-држави.
Грците ce обединиле и, под водство на спартанскиот крал
Леонидас, успешно им ce спротивставиле

16
на моќните Персијанци. Леонидас го одбранил преминот кај
Термопилите и ги поразил Персијанците, иако имал војска од
само околу седум илјади луѓе.
Она што е важно за нашево истражување е фактот дека
Херодот (кој прв ја опишал оваа битка), a подоцна и
историчарите Павсанија и Диодор, дале список на
припадниците на грчките племиња, кои учествувале во битката
кај Термопилите. Притоа, јасно ce гледа дека во овие списоци
не е спомнато ниту едно епирско племе.
Кога Ардаг пишува дека територијата на која живееле
грчките племиња, спомнати во овој список, речиси ce
поклопувала со "сегашните граници на Грција". тоа значи дека
тој ги имал предвид границите на државата Грција во негово
време (1880 година) кои, пред грчкото освојување на Епир и на
Тесалија. и навистина речиси целосно ce поклопувале со
вистинските етнички граници во кои живееле античките Грци.
Во продолжение на меморандумот следат сведоштвата од
Тукидид, за кого Ардаг пишува:
"ТУКИДИД: Во Втората книга на Пелопонеската војна
Тукидид дава список на државите кои учествувале од двете
завојувани страни. Tue ce:
Ha страната на Лакадемонците (Спартанците, з.м.) ce
бореле сите племиња од Пелопонез со исклучок на Аргивите и
А.хајците, потоа Магреанците, Локријанците, Беотијците,
Фокијците, Амбракиотите, Левкадијаниите и
Анакторијанците.
На страната на Атињаните ce бореле: Кијанците,
Лезбијанците, Платеанците, Месенијанците од Наупкат,
повеќето од Акарнијанците, Коркиреанците, Зткин-тијанците
и уште неколку острови и колонии.
Во продолжение Тукидид вели: Амфипол, синот на
Амфиарвас, ГО основал Аргос во Амфилохија на Амбра-кискиот
Залив, непосредно по завршувањето на Тројанс-ката војна.
Многу генерации подоцна, населението во градот станало
доминантно над Амбракијанците, кои

17
граничеле со Амфилохија и со нив станале еден народ. Tue им ïo
наметнале јазикот, кој сега го зборуваат, ш..е. Грчкиот јазик,
но остатокот од Амфилохијанците ce уште ce барбари. (Ова
било напишано околу 420 Година пред Христа).
Натаму, опшиувајќи ги силите под Кнемус Лакаде-
монецот (Спартанецот, з.м.) тој ги спомнува следните негови
сојузници, кои биле барбари: Каонијанците, Теспро-тијанците,
Молосијанците, Антитенијанците, Паравен-ците, Орестите
(сите жители на Епир). Tue биле поразени кај Стратос во
Акарнанија во 429 година пред Христа".
И овде гледаме дека историчарот Тукидид (5 век пред
Христа) ги нарекува "барбари" (луѓе кои не зборувале грчки)
племињата кои живееле во Епир. Меѓу нив го спомнува и
македонското племе Орести.Во продолжение на меморандумот
ce застапени извадоци од делото на Анакарсис:
" АНАКАРСИС. Патувањето во Грција во 357 година
пред Христа, Во поглавието 36 пишува: 'Освен грчките
колонии, кои ce наоѓаат во неколку области на Епир, во оваа
земја живеат уште 14 народи. '
И овој краток извадок е сосема дециден во однос на
негрчкиот етнички карактер на Епир. Анакарсис јасно пишува
дека во Епир во 4 век пред Христа имало неколку грчки
колонии, но дека доминантното население било составено од
четиринаесет "народи" (племиња). Секако дека тој нив не ги
сметал за Грци штом ги спомнува одделно од грчките колонии.
Во продолжение на меморандумот, читаме извадоци од
делото на Павсанија:
"ПАВСАНИЈА: Во 'Описот на Грција' Павсанија дури не
Го ни спомнува Епир, освен што алудира на приказната за
Додона и Молосијанците. "
И за овој краток коментар на Ардаг не е потребно
дополнително објаснување. Павсанија (кој рековме дека

18
бил историчар, роден во Лидија, денешна Турција и кој живеел
во 2 век по Христа), посветил особено внимание на
опишувањето на аничките градови на "Грција" и притоа ниту
тој не го спомнал Епир како "грчка територија".
На крајот од меморандумот, повторно следува комен-тар
на Ардаг, овојпат во врска со пишувањето на Плиние, за кого
пишува дека во своето дело "Историја на Природата" (четврта
книга) дал опис на границите на Епир и на народите што таму
живееле.
Денес, при знаењето на сите овие вредни антички
сведоштва за негрчкиот карактер на Епир, несериозно делуваат
тврдењата на многу денешни грчки и западни историчари,
според кои "Епир во историјата бил населен со Грци". Меѓутоа,
во не така далечното минато (конкретно во 19 век) ставот по ова
прашање бил сосема поинаков. Тогашната историографија
добро знаела дека Епир во антиката никогаш не бил "грчка
територија". Покрај меморандумот на мајорот Ардаг, како
илустрација, ќе наведеме и цитат од книгата "Историја на
Грција", објавена во Велика Британија во 1851 година, каде во
врска со етничкиот состав на Епир во антиката, читаме:
" Територијата што и припаѓала на Елада (или
продолжената Хелада, ако ги употребиме зборовите на
Скилакс и Дикеарх) ce сметала дека почнува од Амбракискиот
Залив. Оттаму на север до Акрокераунс-кото испакнување
лежи земјата која Грците ја вакаат Епир и која е населена со
Хаонците, Молосијаште и Теспротијаните, кои ce
детерминирани како Епирци и за кои ce смета дека не
припаѓаат кон грчката целина". ("History of Greece" by George
Gerote, Vol. II, third édition, London, John Murray, Albemarle
Street, 1851, стр. 282).
Да заклучиме. Нема сомнение дека Епирците и
Македонците зборувале сличен јазик, но и едните и другите не
биле Грци. Оттаму, целосно отпаѓа и овој "аргумент" што го
користат застапниците на прогрчката теорија за карактерот на
јазикот на античките Македонци.

19
Цшиашош од Тиш Ливиј

Да направиме осврт и кон извадокот од римскиот


историчар Тит Ливие (Titus Livius). кој во своето дело
"Историја на Рим" (книга 31, поглавие 29) напишал дека
Етолците, Акарнијанците и Македонците биле "луѓе со ист
јазик".
Тит Ливиј живеел од 59 година пред Христа до 14 година
по Христа. Тој (како Римјанин) оваа реченица ја напишал,
пишувајќи за преговорите помеѓу балканските народи со Рим во
времето на римското навлегување на Балканот (2 век пред
Христа), Ова значи дека тој пишувал за настан што ce случил
речиси век и половина пред неговото раѓање. За ваквото негово
тврдење можни ce две објаснувања.
Првото објасување го навестува самиот Ливиј, кој
објаснува дека во негово време Македонците во извесен дел
биле хеленизирани (што значи дека не биле Хелени. туку само
дека добар дел од нив го прифатиле јазикот коине, за што во
продолжение подетално ќе пишуваме).
Меѓутоа, и покрај тоа, Ливиј сосема јасно ги издвојува
Македонците од Грците. Во истата (31 книга, 44), пишувајќи за
омразата на Грците Атињани кон Македонците од времето на
Филип Петти и за нивната желба, со помош на Рим, да ce
ослободат од Македонците, Ливиј пишува:
"Атињаните и нивните сојузници... во секоја прилика
фрлаа клетвн врз Филип, врз неговото семејство и врз
неговото царство, врз неговите сили на копно и на море, како и
врз целата раса и име на Македонците. "
Ова сведоштво на Ливиј има далеку поголема тежина од
сведоштвото за сличноста на јазикот помеѓу Македонците,
Акарнијанците и Етолците. затоа што тој овде посочува на
етнички (расни) разлики помеѓу Македонците и Грците, за
разлика од јазикот кој може да биде менлива категорија.

20
Второто објаснување го наведуваме само како хипотеза за
која натаму треба да ce истражува со цел истата да ce оспори или
потврди. Имено, Акарнанија и Етолија граничеле со Епир, a за
Епирците веќе докажавме дека не биле Грци.
За етничкото потекло на Акарнијанците постојат
контроверзни мислења.
Видовме дека Страбо ги смета за "грчко племе", меѓутоа
Есхин, Теопомп и Павсанија не ги спомнуваат како Хелени во
Амфиктионскиот Совет, кој бил заедница на ïогашните грчки
племиња.
Ce чини дека најкоректно за етничкото потекло на
Акарнијанците пишува Тукидид. Веќе наведовме извадок од
неговото дело во кое тој тврди дека Акарнијанците (конкретно од
градот Аргос) биле мешавина помеѓу Хелени и "барбари" (луѓе
кои не зборувале грчки).
Постојат и ставови според кои Акарнијанците имале
тракиско потекло. Така, на пример, за мајката на Темистокле,
авторот Корнелиј Непа (Cornélius Nepos), напишал дела била
Акарнијанка. a Плутарх во својата Биографија за Темистокле
објаснува дека таа била Тракијка. (G. Sotiroff: "The Language of
Constantine the Greaf; Elementa nova pro historia Macedono-
Bulgarica; Regina, Lynn Publishing Co., Saskatchewan, Canada, 1986
p. 20).
Доколку ce пронајдат и други податоци за сродноета помеѓу
Акарнијанците и Тракијците (какви што бугарскиот историчар
Сотиров пишува дека постојат), тогаш еве одговор зошто Ливиј
тврдел дека Македонците и Акарнијанците зборувале сличен
јазик.
Ист е случајот и со Етолците. И за нив постојат антички
сведоштва според кои и тие биле луѓе кои зборувале поинаков
јазик од Грците. Во врска со ова познатиот антички историчар
Тукидид во своето дело "Пелопонеската војна" пишува:

21
"Евританијаните, кои ce најголемо племе во Етолија, зборуваат
на јазик, кој тешко може да ce разбере. (Thucydides:
"Peloponesian War" 3, 94).
Негрчкото етничко потекло (барем на дел од Етолците) е
потенцирано и во големиот "Речник на грчка и римска
географија", каде авторот, повикувајќи ce на пишувањата на
Страбо, во врска со населението на Етолија, пишува:
" Оригиналните жители на Етолија, ce смета дека биле
Куретите, кои, според некои податоци, дошле од Евбеја
(Страбо 10, 465)... Освен нив исто така ce спомнуваат и
Лелегите и Хијантите, од кои последните биле избркани од
Беотија (Страбо 322, 464). Овие три народа најверојатно
припаѓале на големиот народ Пелазги и тие не биле Хелени."
("Dictionary of Greek and Roman Geography", William Smith, LLD.
London. Walton and Maberly, Upper Gower Street and Ivy Lane,
Paternoster Row; John Murray, Albemarle Street, 1854. Овој речник,
како и сите овде цитирани дела од Вилијам Смит, ce користени од
нивната електронска верзија на Интернет, во која не ce посочени
страниците од хартиената верзија. Оваа електронска верзија е
достапна на: http://www.perseus.tufts.edu/cgibin/ptext?
doc=Perseus:text: 1999.04.0064).
Bo овој Речник читаме дека отпрвин Етолија ce викала
Куретис (според народот Курети), a првите грчки доселеници
дошле од Пелопонез, по што областа го добила името Етолија.
Сосема е јасно дека дел од овие предгрчки староседелци
(Пелазги) останале и подоцна да живеат во Етолија, па можеби
затоа Тит Ливиј запишал дека Етол-ците зборувале "ист јазик" со
негрчките Македонци.
Во прилог на ова е и пишувањето на Плиние во врска со
етничкото потекло на племето Тимфеи. На едно место тој пишува
дека ова племе било " етолско ", a на други дека било
"македонско". ("Dictionary of Greek and Roman Geography",
William Smith, цит. дело).

22
Говорош на Александар Први Македонски пред
Атињаните

Во прилог на прогрчката теорија за јазикот на ан-тичките


Македонци ce спомнува и говорот на Александар Први
Македонски пред Атињаните. Наводно тоа било "доказ"за
неговото "грчко потекло" штом можел да ce раз-бере со
Атињаните (Капетанопулос, цит. дело стр. 15).
Веднаш ќе кажеме дека во недостиг на сериозни
аргументи за својата теорија, грчките и прогрчките автори
(налик на давеник што ce фаќа и за сламка), прибегнуваат и кон
вакви несериозни тврдења.
Навистина не е јасно како можат врз основа на
обраќањето пред Атињаните од страна на Александар Први
Македонски (кој бил предок на Александар Велики
Македонски), тие да заклучат дека тој бил "Грк". Познато е дека
овој македонски владетел, во извесен период водел прогрчка
политика. во смисла на поддршка на Грците во нивната војна
против Персија. Оттаму, тој без сомнение го знаел грчкиот
јазик. Впрочем, заради својата поддршка на Грците тој бил
наречен "филхелен" (човек што ги почитува Грците), што е
уште еден доказ за неговото негрчко потекло.
Во врска со Александар Први Македонски треба да ce
знаат уште неколку факти. Честопати грчките и прогрчки
настроените историчари тврдат дека најголем доказ според кој
Александар Први Македонски наводно бил "Грк", бил фактот
што нему му било дозволено да учествува на Олим-писките
игри, на кои, било дозволено да учествуваат само Грците.
Меѓутоа, вистината била поинаква, a таа е сублимирана во
книгата на германскиот историчар Улрих Вилкен, кој во врска
со ова пишува:
"Александар Први Македонски чувствуваше симпатии кон
Грците и сакаше да учествува на Олимписките три, на кои
само Хелените имаа пристап, но прво беше одбиен како
барбарин, па мораше да го

23
докажува педигрето на својот дом, Аргеада, на Тераклид
Темен од Аргос, по што беше примен како натпреварувач.
Оттогаш кралевите на Македонија имаа третман на Хелени,
но, како и порано, тика и потоа, нивниот народ беше сметан
како варварски". (Улрих Вилкен: "Александар Македонски",
1931 год., во превод на македонски. Скопје, 1988 г. стр. 54).
Значи, учеството на Олимписките игри на Александар
Први воопшто не одело така лесно и било допуштено дури по
неговото упорно инстистирање и тоа со строго ограни-чување,
според кое, само македонските кралеви можеле да учествуваат
на Олимписките игри, додека нивниот народ (Македонците) и
натаму останале да бидат третирани како инаков народ
(барбари).
Но, некој можеби ќе забележи дека самиот Алексан-дар
Први сведочел дека потекнува од градот Apr на Пелопонез. Па,
зарем тоа не е доказ дека тој бил Грк? Ќе одговориме и на ова
прашање.
Како прво, градови по име Apг имало неколку во
тогашниот антички свет. Денес ce повеќе научници (влучувајќи
го и александрискиот историчар од 2 век Апијан) сметаат дека,
иако Александар го спомнал Apг на Пелопонез како град на
своето потекло, тоа всушност ce однесувало на Apг Орестикон
(близу денешно Рупишта, гратче што ce наоѓа по горниот тек на
р. Бистрица во Ма-кедонија). Ова значи дека Александар Први,
сакајќи по секоја цена да учествува на грчките Олимписки игри,
најверојатно го измиелил своето грчко потекло од Пелопо-нез.
Денес поголем број научници ce согласуваат со оваа теорија и
сметаат дека тој си бил Македонец, со потекло од Македонија,
но за да му дозволат да учествува на грчките Олимписки игри,
намерно им рекол на Грците дека потек-нува од Пелопонез, т.е.
дека и самиот е Грк.
Оваа теорија (за потеклото на Александар Први од
Македонија, a не од Пеолопонез) ја застапуваат токму голем
број грчки историчари!

24
Така, на пример, грчкиот археолог Алики Стујанаки во
Воденското периодично списание "Едесаика хроника" (мај-
август, 1972, стр. 18) пишува дека првата позната династија на
Македонците нема потекло од Apr на Пело-понез, туку од Apr
во македонската област Орестида и дека повеќето грчки
истражувачи ја прифаќаат оваа теза. Овде читаме:
"Помладите нстражувачи на историјата оформија две
различни Глвдишта: едни дека Аргос, како место за потеклото
на Аргеадите е на Пелопонез... a другите тврдат дека Аргос е
во Орестида (област во Македонија, з.м.) како што објаснува и
Апијан. Последниве ce повеќе и поверодостојни".
(Подвлекувањето е мое, з.м., цит. според Христо Андоновски,
"Јужна Македонија од античките до денешните Македонци"
Скопје, 1995 стр. 12).
Впрочем, кај овој македонски цар забележана е уште една
лага. Имено, тој изјавил дека победил на Олимписките игри на
кои учествувал, a неговото име воопшто го нема во списокот на
победниците.
Конечно, некои современи истражувачи. со право сметаат
дека и на тогашните Грци им одговарало да го признаат
Александар Први (но само него, a не и маке-донскиот народ!)
како "Грк", поради тоа што Македонија им била потребна како
евентуален сојузник против континуираната закана од моќната
Персиска империја. (Подетално кај: Артур Вајгал: "Александар
Македонски", во превод на македонски, Скопје,1992).
Од друга страна и на Александар Први Македонски целта
му било што повеќе да биде присутен во грчкиот свет, иако
соработувал и со Персија. Неговата сестра била мажена за
висок персиски достоинственик, поради што, за време на грчко-
персиските војни, Александар Први играл улога на преговарач
меѓу завојуваните страни (што е детално опишано кај Херодот),
кој бил, ту на едната, ту на другата страна. Дури отпрвин тој
бил на страната на Персијанците, но ноќта пред битката помеѓу
Перисјанците

25
и Грците кај Платеја, тој наеднаш ce свртел на страната на
Грците и поради тоа го добил прекарот "фалхелен" (љубител на
Хелените), што исто така сосема јасно зборува дека тој не бил
никаков Хелен, туку странец кој ги почитувал Хелените.
Подоцна, токму тој започнал презентирање на грчката култура
во Македонија (без да навлегуваме во анализа колку и таа грчка
култура била автентична, a колку настанала како резултат на
влијанието на постарите народи).
Да заклучиме дека Александар Први Македонски, како
симпатизер на Грците во нивната војна против Персија,
очигледно добро го знаел грчкиот јазик и затоа Атињаните
можеле да го разберат.

Истоветноста помеѓу македонските и


атичките зборови

Да го разгледаме и тврдењето на грчките и прогрчките


автори, според кое, јазикот на кој зборувале античките
Македонци бил сличен на атичкиот грчки дијалект. Овие автори
потенцираат дека ова можело да ce согледа од фактот што во
двата говора имало голем број слични или идентични зборови.
Во врска со ова ќе кажеме дека Грците и Македонците
биле соседни народи и нема ништо чудно во своите јазици да
прифаќале зборови од јазикот на својот сосед. Ова не ce
случувало само во историјата, туку ce случува и денес. He
постои народ во чиј говорен јазик (барем во пограничните
области) нема зборови од јазикот на своите соседи. Спомнатиот
бугарски историчар Сотиров ce чини со право пишува дека
Тракијците од Грците прифатиле во својот јазик извесен број
зборови поврзани со морето (затоа што Грците биле поморски
народ), но Грците од Тракијците прифатиле зборови поврзани
со обработката на земјата. Македонците, пак, прифаќале грчки
зборови поврзани со

26
некои цивилни и воени институции, но и Грците прифаќале
зборови од јазикот на Македонците.
Дури (според релевантни антички сведоштва) Грците биле
тие кои повеќе примале зборови од Македонците. a не обратно.
Доказ за ова е сведоштвото на спомнатиот антички автор Атенај
од Наукрат. Тој јасно потенцирал дека токму атичките
(атинските) автори примале зборови од Македонците.
Пишувајќи за постоењето на туѓи зборови во грчкиотјазик,
Атенај пишува:
"Знам исто така дека многу атички писатели
користат македонски идиоми како резултат на големото
меѓусебно влијание помеѓу Атика и Македонија.
("Deipnosophists" III., Loeb Classical Library, William Henemann,
London p. 201).
Потсетуваме дека Атенај (родум од Наукрат во Египет, a
живеел претежно во Рим во 2 и 3 век по Христа) бил еден од
најплодните автори на антиката, кој зад себе оставил вредни
сведоштва (иако најголем дел од неговите дела не ce зачувани).
Како добар познавач на јазикот и литературата тој пишувал и за
влијанието на туѓите јазици во грчкиот јазик.
Ова сведоштво на Атенај е важно и од еден друг аспект, a
тоа е дисперзијата на зборовите од античко-маке-донскиот јазик
во останатите јазици. Античко-маке-донскиот јазик не оставил
свое влијание само во околните јазици (грчките дијалекти и
други), туку имал влијание дури и врз латинскиот јазик. Ова не
е чудно, ако ce знае дека Римјаните со посебно внимание ce
однесувале кон Македонија, откако паднала под нивна
окупација. Голем број Римјани престојувале и живееле во
Македонија, но и значаен број Македонци живееле во Рим.
Во познатиот "Речник на грчката и римска гвог-рафија"
(објавен во Лондон во 1854 година). иако македонс-киот јазик, е
наречен "дијалект", потенциран е фактот дека во него имало
зборови, кои ги немало во грчкиот јазик, a ce задржале во
латинскиот јазик. Овде читаме:

27
"Bo македонскиот дијалект постојат... неколку зборови
кои не ce среќаваат во грчкиот, но останале зачувани во
латинскиот јазик." ( » Dictionary of Greek and Roman
Geography", William Smith, LLD. London. Walton and Maberly,
Upper Gower Street and Ivy Lane, Paternoster Row; John Murray,
Albemarle Street. 1854).
Истото го тврди и грчкиот истражувач од влашко етничко
потекло Георгиос Цапанос. Правејќи анализа на зборовите од
јазикот на античките Македонци, тој пишува:
"Постојат педесет зборови од античко-маке-донскиот
јазик, кои ce сосема исти со латинските зборови." (Elephteria
Mantzouka Syson/Georgios Tsapanos "Latin in Greece before
Romans", Forum on the 414 University Hall 230 North Oval Mall,
Columbus, Ohio 43210-1319 USA omega. cohums. ohio-
state.edu/mailingJists/CLA-L/1998/1 l/0402.php).
Сето ова може само да значи дека Римјаните ги примиле
овие зборови директно од јазикот на античките Македонци.
Можеби еден од овие зборови е и често среќаваното латинско
име Flavius, кое доаѓа од латинсиот епитет "flavius"? Бугарскиот
историчар и лингвист Сотиров, смета дека ова латинско име
Римјаните го превзеле од Балканот. Ваквото тврдење може да
има основа ако ce земе предвид значењето на ова име и епитет,
кое гласи "русокосиот". Во македонскиот јазик дијалектна
форма на "русокосиот" е токму епитетот "плавиот" (а слично е
и во други словенски јазици). Сметаме дека постои семантичка
идентичност и изговорна сличност помеѓу зборовите "флавиус"
и "плавиот". Во продолжение ќе наведеме и други вакви
примери.
Во врска со прифаќањето на туѓи зборови во јазикот на
античките Грци, постои сведоштво и од Платон (Plato). Bo
своето дело "Кратилус" тој пишува:
"Грците, посебно во земјите кои ce под влијание на
барбарите, позајмија од нив многу барбарски зборови". (Plato
"Cratylus", електронско издание во превод на англиски:
http://classics.mit.edu/Plato/cratylus.html).

28
Потсетуваме дека Македонците, Епирците и Тракијците
биле најблиските "барбарски" народи во однос на Грците, што
значи дека токму од нивните јазици тие прифаќале зборови.

Антички наративни сведоштва


за засебноста на македонскиот јазик

За разлика од неколкуте неубедливи сведоштва за


наводниот "грчки карактер" на јазикот на античките
Македонци, кои ги наведовме, постојат извесен број антички
сведоштва, кои сведочат во прилог на теоријата за засебноста
на јазикот на античките Македонци.
Доказ за засебноста на македонскиот јазик има во еден
фрагмент од папирус. за кој ce смета дека претставува дел од
изгубеното дело под наслов "' Историја на наследниците" од
античкиот грчки историчар Аријан (Lucius Flavius Arrianus
Xenophon, кој живеел од околу 92 до 175 година по Христа). Во
овој папирус (PSI XII. 1284), спом-ната е една епизода од
македонската историја во која е јасно потенцирана засебноста
на македонскиот јазик. Овде читаме дека секретарот на Филип и
на Александар Маке-донски. по име Евмен (цитат): "...испратил
напред еден човвк, по име Ксение, кој зборувал македонски..." за
да преговара со Македонската војска на Неоптоломеј. Овој
настан ce случил околу 321 година пред Христа.
Инаку, Аријан напишал и биографија за Александар
Велики Македонски, која денес ce смета за најстарата целосно
зачувана биографија за овој славен македонски војсководител.
Во оваа биографија Аријан на повеќе места ги потенцира
разликите помеѓу Македонците и Грците (за што имаме
пишувано во претходните книги). Овде само ќе потсетиме на
описот на битката кај Ис, во која на страната на Персија ce
бореле илјадници Грци. Аријан пишува дека во оваа битка
најжестокиот судир бил токму помеѓу

29
Македонците и Грците, a главна причина за тоа, покрај другото,
била големата омраза помеѓу овие два народа. Во врска со ова
Аријан пишува:
"Почнала жестока борба. Дариевите Грци ce бореле со
цел da Ги потиснат Македонците назад кон реката и да ги
задржат позициите на своето лево крило... Судирот беше
уште повеќе загорчен поради старото расно ривалство
помеѓу Грците и Македонците". (Arrian: "The Campaigns of
Alexander", во превод на Aubrey De Selincourt, Pengiun books,
USA, 1987, цит. дело, стр. 119, подвлекувањето е мое).
Вредни сведоштва за засебноста на јазикот на античките
Македонци дал и грчкиот антички историчар Плутарх (Mestrius
Plutarch, кој живеел од 45 до 120 година по Христа).
Во својата биографија за Евмен (Eumenes), опишувајќи го
појавувањето на Евмен пред македонските војници, Плутарх
запишал:
"При првото видување на нивниот омилен генерал,
војниците Го поздравија на македонски јазик, заѕвечија to
оружјето и со силни повици Го предизвикаа непријателош да
нападне, сметајќи дека тие ce непобедливи додека тој беше на
чело. "
(На англиски: "...On the first sight of the general of their
heart, the troops saluted him in the Macedonian language, clanked
their arms, and with loud shouts challenged the enemy to advance,
thinking themselves invincible while he was at their head."
("Eumenes" by Plutarch 14,10, translated by John and William
Langhorne. Електронска верзија на: http://www.attalus.org/old/-
eumenes.html. Патем, Џон Лангхорн живеел во 18 век. Бил
познат англиски поет, a преводот на делата од Плутарх го
направил заедно со својот брат Вилијам. Овој превод ce појавил
во 1770 година, значи преку половина век пред појавата на
грчката држава).
Плутарх го спомнува македонскиот јазик и во
својата биографија за Марко Антоние. Познато е дека по

30
смртта на Александар Велики Македонски неговата империја ce
распаднала, a со нејзините делови останале да владеат неговите
врвни војсководители. Така, на пример, неговиот војсководител,
другар од детството (а според некои извори и полубрат)
Птолемеј Први останал да владее со Египет и некои околни
земји. Тој ја основал династијата Птолемеи, која останала да
владее со Египет и по неговата смрт. Најпознат потомок на оваа
македонска династија е славната египетска кралица Клеопатра
Седма. Во Биографијата за Марко Антоние, Плутарх посветува
поголем простор на ликот на Клеопатра. Притоа тој индиректно
споменува дека нејзиниот мајчин јазик бил македонскиот.
Плутарх пишува:
"Беше вистинско задоволство да ce слуша звукот на
нејзиниот Глас со кој, како инструмент. со многу жици, таа
преоѓаше од еден јазик во друг, така што, имаше само неколку
барбарски народи со кои разговараше преку преведувач, додека
со поголемиот дел од нив таа дирвктно разговараше. Такви
беа: Етиопјаните, Троглодите, Евреите, Арапите, Сиријците,
Медите, Партијците и многу други, чии јазици таа ги научи.
Тоа беше уште поизненадувачко затоа што повеќето од
нејзините предци кралеви одвај ce мачеа да го научит
ешпетскиот јазик, a некои од нив прилично го запоставија и
македонскиот (на англиски "Macedonian", a во
оригиналот на грчки: Μακεδονιζειν)". {"Antony" by Plutarch, во
превод на англиски од драматургот John Dryden, кој живеел од
1631 до 1700 год. Еелктронска верзија на овој превод на:
http://classics.mit.edu/Plutarch/antony.html).
Ова многу значајно сведоштво од Плутарх ни зборува
дека мајчиниот јазик на Птолемеите бил токму маке-донскиот
јазик. Гледаме дека, според Плутарх, некои од нив (веројатно
поради политички причини) го запоставувале македонскиот
јазик на сметка на заедничкиот јазик коине (за кој ќе пишуваме
во продолжение). Но, Плутарх не пи-

31
шува такво нешто и за Клеопатра, што значи дека таа си го
задржала својот мајчин македонски јазик.
Пред да поминеме на останатите сведоштва за засебноста
на јазикот на античките Македонци, ќе направиме осврт кон
прогрчките толкувања на досега презентираните сведоштва од
Аријан и од Плутарх. Овие толкувања ce однесуваат и на
останатите сведоштва за засебноста на јазикот на античките
Македонци, кои во продолжение ќе ги наведеме.
Во оригиналниот текст (на старогрчки) Аријан во
спомнатата "Историја на наследниците" ги употребил
зборовите "μακεδονιζων τη φωνή" (македонизон те фоне), a
кај Плутарх употребени ce зборовите:
"μακεδονιστι τη φωνή" (македонисти те фоне) во Биогра-
фијата за Евмен и " μακεδονιζειν" (македонизеин) во
Биографијата на Марко Антоние. Грчките и прогрчки
настроените историчари велат дека изразите "македонизон те
фоне", "'македонизеин" и "македонисти те фоне" не значеле
"македонски јазгис", туку значеле "македонски начин на
зборување" (нешто налик на лаконскиот начин на зборување и
сл.). Така, на пример Капетанопулос, коментирајќи ги
наведените сведоштвата на Аријан и на Плутарх, откако прави
паралели со слични такви сведоштва од делата на други автори,
пишува:
"...Може да ce каже дека 'македонисти' или 'македо-
низон' попрво укажуваат на македонски начин на зборување,
отколку на 'македонски јазик', како што некои сметаат ".
Меѓутоа, наспроти ваквото тврдење, гледаме дека изразот
"македонисти те фоне" од страна на англиските преведувачи
на Плутарх Џон и Вилијам Ленгхорн, сосема прецизно на
англиски е преведен како "Macedonian language " (македонски
јазик).

32
Па, какво е и навистина значењето на старогрчките
изрази: "македонисти те фоне", " македонизеин" и
"'македонизон те фоне"!
Нема сомнение дека зборовите "македонисти", "маке-
донизеин" и "македонизон" ce придавки со значење "маке-
донски" (со што, впрочем, ce согласува и Капетанопулос). Значи
останува уште да го утврдиме значењето на именката
φωνή(фоне) за да видиме што точно значеле термините
"'македонисти те фоне" и "македонизон те фоне".
Во познатиот античко-грчкоанглиски речник од авторите
Лидел и Скот под наслов "Lidded and Scott Greek-English
Lexicon" (Ninth Edition, 1996) сосема јасно пишува дека, освен
значењето "говор, глас", именката "сроне", значела токму -
јазик!
Како доказ за ова Лидел и Скот приложуваат фрагменти
од делата на неколку старогрчки автори, каде е употребена оваа
именка со значење "јазик".
Така, на пример, во драмата од Есхил (Aeschylus) под
наслов "Агамемнон" (ред. 1051), во една реплика
Клитеместра вели: αγνωταφονην βαρβαρον (agnôta phônên
barbaron, во превод "непознатиот 'фонен' барбарски", т.е.
"непознатиот јазик барбарски"). Очигледно е дека во оваа
реплика именката "фонен" означува токму "јазик". конкретно
јазикот на "барбарите" (луѓето кои не зборувале грчки). Нема
логика да тврдиме дека именката "фонен" овде би значела
"звук", затоа што во таков случај репликата би гласела:
"непознатиот звук барбарски", a тоа е бесмислено.
И во драмата под наслов "Libation Bearers" Есхил исто
така именката "фонен" ја употребил со значење за "јазик". Во
една реплика (ред 563), Орест (Orestes), го споменува: "de
phônên hêsomen Parnêssida" ( јазикот на Парнас").
Ист третман на именката "фоне" имал и Еврипид
(Euripides). Bo својата драма "Орест" (Orestes), во 1397 ред,
Еврипид ги спомнува барбарите од исток и за нив вели дека

33
зборувале на "Asiadi phonai" (на англиски овие зборови во
Речникот на Лидел и Скот ce преведени како "Eastern tongue",
т.е. " источен јазик").
И историчарот Тукидид (Thycudides) ја употребувал
именката "фоне" со значење за "јазик". Пишувајќи за јазикот на
Химера во своето дело "' Пелопонеската војна" (6, 5,1), тој
запишал:
"Јазикот {phone, з.м.) бил мешавина од халкидиски ц
дорски". (Според англискиот превод, објавен во речникот на
Лидел и Скот, цит. дело).
Многу интересен е примерот со Ксенофон (Xenophon). Bo
своето дело "На лов" (Kunegetikos, On Hunting, 2,3). Касенофон
пишува:
" Чуварот на мрежата мора да баде човек со изразен
интерес за работа, мора да зборува Грчки, да биде на возраст
од околу дваесет години, да биде агилен и силен... " (Според
англискиот превод од Речникот на Лидел и Скот, цит. дело).
На старогрчки, зборовите "грчки јазик" Ксенофон ги
запишал како φονην Ηλληνα (phonen Hellena).
Ακο ce потсетиме на претходните сведоштва, каде ce
употребени изразите "македонисти те фоне" и "македонизон
те фоне", ќе ја согладеме тенденциозноста на застапниците на
прогрчката теорија за јазикот на античките Македонци. Имено,
од една страна тие сметаат декатерминот "македонисти те
фоне" значел "македонски начин на зборување", a од друга
страна тврдат дека речиси истиот овој термин "фонен Хелена",
значел "зборува грчки (јазик)". Значи, според нив, кога именката
"фоне(н)" стои крај придавката "македонски" тогаш таа има
едно значење (наводно: "начин на зборување"), a кога стои крај
придавката "грчки", тогаш значи "јазик" (!?). Коментар на ова не
е потребен.
И филозофот Платон (Plato) недвосмислено ја користел
именката "phonen" со значење за "јазик". Во еден

34
извадок од своите дела (според англискиот превод од
Речникот на Лидел и Скот, цит. дело), тој пишува:
"Ке кажеме ли пред да го научиме јазикот (φωνην) на
странците, дека не ги слушаме додека зборуваат или дека ние
и слушаме и знаеме што тие велат?" (Plato, Cratylus,
Theaetetus, Sophist, Statesman, 163b).
Секако дека постојат и други примери во делата на
античките автори, во кои именката "фоне'\ недвосмислено е
употребена со значење за "јазик ".
Што ce однесува до придавката " μακεδονιζειν"
(македонизеин) употребена во Биографијата на Марко Антоние,
очигледно е дека и таа ce однесува на "македонски јазик".
Доволно е да ce погледне во каков контекст е дадена. Имено,
Плутарх оваа придавка ја спомнува во ист контекст со јазиците
(а не со дијалектите, говорите, звуците и сл.) на други народи со
кои Клеопатра директно комуницирала. (Евреи, Арапи, Меди...).
Тој јасно пишува дека таа ги научила "нивните јазици", за
разлика од нејзините предци, кои го запоставиле дури и
"македонскиош. ".
Постојат и други сведоштва од Плутарх во врска со
засебноста на македонскиот јазик. Некаде околу 75 година по
Христа, врз основа на постари дела, Плутарх напишал
биографија на Александар Македонски. Во оваа биографија
(глава 53), опишувајќи една расправија помеѓу Александар
Македонски и еден негов пријател, Плутарх запишал:
"Александар... рипнал на нозе и почнал на маквдонски да
ги довикува своите штитоносци, што беше знак за голема
вознемиреност". (Плутарх: "Александар Македонски", во превод
на македонски, Скопје, 1994).
Ова сведоштво всушност ce однесува на настанот кога
Александар помислил дека животот му е загрозен од неговиот
другар Клит со кого ce расправале во пијана состојба. Во еден
миг Александар помислил дека Клит сака

35
да го нападне, па ги повикал своите телохранители
(штитоношци) да го заштитат. Плутарх јасно пишува дека тој
нив ги повикал на македонски јазик.
За да го објасниме значењето на ова сведоштво од
Плутарх, потребно е прво да укажеме на неколку моменти.
Познато е дека официјален јазик во Македонската империја (па
и во војската) за време на македонската доминација бил јазикот
коине. Тоа бил мешан јазик, создаден од елементи од извесен
број јазици од народите кои биле во Македонската империја.
Освен зборови од грчките дијалекти, во јазикот коине имало
зборови и од маке-донскиот јазик, но и од други јазици. Овој
јазик Александар го вовел заради практични причини.
Веројатно тој бил свесен дека ќе наидел на голем проблем и
отпор доколку ce обидел сосила да го наметнува на разните
народи во својата империја не многу познатиот стар македонски
јазик.
Значи, коине бил еден вид мешан (заеднички) јазик, кој
бил форсиран и подоцна од македонските династии како
универзален јазик во земјите со кои владееле, исклучиво заради
полесна комуникација помеѓу различните народи.
Денес научниците сметаат дека јазикот коине всушност
бил еден вид есперанто во тоа време. Како илустрација за ова ќе
го спомнеме пишувањето на д-р Чарлс Френсис Потер, кој
инсистира на фактот дека јазикот коине не бил никаков "чист"
грчки јазик. туку дека бил еден вид есперанто - мешавина од
повеќе тогашни јазици. Во врска со ова д-р Потер пишува:
"...Коине (мешавина од различни јазици)... настанал
како резултат. на освојувањата на Александар Македонски на
тогашниот познат свет. Коине... бил заеднички или
универзален јазик на тоа време, еден вид есперанто, што ce
употребувал во конверзацијата, во комерцијалата и во
пишувањето со ввкови пред и Γιο првиот век по Христа... " (Dr
Charles Francis Poter: "The Lost Years of Jesus Revealed"; A
Fawcett Gold Medal Book, Published by Ballantine Books, 1962,
1958, CBS Publications, стр. 40).

36
Уште подециден е српскиот црковен историчар
Веселиновиќ, кој во врска со карактерот на јазикот коине, уште
во 1908 година, запишал:
"Јазикот коине треба да ГО разликуваме од стариот
класичен грчки јазик. Тој бил создаден во времето на
Александар Велики како заеднички јазик за сите народи во
Македонското царство. Бил наречен и како: заеднички или
Александриски дијалект, бидејќи главно ce развивал во
Александрија. На тој јазик било преведено Светото Писмо во
времето на Птолемеј Филаделф... " (С. М. Весе-линовиќ:
"Лекције из Светог Писма - Законске књиге Староѓ Завета",
Београд. Нова штампарија Давидовиќ. Дечанска 14,1908 год.
стр. 17-18).
Значи, да заклучиме дека Александар со своите
војсководители и војска (во која, иако доминирале
Македонците, имало и голем број Грци, Тракијци, Евреи и
припадници на други народи). официјално комуницирал на
јазикот коине.
Но, кога во еден миг, помислил дека неговиот живот е во
опасност, тој инстинктивно проговорил на својот мајчин јазик,
т.е. на јазикот што најпрво го научил во животот и што најдобро
το познавал, a тоа бил македонскиот јазик. Ваквото негово
реагирање е целосно во склад со човековата психологија и
сигурно дека така би реагирале голем број луѓе кога би ce
нашле во слична состојба. Неговата инстинктивна и миговна
реакција, за време на која тој, така да ce каже, практично немал
време да размис-лува како да ја склопи реченицата за
повикување помош на туѓиот јазик коине, и знаејќи дека
неговите телохранители ce исто така Македонци (факт е дека
Александар во своето најблиско окружување имал претежно
Македонци), е недвосмислен доказ за тоа каков бил неговиот
мајчин јазик.
Дека античките Македонци зборувале на засебен
македонски јазик сведочи и латинскиот историчар Квинтиј
Куртиј Руср (за кого не ce знае кога точно живеел - некои

37
сметаат дека живеел пред Христа, a други дека живеел во 1
векпо Христа).
Позната е случката кога било судењето на Маке-донецот
Филота, кој подготвувал заговор за убиство на Александар
Македонски. Заговорот бил откриен и Филота бил јавно
испрашуван лично од страна на Александар.
Квинтиј Куртиј Руф, опишувајќи ја оваа случка, сосема
јасно запишал дека Македонците зборувале на засебен јазик.
Тој дури цитира и изјава на самиот Александар Македонски, во
која, тој, обрнувајќи им ce на Македонците во прво лице
множина, го споменува (цитат): "мајчиниот и нашиот јазик".
Александар му ce обрнал на Филота со зборовите:
" Cela тебе ќе ти судат Македонците. Te прашувам:
дали ќе им ce обратиш на мајчиниот јазик! "
Филота одговорил одречно, со образложение дека, освен
Македонци, имало присутни и припадници од други народи. На
тоа, Александар им рекол на присутните Македонци:
"Еве, Гледате ли? До таму ли дошол Филота, та да ce
гнаси од мајчиниот јазик?... Но, нека зборува како што сака, a
eue спомнете eu дека тој подеднакво ce отуѓил и од нашите
обичаи и од нашиот јазик". (Quintus Curtius Rufus, "De Rebus
Gestis Alexandri Macedonis'',VI, 10; Квинтиј Куртиј Руф:
"Историја на Александар Македонски", во превод од латински
на д-р Љубинка Басотова: Скопје, 1998 година, стр. 272).
Но, Филота не останал рамнодушен на овие обвинувања,
па во својот одговор, рекол:
"Мене ми ce префрла што одбивам да зборувам на
мајчиниот јазик и дека сум ce грозел од обичаите на
Македонците. Значи така јас му ce заканувам на кралството,
што го презирам? Но, уште порано, оној родниот јазик, беше
напуштен во општењето со другите народи, па така и
победниците и победените требаше да

38
учаш еден шуѓ, сшрански јазик. "(К.К.Руф, цит. дело. стр. 274).
Сепак, во обвинувањата против Филота ce вмешал
Александровиот војсководец Болон, кој, меѓу другото, го
обвинил Филота дека (цитат): "...иако бил Македонец, не ce
срамувал, преку преведувач, да ги ислушува луѓето шшо
зборувале на неговиотроден јазик".
И оваа случка е толку јасна во однос на постоењето на
засебниот македонски јазик, што никаков коментар не е
потребен. Исто така, од овој опис гледаме дека дел од
Македонците, поради практични причини (поголема мож-ност
за општење со другите народи и сл.), го користеле и туѓиот
јазик коине, иако меѓу себе, и натаму си зборувале на мајчиниот
македонски јазик.
Гледаме дека за време на судењето на Филота му било
забележано од страна на Александар затоа што не сакал на
Македонците да им ce обрати на "мајчиниот јазик".
Филота, пак, го обвинил Александар за воведувањето на
јазикот коине, па рекол дека македонскиот јазик одамна бил
запоставен, така што сега и победниците (Македонците) и
поразените (Грците, Персијанците и другите народи кои
потпаднале под македонска власт) требало да го учат овој нов
јазик.
На ова ce вмешал Болон, кој го обвинил Филота дека, иако
бил Македонец, додека ја имал власта. комуницирал со
Македонците преку преведувачи. Ова е извонредно важно
сведоштво и доказ дека во тоа време мнозина Македонци
воопшто не го знаеле јазикот коине, па кога сакале некому да му
ce обратат. тоа го правеле преку преведувачи. Филота, иако го
знаел македонскиот јазик, не сакал да ги слуша Македонците на
својот јазик, туку инсистирал нив-ните зборови нему да му ce
преведуваат на јазикот коине.
Во врска со засебноста на јазикот на античките
Македонци постојат и други сведоштва.
На еден натпис во Македониј a од 212 година по Христа
девојчето Нике било запишано дека припаѓа на

39
"φωνε μακεδόνικη" (на семејство кое "зборувало
македонски"). (Капетанопулос, цит. дело, стр. 17).
Посебниот македонски јазик (а не дијалект) го -спомнува и
познатиот римски филозоф Сенека (роден во 4 година пред
Христа, a починал во 65 година по Христа). Во своето дело "De
consolatione ad Helviam", 7,1), Сенека пишува за наследството
што го оставил Александар Македонски Велики во Азија. Во
врска со ова читаме:
"Зошто денес среќаваме грчки градови во самоТо срце на
земјите на барбарите? Од каде маквдонскиот јазик среде
Индијците и Персијанците?
Ова сведоштво ce однесува на познатиот факт дека
Александар Македонски Велики во дел од земјите што ги
освоил оставил извесен број Македонци и Грци, кои таму
останале да живеат. Дури и денес има луѓе од тие краеви кои
еебеси ce сметаат за потомци на војската на Александар
Македонски.
За засебноста на јазикот на античките Македонци имаме и
посредни наративни антички сведоштва.
Познато е дека големиот атински говорник Демостен во
своето дело "Филипики" за Филип Втори Македонски ја дал
следната навредлива изјава:
"Филип, тој човек не само што не е Грк, туку и нема
ншито заедничко со Грците. Барем да беше барбарин од некоја
пристојна земја - но тој не е ни тоа. Тој е некакво шугаво
суштество од Македонија - земјата од која не можеш да
доведеш ниту роб што барем нешто вреди. " (Демостен:
"Втора Филипика").
Ce поставува прашањето: зошто Демостен го нарекол
Филипа "барбарин"? Што значел овој збор во антиката?
Научниците ce речиси едногласни кога тврдат дека именката
"барбарин" во антиката главно ce однесувала за луѓе кои
зборувале на неразбирлив јазик за Грците (луѓе кои
"барборат") со доза на потценување кон нивната култура.
Практично, сите народи кои не зборувале грчки.

40
Грците ги нарекувале "барбари", додека помеѓу себе Грците си
ce нарекувале "ксенои".
Ова толкување на зборот "барбари" денес е прифатено од
поголемиот број историчари. Само како илустрација, ќе го
наведеме пишувањето на авторката Ема Стафорд, која во својата
книга "Античка Грција, живот, митови и уметност", во врска
со значењето и етимологијата на овој збор, пишува:
" Грчкиот јазик бил основен за Грците за да можат
себеси да ce дефинираат како поинакви од барбарите, на чиј
ба-ба-ба јазик им ce потсмевале. "(Ema J. Staford: "Ancient
Greece, Life Myth and Art"; Great Britain, 2004, ISBN 1-84483-044-
6, цит. според Јанко Томов: "Античката историја на
Македонија и на Балканот во делата на западните автори",
Бризбејн, Австралија, 2005, стр. 72).
Познатата американска историчарка д-р Синдја Сиднор
Словиковски, еве како го објаснува значењето на терминот "
барбарин " :
"Терминот 'барбарин' ce однесувал на нешто спро-тивно
на терминот 'Хелен' во антиката и имал три глав-ни значења
кај авторите: неинтелигентен, странски и не-грчки...
Антитеза не Хеленот е барбаринот."'(Ό-ΐ Synthia Syndor
Slowikowski: "Sport and Culture in the Ancient Macedonian Society,
The Pensylvania State University, 1988 стр. 30).
Конечно и самите антички грчки автори пишувале што
подразбираат под терминот "барбари". Децидно сведоштво за
ова дал познатиот атински драмски автор Аристофан (живеел
околу 448 - 385 година пред Христа). Во својата драма "Птици"
(напишана во 414 година пред Христа), во врска со
"барбарите", Аристофан напишал:
"ДОЛГО време престојував со нив и ги учев da зборуваат,
иако порано тие беа барбари".
Овде јасно ce гледа дека терминот "барбари" за античките
грчки автори значел "луѓе кои не зборуваат грчки", т.е. луѓе кои
не ce Грци.

41
Впрочем, постојат огромен број сведоштва до антич-ките
грчки автори, во кои тие го употребуваат терминот "барбари" за
припадниците на разни азиски, африкански, но и европски,
народи и ова е сосема добро познато. Оттаму, доколку, на
пример, припадниците на некој далечен азиски народ биле
наречени како "барбари" само затоа што не збо рувале грчки,
сосема иста е суштината за употребата на истиот овој термин и
во однос на Македонците. He може терминот "барбари"кога ce
однесува за Македонците да има едно значење, a за сите други
не-грчки азиски. афри-кански и европски народи да има друго
значење. Ова го потенциравме затоа што денес некои грчки и
прогрчки нас-троени автори ce обидуваат да ја потценат
изјавата на Де-мостен, во која тој Македонците ги квалификува
како "бар-бари", неубедливо трудејќи ce да објаснат дека тој
Маке-донците не ги сметал за инаков народ од Грците, туку
дека квалификувајќи ги како "барбари", само сакал да ја
"омало-важи нивната култура", заради "политички причини" и
сл.
Демостен не бил единствениот Грк, кој ги детер-минирал
Македонците како "барбари", т.е. народ со не-грчко потекло. И
античкиот грчки автор Тразимах (Thrasymachus) во 5 век пред
Христа во својот говор за Ларисјаните, го нарекол македонскиот
крал Архелај како "барбарин" во однос на Грците Ларисјани
(Тукидид 2,8,1 и Климент Александриски 6.2.17). Притоа
Тразимах рекол:
"Зарем ние како Грци, ќе му бидеме робови на Архелај
барбаринот? "
Македонците ce наречени "барбари" од страна на Гр-ците
и во Лексиконот "Суда" (пишуван од неколку антички и
средновековни автори, за што во продолжение подетално ќе
пишуваме). Овој Лексикон, покрај десетиците илјади зборови,
содржи и бројни извадоци од текстови на антички (претежно
грчки) автори.
Во толкувањето на зборот "каусија" (вид македонска капа,
за што во продолжение исто така подетално ќе пишуваме), во
"Суда", непознатиот антички грчки автор

42
пишува дека тоа била "вид барбарски покривач за главата".
Поради фактот што во науката е добро познато дека оваа капа
била создадена и најмногу практикувана токму од
Македонците, јасно е дека и овој антички грчки автор ги сметал
Македонците како "барбари".
Античкиот грчки автор Исократ (Isocrates), кој живеел од
436 до 338 година пред Христа и кој бил современик на Филип
Втори Македонски, исто така јасно напишал дека Македонците
не биле Грци, т.е. не зборувале грчки. Во своето дело "Филип"
(346 година пред Христа), во повикот што го упатил до
македонскиот крал Филип Втори, Исократ, во врска со овој
македонски крал, запишал:
" ...Неѓовото владеење беше од прилично различен
карактер од другите, бидејќи само тој (Филип Втори, з.м.)
помеѓу Хелените тврдеше дека владее над нирод од
нероднинскараса..."(Isocrates "Philippus", 5.108).
Значи Исократ јасно ги нарекол Македонците како народ
кој бил "нероднинскараса" во однос на Грците.
И граматичарот Хесихиј ги опишал Македонците како
"барбари". Во описот за значењето на зборот сариса (долго
копје на Македонската фаланга), тој запишал дека го користеле
"барбарите Македонци" (За Хесихиј и за неговото дело
пишуваме подетално во продолжение).
Веќе го наведовме сведоштвото од Тукидид (5 век пред
Христа), кој во своето дело "Пелопонеската војна" (втора
книга) за припадниците на македонското племе Орести (кои
живееле во близината на денешниот град Костур) запишал дека
биле "барбари".
Тоа беа позначајните антички наративни сведоштва за
засебноста на античко-македонскиот јазик. Каракте-ристично за
овие сведоштва е тоа што биле давани од разни автори во разни
временски периоди. Некои од овие автори и самите ce дружеле
со античките Македонци, па сосема добро знаеле на каков јазик
зборуваат тие.
Што ce однесува до третманот на јазикот на античките
Македонци од страна на современите автори, сметам дека

43
нема потреба од негово подетално презентирање. Ова поради
фактот што само сведоштвата на античките автори, т.е. оние кои
живееле заедно со античките Македонци, тре-ба да бидат
признати како релевантни, за разлика од ста-вовите на
современите автори кои понекогаш (како што видовме) можат
да бидат и дневно-политички обоени. Се-пак, ќе кажеме дека
мнозинство современи истражувачи ги прифаќаат сведоштвата
на античките автори и сметаат дека македонскиот јазик бил
засебен во однос на грчкиот. Некои истражувачи, пак, сметаат
дека среде античките Македонци во тоа време превладувале два
дијалекти во нивниот јазик и дека оние антички Македонци кои
живееле во близина на Грците (Хелените) користеле извесен
број грчки зборови, за разлика од оние Македонци кои живееле
по на север, во внатрешноста,чиј јазик бил целосно
неразбирлив за Грците.
Кога сме кај зборовите со "грчки корен", ce поставува
прашањето колку овие зборови и навистина биле грчки, a колку
биле зборови од постарите балкански пред-грчки народи. Освен
тоа да ce потсетиме и на сведоштвото на античкиот грчки автор
Атенај, кој запишал дека Грците биле тие кои примале зборови
од јазикот на античките Македонци. Поради тоа прашање е
какво било вистинското потекло на заедничките зборови што ги
имало во македонс-киот и во грчкиот јазик.
Во продолжение ќе наведеме поголем број од зачува-ните
зборови од јазикот на античките Македонци со некои
размислувања во врска со нив, но пред тоа да споменеме нешто
за изворите од кои ги презедовме овие зборови.

Лексиконот на Хесихиј

Во македонската јавност е малку познато дека постои


значителен корпус од повеќе десетици зборови од јазикот на
античките Македонци, кои ce објавени на едно место.
Ce работи за Лексиконот на Хесихиј (Hesychius). Пред да
дадеме објаснување за значењето на овој Лексикон, да

44
кажеме нешто за неговиот автор Хесихиј. Ce смета дека тој
живеел во 5 век во Александарија и најверојатно имал грчко
етничко потекло. Главно ce занимавал со собирање на зборови
од античките јазици и дијалекти, кои нему му ce чинеле
интересни. Co текот на времето создал еден огромен лексикон
во кој ce застапени околу 51.000 зборови.
Во Католичката енциклопедија изнесени ce прет-поставки
дека основа на овој Лексикон всушност бил некој постар
лексикон, кој содржел зборови од античките јазици и кој
настанал во првиот век по Христа, a Хесихиј само го дополнил.
("The Catholic Encyclopedia", Volume V//Copyright © 1910 by
Robert Appleton Company Online Edition Copyright © 2003 by K.
Knight наслов: Hesychius).
За животот на Хесихиј денес малку ce знае. Познато е дека
тој бил паган. Неговиот лексикон во некои светски
енциклопедии е претставен како "грчки лексикон". Таков е
примерот со енциклопедија "Британика", но и на неколку други
места. Меѓутоа, ваквото претставување на овој Лексикон не
одговара на фактите и истото претставува тенденциозно
искривување на вистината во полза на грчката пропаганда.
Најдецидна негација на "грчкошо" детерминирање на овој
Лексикон е самата негова содржина. Точно е дека во него
најмногу ce застапени зборови од разни дијалекти на тогашниот
грчки јазик, но освен нив, Хесихиј презентира и зборови од
други јазици. Тој има цело поглавие кое носи наслов
"Зборови од народите"
[ΓΑΩΣΣΑΙ ΕΘΝΙΚΑΙ) и во ова поглавие среќаваме извесен број
зборови и од други јазици: персискиот, тракискиот, египетскиот,
индискиот и други. Под посебен наслов во ова поглавие ce
опфатени и зборови од јазикот на античките Македонци.
Во склад со ова, во светски познатата енциклопедија "
Колумбија" {The Columbia Encyclopedia, Sixth Edition. Copyright
© 2001 Columbia University Press, наслов: Hesychius of
Alexandria) сосема коректно е презентирана вистината

45
според која, Лексиконот на Хесихиј нуди податоци за, макар и
сосема мала, реконструција на некои загубени јазици. меѓу кои
посебно е потенциран јазикот на античките Македонци. Овде
читаме:
"Хесихиј од Александрија живеел во 5 век и бил
граматичар од Александрија. Познат е како составувач на
непроценлив лексикон од необични зборови и изрази што ce
појавувале во грчките текстови. Материјалот бил собиран од
специјални области (на пример медицина и сл.) од пишувањата
на постари поети, како и од разни дијалекти и јазици. Овој
лексикон претставува извор практично на целиот материјал
што сега е достапен за некои од исчезнатите јазици, како што
е случајот. со античко-македонскиот јазик. "
Интересно е да спомнеме дека содржината на Лексиконот
на Хесихиј до денес ce уште не е целосно презентирана пред
светската јавност. Овој Лексикон во ракопис ce чува во
Венеција само во еден примерок. Дел од овој Лексикон за прв
пат бил објавен дури во 1514 година, но денес ова издание
претставува вистинска реткост. Во 1953 година, германскиот
научник Курт Лате (Kurt Latte) под покровителство на Данската
академија од Копенхаген објави дел од овој Лексикон. Овој дел
е објавен во два тома (вториот том постхумно во 1966 година).
Но, во овие два тома објавени ce само зборовите од буквите
алфа до омикрон. Ова практично значи дека Лексиконот на
Хесихиј ce уште не е објавен во својата интегрална верзија.
големото богатство од зборови и тајните што ги содржи овој
Лексикон за античките јазици ce уште не ce достапни за
пошироката светска јавност. Во 1987 година Данската академија
го задолжи научникот Петер Алан Хансен (Peter Allan Hansen)
да го заврши објавувањето на овој Лексикон и според нашите
последни сознанија, неговата работа ce уште е во тек.

46
Македонскише зборови во Лексиконош на Хесихиј

Во Лексиконот на Хесихиј сите предадени зборови


педантно ce подредени по азбучен ред и истите ce система-
тизирани според различни класификации на кои ce посве-тени
посебни поглавија. Така, на пример, постојат поглавија кои ce
однесуваат на: зборови од јазиците на разни народи; зборови од
литературните дела на разни автори; зборови поврзани со
животинскиот свет; зборови од топонимијата; зборови повзрани
со пијалоци и храна; лични имиња и т.н.
Што ce однесува до зборовите од античкиот македонс-ки
јазик, тие ce предадени во неколку поглавија и наслови (барем
според материјалот што ни беше достапен, a кој, пак ќе
повториме, не е целосен).
Во поглавието "Зборови од народите", спомнавме
дека постои посебен наслов кој гласи ΜΑΚΕΔΟΝΕΣ
(МАКЕДОНСКИ). Во овој наслов по азбучен ред предадени ce
вкупно 130 зборови.
Освен ова, постои поглавие под наслов "INDEX
SCRIPTORUM IN HESYCHIO ALLATORUM" во кој ce заста-пени
(според Хесихиј - интересни) зборови што ги корис-теле разни
антички автори. Авторите ce наредени по азбу-чен ред, a еден од
нив е Америј Македо (Amenas Macedo). Од неговите дела
Хесихиј издвоил вкупно дваесет античко-македонски зборови,
од кои, дел ce застапени и во прет-ходно спомнатиот наслов со
зборови од македонскиот јазик.
Постојат наслови и во кои е презентирана античко-
македонската топонимија, како и дел од личните имиња.
Сите зборови во Лексиконот на Хесихиј ce презен-тирани
со грчко писмо (за кое ce знае дека Грците го прев-зеле од
Феникијците), a кратките коментари ce на јазикот коине и на
латински.

47
Лексиконот "Суда"

Извесен број зборови од јазикот на античките Македонци


ce запишани и во претходно спомнатиот голем лексикон "Суда"
(Suidas). Тоа всушност е комбинација помеѓу лексикон и
енциклопедија, која била создадена од византиските учени во 10
век, чиј идентитет останал непознат. Во "Суда" ce застапени
околу 30.000 зборови со детални биографски, историски и
лингвистички инфор-мации, главно во врска со античките
автори.
Познато е дека во антиката постоел историчар што ce
викал Суда (Suidas), кој е спомнат во делата на Страбо.
Аполониј од Родос и Стефан Визант, но тешко може да ce
верува дека токму овој Суда е автор на истоимениот лексикон-
енциклопедија, кој бил објавен како целина дури во 10 век. Ова
поради фактот што во овој лексикон-енциклопедија ce
застапени и податоци пишувани по времето на Стефан Визант.
Ce разбира дека постои веро-јатност и дека овој лексикон бил
напишан од античкиот автор Суда, но подоцна бил значително
дополнуван.
Зборовите во лексиконот "Суда" ce класификувани по
азбучен ред. Овде ce застапени зборови што биле запишувани
во делата на античките автори, но има и голем број лични
имиња и топоними. Застапени ce и коментари во врска со
презентираните зборови, од кои добар дел ce извадоци од
антички текстови, но не секогаш е предаден нивниот извор.
(Повеќе детали за овој голем лексикон-енциклопедија кај:
William Smith: "A dictionary of Greek and Roman biography and
mythology". London; John Murray, 1873, BO електронска верзија
достапен на: .
tufts.edu/cgibin/ptext?doc=Perseus%3Atext%3A1999.04.0104).

Македонскиот граматичар Америј

Извесен број зборови од јазикот на античките Македонци,


спомнавме дека останале запишани и од

48
античкиот македонски граматичар Америј (Amenas). За овој
автор постојат само посредни податоци. Ce прет-поставува дека
живеел во 3 век пред Христа. Тој напишал
голем зборник што бил наречен "Γλοσσαι" (Зборови), a подоцна
напишал уште еден. Мал дел од неговиот труд останал сочуван
во Лексиконот на Хесихиј, a еден збор од неговиот Лексикон е
зачуван и во " Суда ".

Други античко-македонски автори

Познати ce имињата и на други античко-македонски


автори, кои иако пишувале или на грчки или на коине,
најверојатно употребувале и зборови од својот античко
македонски јазик. За постоењето на овие автори и дела кај нас
многу малку ce знае.
Еден од нив бил македонскиот историчар Критон од
Пиерија. За овој историчар постои запис во "Суда", каде
читаме:
"Критон од Пиерија (Пиерија е град во Македонија). Тој
напишал историја за Палена, за основањето на Сиракуза,
историја на Персија, Историја на СицилИја, Опис на Сиракуза
и на Империјата на Македонците". ("Суда ", Капа, 2453, цит.
дело).
Друг познат македонски историчар бил Марсија од Пела.
Во Лексиконот "Суда" има објавено кратки податоци за
Марсија, каде меѓу другото, пишува дека тој бил "брат на
Антигон, кој подоцна станал крал" ("Суда", My, 227). Некои
истражувачи сметаат дека дека тој всушност бил полубрат на
Антигон Први (околу 382 - 301 година пред Христа).
Во ''Речникот на Грчки и римски биографии и
митологија" од Вилијам Смит (William Smith: "A dictionary of
Greek and Roman biography and mythology". London. John Murray,
1873) BO врска со овој македонски историчар читаме:

49
"Марсија, син на Периандер, родум од Пела во
Македонија, бил современик на Александар со кого, според
Суда, заедно ce школувал... Негово главно дело било 'Историја
на Македонија' во десет книги, почнувајќи од најраните
времиња, преку војната на Александар во Азија, па ce do
враќањето на монархот во Сирија, По осво-јувањето на
Ешпет и основањето на Александрија. Тој бил постојано
цитиран од Атенај, Плутарх, Харпо-кратион и други автори...
"
Интересен осврт кон делото на Марсија е објавен во
"' Речникот на историјата на идеите" ("The Dictionary of the
History of ideas" Electronic Text Center; PO Box 400148;
Charlottesville VA; Maintained by: The Electronic Text Center at the
University of Virginia Library, © 2003). Овде читаме:
"... Помеѓу историчарите кои пишувале за Алек-сандар
имало и еден Македонец аристократ, кој ce викал Марсија од
Пела и бил припадник на една од најстарише и
најблагороднички семејства. Тој пишувал за царот од сосема
поинаков аспект. Покрај неговата историја за Александар, тој
исто така напишал и Историја на Македонија, која почнувала
од митолошкиот период. Денес не е зачувано многу од
неговата работа, но од она што го имаме ce гледа дека
Марсија ги припишувал неверојатните достиГнувања на
царот, не толку на неговата лична генијалност, колку на
каракшерот на Македонскиот народ. Неговото дело било
најтемелиата патриотска историја од тоа време. "
Познати ce имињата и на други античко-македонски
историчари. Од голем дел од нив денес има сочувано пишан
материјал. Меѓутоа, за најголем дел од нашата исто-риографија,
нивните имиња ce непознати. Дури кај нас во дел од науката ce
уште владее стереотипот дека наводно имало многу малку
зачувано пишани дела од античко-македонски автори. Но, тоа
не е сосема точно, a причината за ваквото мислење веројатно
лежи во фактот што делата од овие античко-македонски автори
и навистина ce многу

50
тешко достапни. Нив ги нема на интернет, a одвај дали ги има и
по библиотеките (за разлика од голем број дела на старогрчки и
други антички автори). Всушност, добар дел фрагменти од
оригиналните историски дела напишани од античките
македонски историчари, ce наоѓаат во приват-ната колекција на
германскиот професор Феликс Јакоби (1876 - 1959). Тој бил
професор по класична филологија во Киел од 1907 до 1935
година. Во 1939 година ce преселил во Оксфорд, каде
продолжил со работа. Во текот на својата кариера успеал да
собере неколку илјади фрагменти од оригинални текстови од
антички автори кои ce co непроцен-лива вредност. Меѓу нив ce
наоѓаат и фрагменти од делата од најмалку петнаесет антички
македонски историчари. Македонската етничка припадност на
овие историчари ce препознава според придавката
"Македонецот" на некои од нив или според името на
македонскиот град од кој потекнуваат.
Постојат и неколку стотици антички историчари. чии дела
ce сочувани во колекцијата на овој професор, но чии имиња не
ce етнички (па ни географски) детерминирани. Сосема е
веројатно дека и некои од нив исто така биле етнички
Македонци. но тоа засега не може да ce утврди.
Оние историчари за кои со сигурност можеме да кажеме
дека биле Македонци (чии дела ce застапени во оваа збирка) ce:
Анханг Македонецот (Anhang Makedonien, бр. 776 во
Збирката).
Антигон Македонецот (Antigonus Macedo, бр. 775 во
Збирката).
Антиох Егеецот (Antiochus Aegaeus, бр. 747 во Збирката).
Антипатер Македонецот (Antipater Macedo, бр. 114 во
Збирката). Тоа всушност е еден од генералите на Александар
Македонски Велики, кој служел уште на неговиот татко Филип
Втори. Антипатер ce родил околу 397 година, a починал во 319
година пред Христа. Во

51
лексиконот "Суда" (алфа, 2703), покрај неговата кратка
биографија, пишува дека тој бил ученик на Аристотел и дека
објавил компилација на писма во два тома, како и една историја,
во која ги опишал активностите на Пердика среде Илирите.
Аристон од Пела (Ariston Pellaeus. бр. 201 во Збирката).
Бардесан од Едеса (Bardesanes Edessenus, бр. 719 во
Збирката).
Кратер Македонецот (Crateras Macedo, бр. 342 во
Збирката).
Лео од Пела (Leo Pellaeus, бр. 659 во Збирката).
Марсија од Пела (Marsyas Pellaeus, бр. 135 во Збирката).
Тоа всушност е Марсија за кого пишувавме. Практично дел од
неговата "Историја на Маквдонија" денес ce наоѓа токму во
оваа тешко достапна приватна збирка.
Марсија од Филипи (Marsyas Philippeus, бр. 136 во
Збирката).
Менелај Егеецот (Menelaus Aegaeus, бр. 384 во Збирката).
Нимф Хераклеецот (Nymphis Heracleensis, бр. 432 во
Збирката).
Филип од Амфипол (Philippus Amphipolitanus, бр. 280 во
Збирката).
Поле Егеецот (Polies Aegaeus, бр. 705 во Збирката).
Птолемеј, синот на Лаг (Ptolemaeus Lagus). Извадоци од
неговата Историја ce зачувани под број 138 во Збирката на
професорот Јакоби. Птолемеј всушност е познатиот генерал,
другар од детството (а според некои извори и полубрат) на
Александар Македонски Велики, кој воедно ја основал и
Птолемејската династија во Египет. Оттаму постоењето макар и
на фрагменти од неговите оригинални записи во оваа збирка
претставува непроценлива вредност. (Патем речено, во
моментот на пишувањето на овие

52
редови, правиме напори за добивање на сите материјали од
збирката на проф. Јакоби).
Освен фрагменти од делата на античко-македонските
историчари зачувани во Збирката на професор Јакоби, постојат
дела и од други македонски автори, кои денес ce наоѓаат во
разни музеи, библиотеки и приватни збирки. Некои од овие
автори ce:
Јован од Стоби (Joannes Stobaeus). Bo "Суда" (јота, 466)
во врска со овој автор читаме дека напишал Антологија во
четири книги, која ја посветил на својот син. Практично Јован
бил еден од ретките познати автори од северно-македонското
племе Пајонци, a своето второ име го добил според градот
Стоби. Ce смета дека тој бил христијанин или барем дека
неговите родители биле христијани. Тој собрал фрагменти од
текстови од раните антички автори, кои педантно ги сложил. За
неговите дела најмногу дознаваме од пишувањата на античкиот
автор Фотиј (Photius), додека голем дел од нив не е зачуван.
Полјен (Polyenus). Bo "Суда" (Пи, 1956) во врска со овој
автор читаме:
" Бил од Македонија a бил реторичар. "
За овој античко-македонски автор ce знае дека живеел во
средината на 2 век по Христа. Претежно живеел во Рим. каде
работел како адвокат, a ce занимавал и со реторика. Негово
најпознато дело било "Стратегика" {Strategical кое
обработувало делови од воената стратегија и кое главно било
засновано врз пишувањата на постари автори. Ова дело било
објавено во осум тома. (Подетално кај: Harry Thurston Peck
"Harpers Dictionary of Classical Antiquities", New York. Harper
and Brothers. 1898).
Дамај (Damaios). Toj бил античко-македонски поет и
живеел во Солун на крајот од 2 век пред Христа. Зачувана е
неговата поема со митолошка содржина, посветена на демонот
Озирис.
Посидип (Posidippos). Bo веќе спомнатата книга од Хари
Турстон (Harry Thurston Peck "Harpers Dictionary of

53
Classical Antiquities", New York. Harper and Brothers. 1898,
наслов: Posidippos), во врска со Посидип читаме:
"Посидип бил еден од најеминентнате поети на Новата
комедија во Атина. Бил роден во Касандреа во Македонија... "
Посидип е спомнат и во Лексиконот "Суда" (Пи, 2111).
Таму читаме дека татко му ce викал Киниск и дека Посидип ја
објавил својата прва драма три години по смртта на Менандер
(3 век пред Христа), како и дека напишал вкупно триесет драми.
Од неговите дела сочувани ce само фрагменти.
Антифан (Antiphanes). Toj бил македонски поет и живеел
во 1 век пред Христа. Сочувани ce девет негови епиграми.
(Harry Thurston Peck: "Harpers Dictionary of Classical
Antiquities", New York, Harper and Brothers, 1898, наслов:
Antiphanes).
Персес (Perses). И тој бил македонски поет, за чии дела
сведоштво оставил Мелеагер во своето дело "Гарланд". Во
насловот на еден од своите епиграми Персес ce нарекол себеси
"Македонец". Нема податоци за времето во кое живеел. (William
Smith: "A dictionary of Greek and Roman biography and
mythology", London, John Murray, 1873, наслов: Perses).
Македониј (Macedonius). Овој македонски поет е спомнат
во "Суда" и живеел во доцната антика (времето на Јустинијан).
Сочувани ce четириесет и три негови епиграми, во кои
превладувала еротска содржина. (William Smith: "A dictionary of
Greek and Roman biography and mythology", London, John Murray,
1873, наслов: Macedonius).
Тимолај (Timolaos). Овој поет е спомнат во "Суда" (тау,
626). Тимолај останал познат и по тоа што ја обработил
"Илијадата" од Хомер, во која вметнал свои зборови.
Зоил (Zoilos). Bo Лексиконот "Суда" (зета, 130) во врска
со Зоил читаме:

54
"Од Амфипол. Амфипол е град во Македонија кој
оригинално ce викал Енеа Одои. "
Во продолжение читаме дека тој бил реторичар и
филозоф, кој им ce потсмевал на делата на Хомер, поради што
не бил многу популарен. Овде читаме и дека тој напишал текст
против поезијата на Хомер, a напишал и една Историја
(веројатно на Македонија, з.м.). која почнувала од раѓањето на
боговите, па ce до времето на Филип Втори Македонски (кога и
самиот Зоил живеел). Напишал и девет говори, потоа еден
полемичен текст со Искорат, како и други дела, од кои не е
сочуван ниту еден фрагмент. Зоил е спомнат во делата на
неколкумина антич-ки автори и од нив останале познати само
насловите на неговите дела и темите што ги обработувал.
Федрус (Phaedrus). Bo книгата од Хари Турстон Пек под
наслов "Харперовиотречник на класични старини". во врска со
овој автор читаме:
"Федрус бил римски писател на басни во спшховп. Бил
роден во Македонија во областа Пиерија. Рано дошол во Рим
како роб, каде ce стекнал со знаења за римскати литература
уште додека бил дете". (Harry Thurston Peck "Harpers
Dictionary of Classical Antiquities", New York, Harper and
Brothers, 1898, во електронска верзија достапен на:
http://www.perseus.tufts.edu/cgi-bin/ptext?doc=
Perseus%3Atext%3A 1999.04.0062 наслов: Fedrus).
Bo продолжение читаме дека Федрус (кој живеел во 1 век
по Христа) бил ослободен од ропството благодарение на Август.
Практично тој бил прв кој во римската литература ги вовел
басните. Меѓутоа, поради своето странско потекло, не бил
многу прифатен среде Римјаните, a неговите патрони веројатно
и самите биле ослободени робови. Денес е зачуван значаен дел
од пет негови книги. Хари Турстон Пек го смета Федрус за
генијален баснописец, кој оставил влијание и врз развојот на
средновековните басни.

55
Филип Македонецот (Philip the Macedonian) и Филип од
Солун (Philip of Thessalonica). За овие двајца античко-
македонски автори предадени ce податоци во " Речникот на
грчка и римска биографија и митологија"(William Smith "A
dictionary of Greek and Roman biography and mythology", London,
John Murray, 1873).
Обајцата ce занимавале со пишување на епиграми, од кои
некои ce сочувани до денес.
Нумениј (Numenius). Toj бил лекар и ce занимавал со
пишување медицински трудови. Бил цитиран и од Целзус.
Потекнувал од Хераклеја и веројатно живеел во 4 или 3 век
пред Христа. Напишал поема за риболовот. (William Smith "A
dictionary of Greek and Roman biography and mythology", London.
John Murray, 1873, наслов: Numenius).

Освен наведениве, имало и други античко-македонски


автори. Без разлика на тоа што нивните дела биле пишувани на
туѓ јазик, сосема е можно дека во нив имало вметнато и зборови
од јазикот на античките Македонци. Меѓутоа, не сме сигурни
дали некој досега во светот ова го има истражувано од нивните
оригинални текстови.
Инаку, античко-македонски зборови ce среќаваат и во
делата на други антички автори од не-македонско потекло
(Елијан, Атенај и други) за што во продолжение ќе пишуваме.

Епиграфско наследство

Да кажеме нешто и за епиграфското наследство. Можеби


изненадувачки за неупатените ќе делува фактот дека не постои
ниту еден натпис на грчки јазик на територијата на цела
Македонија, кој датира од 5 век пред Христа, т.е. од времето
пред првите посериозни контакти помеѓу Македонците и
хеленската култура. Знаеме дека

56
стари натписи на грчките дијалекти ce пронајдени многу
поодамна од 5 век пред Христа на територијата на денешна
Грција, но такви натписи во Македонија - нема! Како доказ за
ова ќе споменеме повеќе сведоштва на грчки археолози.
Грчкиот професор Пецас во својата статија под наслов
"Едно свинче патешественик" пишува дека не е пронајден ниту
еден грчки натпис од постариот антички пе-риод во
Македонија. (Подетално за оваа статија кај: Христо
Андоновски: "Јужна Македонија од древните до денеш-ните
Македонци", Скопје, 1995 год., стр. 19).
Истото го пишува и познатиот грчки археолог
Андроникос, кој вели:
"Многу сум несреќен што во Вергина не пронајдов
никаков натпис од петтиош век". (Христо Андоновски, цит.
дело).
Овој факт е признат дури и на официјалната веб-страница
на Интернет на Министерството за култура на Република
Грција. Во врска со најстарите познати натписи на грчки во
Македонија, овде читаме:
"Досега најстарите антички пшиани примероци во
Македонија ce натписите на вазните кои датираат од
втората половина на шестиот век пред Христа. Овие
натписи главно биле донесени од колонистите од јужниот
дел на Грција, кои ce доселиле на брегот на Македонија, a
посебно на Халкидик. " (Hellenic Ministry of Culture, наслов:
Macedonia/Early

Inscriptions;
http://alexander.macedonia.culture.gr/6/64/cpright.html).
Како дообјаснување на овој цитат, ќе спомнеме дека и
навистина на брегот од Македонија извесно време имало
извесен број грчки колонисти и колонии, кои таму егзистирале.
Овде малку ќе ce оддалечиме од темава. за да спомнеме еден
факт кој денес не е многу популаризиран во грчката
историографија. Имено, во времето на Филип Втори, познато е
дека дошло до ширење на границите на Македонија. Една од
првите мерки што Филип Втори ја презел во тој правец било
анектирањето на атинските

57
колонии на територијата на Македонија, т.е. нивното
приклучување кон матичната држава. Филип Втори насила
влегол во овие градови од каде ги избркал грчките колонисти
да-се вратат назад на територијата на денешна Грција, a оние
кои пружиле отпор, ги ликвидирал или ги продал како робје.
Ова е сосема добро познато во историографијата. Само како
илустрација, ќе наведеме извадок од книгата на современиот
историчар Артур Вајгал, кој го опишува однесувањето на
Филип Втори Македонски кон грчките колонии на македонска
земја:
"Во 349 Година п.н.е. Филип повторно тргнал со својата
војска на Халкидик, на источната страна на Солунскиот
Залив, каде ја продолжил својата политика на задушување на
бунтовите на грчките населби. Го повикал Олинт, Главниот
град на овие колонии, конечно да ce предаде... Но, осигурувајќи
ја помошта од Атина, овој Град ги затворил портите пред
Македонците a пружал отпор ce do 348 или 347 година п.н.е.,
кога златото на Филип изнудило предавање на градот во
рацете на Филип и истиот бил срамнет со земја, a граѓаните
биле продадени како робје". (Артур Вајгал, цит. дело, стр. 64).
И понатаму:
" Паѓањето на Олинт било голем шок за Атињаните, кои
им испратиле значителна помош во луѓе и снабдување на
несреќните колонисти, но да ce разбереме Филип немал желба
да биде во војна со Атина и сега бил целосно спремен за
мировна спогодба со нив, бидејќи веќе немало други атински
или грчки колонии на неговите непосредни крајбрежја. Тој само
сакал, како што велел, да го исчиспш своето родно крајбрежје
од овие странски жи-тели, кои немале никакво право на
македонската земја."
Практично Филип Втори постапил со грчките колонии на
македонска земја како кон окупатори.
Гледаме дека најстарите натписи во Македонија
всушност биле натписи на вазни донесени од овие

58
колонисти, кои живееле само на брегот од Македонија, a не и во
внатрешноста. Продолжуваме со темата за натписите.
На истата веб-страница на Министерството за култура на
Република Грција, во насловот "Надгробни натпкси" (Funerary
inscriptions), читаме:
"Најстарите надгробни натписи на камен, кои ce зачувани
во Македонија, припаѓаат на четвртиот век пред Христа. "
И овде јасно гледаме дека пред поблиските контакти на
Македонците со грчката култура, т.е. пред 4 век пред Христа, во
Македонија не ce посведочени натписи на грчки. какви што
имало во деловите на денешна Грција.
Слично пишува и во познатата општа ЦД "Гролиер"
енциклопедија (цит. дело). Овде, старогрчкиот јазик дури не е
спомнат ниту како говорен јазик во Македонија. Β ο наеловот
"Грчки јазик" (Greek Language), точно ce наведени областите
каде старогрчкиот говорен јазик бил во употреба во антиката и,
притоа, воопшто не е спомната Македонија. Овде читаме:
"Античкиот грчки јазик бил говорен јазик во Грција, на
Крит, во делови од источниот Медитеран и во западна и
северна Анадолија, на Сицилија и во јужна Италија, на
северната обала на Црно Mope u делумно на
северноасрриканската и француската обала".
Значи, Македонија воопшто не е спомната како подрачје
на кое ce говорел античкиот грчки јазик. He држи забелешката
дека авторот, кога ја споменува денешна Грција, автоматски во
неа ја вклучил и егејска Македонија, затоа што гледаме дека
овде и Крит е спомнат одделно од Грција, иако тој денес е
составен дел од неа. Инаку, автор на овој текст е Маргарет
Алексиу, која овде ce повикува на поголем број дела од
еминентни странски и грчки автори (чиј подолг список го
наведува на крајот од текстот).
Во врска со досега изнесеново, ce поставува прашањето:
Како е можно Македонија отсекогаш да била земја со грчка
култура, до колку во неа не ce пронајдени

59
никакви натписи на грчки јазик од времето кога таа егзистирала
без поблиски и помасовни културни врски со Хелените, a
истовремено такви натписи ce пронајдени низ цела денешна
Грција? Како е можно Македонија отсекогаш да била "грчка
земја", кога ce знае дека во Македонија тогаш воопшто не ce ни
зборувал грчкиот јазик (посебно не меѓу широките народни
маси)? Навистина на овие прашања грчката наука и пропаганда
не можат да дадат одговор пред светската јавност.
Но, да претпоставиме дека античко-македонскиот јазик не
постоел во својата писмена форма и дека прв писмен јазик на
кој комуницирале античките Македонци бил грчкиот. Тоа
воопшто не значи дека античките Македонци ce Грци. Како
прво, наведовме сведоштва, според кои, тие речиси не знаеле
ниту збор од говорниот грчки јазик. Како второ, во класичниот
период само за Грците и за Римјаните ce знае дека со сигурност
имале свој писмен јазик (д-р Наде Проева, "Студии за
античките Македонци", Мацедониа Прима, 1997, стр. 157). Па,
зарем тоа значи дека сите народи што ce користеле со нивното
писмо и јазик биле Римјани или Грци? Ако гледаме така, испаѓа
дека во целата антика постоеле само два народа, a тоа е
несериозно и да ce помисли. Дури и турко-монгол-ските Бугари,
по своето доаѓање од Азија на Балканот во 7 век, пишувале со
грчкото писмо, кое, повеќе од век и пол. било официјално писмо
во Првото Бугарско ханство/ царство. Па, зарем и тие биле
Грци? А, што е со останатите тогашни народи: Илирите.
Тракијците и други. кои исто така пишувале на грчки? Па, дури
и Римјаните до 2 век пред Христа ги пишувале своите хроники
на старогрчките дијалекти (д-р Наде Проева, цит. дело). Па,
зарем и тие биле Грци ce до 2 век пред Христа, за потоа,
наеднаш. да станат Римјани?
Значи, користењето на старогрчкиот јазик од страна на
античките Македонци (кое впрочем воопшто и не постоело
пред 5 век пред Христа), не претставува никаков

60
доказ дека античките Македонци биле Грци. Освен тоа,
старогрчкото писмо воопшто не е автентично грчко, туку ce
знае дека тоа е само прилагодена варијанта на феникиското
писмо.
Дури и подоцна кога некои Македонци го прифатиле и
говорниот грчки јазик, тоа не значи дека тие биле Грци. Да ce
потсетиме на фактот дека и денес во светот постојат бројни
народи, кои зборуваат на други јазици. Така, на пример,
Бразилците зборуваат португалски; добар дел од жителите на
Латинска Америка зборуваат шпански (иако не ce Шпанци);
додека Ирците, Шкотланѓаните и Велшаните, зборуваат на
англиски, иако не ce Англичани. Вакви примери има уште
многу.

За изговорот, транскрипцијата и значењето на зборовите


одјазикот на античките Македонци

Пред да поминеме на презентирање и кратка анализа на


зборовите од јазикот на античките Македонци до кои дојдовме,
должни сме да дадеме неколку важни објаснувања.
1. Изговор и транскрипција. Вистинскиот изговор на
голем дел зборови од јазикот на античките Македонци, не може
со сигурност да ce утврди. Ова поради фактот што овие зборови
стигнале до нашево време преку својата грчка транскрипција.
Познато е дека транскрипцијата на зборови од еден јазик
обично не одговара сосема на вистинскиот автентичен изговор
на тие зборови каков што бил на јазикот на кој тие му припаѓаат.
Ова практично значи дека грчката транскрипција на овие
зборови, како и секоја туѓа транскрипција, претставува само
повеќе или помалку успешен обид за имитација на оригиналот.
Но, за да бидеме појасни, најпрвин предлагам да
наведеме неколку примери, од кои, ќе видиме дека туѓата

61
транскрипција на оригиналните зборови, честопати драс-тично
ce разликува од оригиналот и таа значително го отежнува
неговото одгатнување (посебно до колку ориги-налот е
непознат). Така, на пример, во денешниот турски јазик, во склад
со сопствените јазични норми, нашиот град Битола, ce уште ce
пишува како Монастир, Штип како Истиб и т.н. Е, сега.
хипотетички да претпоставиме дека, по неколку илјади години
(по некоја, не дај Боже, голема општочовечка катастрофа),
идните археолози ќе дојдат до некој натпис со овие турски
транскрипции на имињата на нашите градови од почетокот на
21 век. Што ќе заклучат тие врз основа на овие наоди? Секако
дека мнозина од нив ќе поверуваат дека градовите во
Македонија: Монастир и Истиб ce турски и дека Македонија на
почетокот од 21 век била дел од Турција. На ова автоматски ќе ce
надоврзат и други теории, како на пример. дека во Македонија
ce зборувало турски (штом, нели, имињата на градовите ce
турски), дека Македонците ce Турци и сл. Секако дека ова ќе ce
тврди ce додека не ќе ce откријат вистинските македонски
називи за овие наши градови.
Потполно иста е состојбата и со македонската
транскрипција на оригиналните странски зборови. И овие
зборови ние си ги приспособуваме во склад со нашите јазични
норми, без притоа да водиме сметка дали и колку отстапуваме
од нивниот оригинален изговор. Така, на пример, државата
Deutschland ние си ја викаме Германија, државата Sverige ja
викаме Шведска, државата Nihon ja вика-ме Јапонија, државата
Suomi ја викаме Финска и т.н. Ваквата состојба е иста во сите
јазици на светот. Секој на-род си ги приспособува странските
имиња и останати зборови во склад со сопствените јазични
норми.
Поради ова, да не бидеме престроги ако заклучиме дека
транскрипцијата направена врз зборови од туѓи јазици,
всушност претставува еден вид ненамерен сралсификаш,
направен во однос на оригиналот (името навеќе спомната-

62
та држава Sverige ние ненамерно го фалсификуваме, т.е.
интерпретираме како Шведска и т.н.).
Потполно истата состојба ја имаме и со грчката
транскрипција на античко-македонските зборови. He можеме
само поради тоа што овие зборови стигнале до нас преку својата
грчка транскрипција, да тврдиме дека тие (или барем дел од
нив) звучат како грчки. Како звучеле тие на оригиналниот
античко-македонски јазик, засега не можеме со сигурност да
знаеме, бидејќи до нашиве времиња е стигната единствено
нивната туѓа грчка транскрипција.
Дека грчката транскрипција понекогаш драстично ce
разликувала од вистинските оригинални називи на туѓи не-
грчки зборови, ќе наведиме повеќе докази. Како илустрација ќе
ce послужиме со личните имиња и со топонимијата. Познато е
дека една од сопругите на Александар Македонски ce викала
Роксана. Тоа име стигнало до нашево време и денес е општо
прифатено. не само кај нас, туку и во поголемиот дел од
светската наука. Меѓутоа, за неупатените, ќе изгледа
изненадувачки податокот ако кажеме дека името Роксана
претставува само лоша грчка транскрипција на вистинското име
на оваа бактриска принцеза, кое во оригинал отприлика гласело
Рушанак. Значи, Рушанак, Грците ја претставиле како Роксана
(секако во склад со сопствените јазични норми).
Уште подециден доказ за несигурноста на грчката
транскрипција дава Херодот. Пишувајќи за географијата на
земјата на Скитите. тој го дава оригиналното скитско име на
една нивна река, a воедно ја дава и неговата грчка
транскрипција. Херодот пишува:
"Оваа река Скитите ја викаат Пората, a Грците
ПиретуС". (Потенцирањето на буквата "с", секаде во текстот е
моја, з. м. Сите овде наведени податоци од Херодот ce
превземени од неговата "Историја" во превод на англиски од
Џорџ Ровлинсон).
Ова сигурно дека е најдецидниот доказ од кој гледаме дека
грчкиот завршеток "с" (на кој завршуваат и дел од

63
античко-македонските зборови запишани од грчки автори) си го
додавале самите грчки автори во транскрипцијата на речиси
сите странски називи на кои наидувале во тогашниот свет.
Слично е и со името Александар, кое во некои тогаш-ни
извори ce среќава како Александар, a некаде грцизирано како
АлександроС (иако станува збор за истото име).
Исто е и со името Филип, кое некаде ce среќава како
Филип, a некаде како ФилипоС.
И името Птолемеј некаде е запишано како Птолемеј, a
некаде како ПтолемеуС.
Исто е и со жената на Александар Македонски. Кај
грчкиот историчар Диодор Сицилијанецот нејзиното име е
заведено како Статира, a во некои грчки извори истото ова име е
заведено како СтатираС. (Сите податоци од Диодор, кои ги
наведуваме во продолжение ce превземени од неговото дело
"Library of world history", книга 17).
Аријан, пак, го споменува и нејзиното вистинско персиско
име кое гласело Барсина, со напомена дека (цитат): "Барсина
обично ја нарекувале Статира" (Аријан. цит. дело, стр. 186).
Уште подрастичен пример за ова имаме кај името на
египетскиот фараон Кхуфу. Името на овој фараон кај Херодот е
запишано како КеопС и по ова име тој до денес останал познат,
иако сигурно дека тој, кога би имал прилика своевремено да го
слушне името КеопС, воопшто не би го ни разбрал истото, a
камоли да помисли дека тоа би можело да биде неговото име.
Во светски познатата ЦД енциклопедија Енкарта (цит. дело), во
поднасловот за Кеопс читаме:
"Кхуфу, на грчки Кеопс, египетски фараон (околу 2638 -
2613 пред Христа) ".
Исто било и со името на египетскиот фараон Псамтик. И
нему грчките автори му го промениле (грцизирале) името. Во
истата енциклопедија Енкарта (цит. дело, наслов: Псамтик
Први) пишува:

64
"Псамтик Први, на грчки, ПсаметихоС, крал на Египет
(владеел 664-610 пред Христа) ".
Сепак најголеми јазични претумбации Херодот направил
кога египетскиот фараон Снефру (таткото на Кхуфу) го
прекрстил во РампсинитуС (!?), a истата судбина ја доживеал и
синот на Кхуфу, кој ce викал Реџедеф, a Херодот го запишал
како МикеринуС (секако со обавезниот грчки завршеток "с").
Грчкиот антички историчар Аријан средноазиската река
Аму-Дарја ја именува како ОксуС, a за Сир-Дарја дава дури две
сосема различни имиња: ЏаксартеС и ТанаиС (!?). Исто е и со
реката Ченаб, која за Аријан ce викала АкесинеС. Понатаму
реката Пир-Сар кај него е запишана како АорноС, реката Џелум
како ХидаспеС. Реката Рави е запишана како ХидраотеС, a
реката Беас како ХифасиС.
Во Лексиконот "Суда" античките грчки автори го смениле
и името на реката Драва, која овде е запишана како ДраоС
("Суда", делта 1501).
Кај повеќе грчки историчари феникискиот град. познат кај
нас под името Тир, е запишан како ТироС, иако неговото
оригинално име, т.е. името што го употребувал народот што
живеел во него, отприлика гласело Sop.
Има уште многу вакви примери.
За ваквата практика ce свесни сите сериозни проучувачи
на античкиот период. Така, на пример, францускиот историчар
Ламартин во своето дело " Vie d'Alexander le Grand" (Париз,
1859, стр. 54), во врска со ова ќе запише:
"Грците Ги искривоколчувале дури и имињата на
владетелите и војсководците со кои војувале. Tue на ce
давалехеленски изглед, дури и во Индија и Перснја..."
Уште подециден во посочувањето на оваа вистина е
познатиот српски историчар Ж. Петковиќ. Во неговото дело:
"Македонија старога века", на стр. 1, читаме:
"Старите грчки историчари, кои најмногу служат како
извор за историјата на Македонија, имале обнчај да

65
lu менуваат Географските називи и личните имиња на другите
народи и да lu дотеруваат според Грчкиот начин на
изговарање, па затоа денес е тешко да ce најдат вис-
тинските називи на тие преиначени топоними и имиња". (цит.
според Христо Андоновски, цит. дело, стр. 22).
Еврејскиот антички историчар Јосиф Флавиј, кој жи-веел
во првиот век по Христа, отишол уште подалеку во критиките
на некои од тогашните античко-грчки автори. обвинувајќи ги за
присвојување на туѓите вредности (кои ги прикажувале како
свои) и за контрадикторности во нивните историски дела. Во
своето дело "Флавиј против Апион" {"Flavius Josephus Against
Apion", translated by William Whiston, Christian Classics Ethereal
Library, Calvin College, USA), Флавиј пишува:
"Tue (Грците, з.м.) многу доцна и со тешкотии дојдоа до
Гшсмото што сега Го користат. Оние кои Го унапредија
користењето на ова писмо... потенцираат дека ГО научиле ова
писмо од Феникијците и од Кадмус. Од тоа време тие (Грците,
з.м.) немаат зачувано никаков напшис, ниту во нивните
храмови, ниту на нивните споменици (1,2)... Сите оние, кои
први ја прикажаа филозофијата н разгледувањето на
работите како небесни и божествени (како што ce Феркедс
Сириецот , Питагора и Талес), ce согласуваат дека ГО научиле
она што го знаеле од Египјаните и од Халдеанците. А, тоа ce
токму работнте, кои наводно биле најстари кај Грците...
Зарем не е бесмислено Грците денес да ce гордеат и да ce
сметат себеси дека ce единствениот познат народ од
антиката? ... Tue ce негираат еден со друг во нивните
сопствени книги. Tue воотито не ce срамуваат кога за исти
работи ни даваат сосема спротивни податоци... Колку големи
контрасти постојат помеѓу Хеланикус и Акусилаус во врска со
нивната (грчката, з.м.) генелогија? Во колку ли само места
Акусилаус го поправа Хесиод? Или зарем Ефорус не Го обвини
Хеланикус дека во најголемиот дел од неговата Историја
пишувал лаги? И зарем. u Тимеус, a u

66
неговите следбеници, не го напииша истото за Херодош, но и
за Антиох и Филиструс?... А, што да кажам за историјатот
на одделни Градови и помали места, кога најпознатите (грчки)
опшиувачи на походот на Персијанците и на нивните акции,
пишуваат со толку многу контрадикторности?... Нормално е
што посшојат. толкави разлики кај писателите (грчки), a
причина за тоа е што тие немаат оригинални записи, на кои ќе
ги заснова-ат своите пишувања и преку кои ќе Можеме да
видиме кој од нив ја кажува вистината, a којлаже". (1,2-5).
Флавиј, во продолжение заклучува дека некои од грчките
историчари пишувале за да им угодат на одделни кралеви,
други раскажувале неточни приказни, a трети ce занимавале
само со наоѓање грешки во пишувањата на своите претходници.
На крајот Флавиј констатира дека најголемиот дел од грчките
историчари пишувале далеку од вистината.
Но, да ce вратиме на зборовите од античко-маке-донскиот
јазик, кои останале запишани со грчкиот заршеток "с". Од каде
знаеме дека овие зборови стигнале до нашево време
грцизирани? Што ако тие и во оригинал ce пишувале и
изговарале со грчкиот завршеток "с"? Одго-ворот на овие
прашања е многу едноставен. Имено, точно е дека ние и
навистина засега не го знаеме оригиналниот изговор на овие
зборови, но затоа пак знаеме дека Грците ги менувале
(грцизирале) зборовите (личните имиња и останати називи) на
сите народи со кои доаѓале во допир!
Така, на пример, речиси сите персиски лични имиња што
ги сретнавме во делата од античките грчки автори, завршуваат
на "с", исто како и тогашните грчки имиња (иако за
Персијанците ce знае дека не биле никакви Грци). Ке наведеме
подолг список од вакви грцизирани персиски лични имиња,
преземени од делата на Херодот. Аријан, Диодор
Сицилијанецот и други автори. Овие имиња ce: АбулеутеС,
АрсамеС, АрситеС, АзанеС, АриомардуС, АртифуС, АтибиеС,
АртакаеС, АнтиксиС, АнтибелуС,

67
АземилкуС, АместриС, АнисуС. АртохмеС, АхаменуС. АтизеС,
АртаиктеС. АртеуС, АртинеС, АријандеС, АрхаемнеС,
АрмамитраС, АспатинеС, АрбазуС, АморгеС, АриармнеС,
АртабануС, АртаиктеС, АвтофрадатеС, АријабигнеС, АризуС,
АвстанеС, АрбупалеС, АбулитеС, АртаксеркеС, АтропатеС,
АриобарзанеС, АртониС, АстеС, АвтобареС, АртиболеС, БагуС,
БагодараС, БагистанеС, БарксаеС, БесуС, БубакеС, БубареС,
БарзентеС, ГергиС ГоргуС, ГобријаС, ДамастимуС, ДариуС,
ДаурисеС. ДрипетиС, ДатамеС, ДотуС, ЗопируС. ИнтафернеС.
ИтаматреС, КамбисеС, КандалуС. КатанеС, КируС, КсеркеС,
КерасмиС, КерсиС, КлеофиС, КиберникуС, МазеуС, МаксамеС,
МегадостеС, МавакеС, МедатеС, МирсуС, МитробузанеС,
МитробеуС, МитробатеС, МитринеС, МаусолуС, МаситеС,
МасагеС. МегабизиС, МардонтеС, МегасидруС, МитраустеС,
НабарнеС, НифатеС. ОксатреС, ОрксинеС, ОксиартеС,
ОксодатеС, ОкондобатеС, ОронтеС, ОтанеС, ОмареС, ОебареС,
ОаризуС. ОчуС, ОронтобатеС, ПатизејтиС, ПрексаспеС,
ПармуС, ПатирамфеС, ПиксодаруС, ПетинеС. ПигреС,
ПаристаС, ПроексеС, РосакеС. РеомитреС, СабакеС, СисамнеС,
СисинеС, СисимакеС, СисинеС, СисингамбриС, СикаС,
СелдомуС, СпитробатеС, Спитрида-теС,СиромитреС,
СатибарзанеС, СтатираС, СмердиС, СинесиС, ТасијакеС,
ТомагораС, ТитеуС. ТеспеС, Тири-датеС, ТабалуС, ТимнеС,
ТимонакС. ТимондаС, Тритан-техмеС, ТигранеС,
ТетрамнестуС, ФарнакеС, ФрасаостреС. ФрадасменеС.
ФерендатеС, ФарнабазуС, ФратафернеС ХистаспеС, ХидриеуС,
ХистанеС, ХистиеуС, ХидарнеС, ХегисистратуС, ХостаспеС,
ЧоренеС и други.
Истата судбина ги снашла и топонимите, кои вле-гувале
во склопот на персиската држава и кои, исто така, останале до
нашево време грцизирани со завршетокот "с". Некои од нив ce:
градовите: ДамаскуС. АнхиалуС, КадитиС, ТапсакуС,
МириандроС, ТарсуС, ПриапуС, МиндуС, ОпиС. МалуС,
МагарсуС, МаратуС, ТелмисуС, МилиаС, КизикуС,

68
КиндуС, ЛампаксуС, ХекатонтапулуС, СабиктаС, КсантуС,
КирополиС, АсоендуС, ХелмисуС, ФаселиС, КаспатируС.
БиблуС, МиндуС, КаунуС, ИсуС, ТироС, КалиполиС. Сес-тоС,
СардеС и други; потоа, карпата АорнуС, реките: ГраникуС,
БумодуС, СангариуС, КиднуС, ТигриС, ПалакопаС, ПирамуС,
ХермуС, Чоес, ЕуфратеС, СтибоетиС, АраксеС, АорноС,
ЏакартеС, ТанаиС(второ име за ЏакартеС). ГиндеС. КаикуС,
ЧоаспеС ПинаруС, ФасиС,ОксуС, АцеС, ТапсакуС, ХалуС,
АрабиуС. ПрактиуС; езерото СербониС; планините КасиуС,
ТауруС, островот близу Арабија, ТилуС и други.
Но, не е ваков случајот само со персиските имиња и
називи. Оваа судбина ги снашла и останатите народи. Така. на
пример, од страна на Диодор Сицилијанецот, името на
кралицата на Амазонките е запишано како ТхалестриС. a името
на еден Египјанин како ДанауС.
Херодот, пак, ги споменува египетските владетели:
ПсаметикуС, МоериС, СесостриС, РампсинитуС, КеопС,
МикеринуС, АмасиС и АприС, како и ќерката на АприС, по име
НитетиС. Овде ce и имињата на уште неколку и Египјани,
спомнати кај Херодот и Аријан, кои гласат: АмиртеиС,
ПаусириС ДолоаспиС, ПетисиС и други. И египетските градови
кај Херодот останале запишани со завршетокот "с" (МемфиС,
СаиС, ТебеС, ОасиС, Керка-соруС, ХелиполиС, КанобуС и
други), a таков е случајот и со езерото МоериС (кај Аријан:
МареотиС, з.м.) и со островот ПросопитиС.
Дури и името на единствената арапска река што ја
спомнува Херодот го запишал како КоруС, a името на еден
арабиски град кај Аријан е запишано како ХерополиС. Имињата
на единствените Либијци што ги спомнува Херодот ce
запишани како ИнаруС и ТанураС. Либискиот 'рт, пак, Херодот
го запишал како СолеиС, a една либиска река е како КинипС.
И фригиските лични имиња во спомнативе грчки
наративни извори останеле запишани со завршетокот "с":

69
АдрастуС, ГордиуС, МидаС, ПелопС и сл., a името на
етиопскиот крал останало запишано како СабакуС.
Името на асирската принцеза останало запишано како
НитокриС, a името на нејзиниот син како ЛабинетуС.
Асирскиот крал што го изградил градот АнхиаулуС, останал
запишан како СарданапалуС, a тој бил син на АнакиндараксеС.
И кај скитските имиња што ги запишал Херодот е истата
приказна. Тој прво потенцира дека Скитите биле засебен народ,
при што вели (цитат): "Скитите... ce најмладиот од сите
народи. " Притоа тој спомнува и дека тие си имале засебен
јазик, при што наведува неколку нивни зборови, заедно со
грчкиот превод. Сепак и личните имиња на поединци од овој
засебен народ, тој ги запишал грцизирани: ТаргитауС,
БористенеС. ЛеипосаиС, АрпоксауС, КолаксаиС, АриапитеС,
СкилаС, ОктамасадаС. АријантаС, ТереС, ИдантирсуС и други,
a така е и со имињата на скитските реки ГеруС, ЛикуС, ОаруС,
ТиарантуС, АраруС, НапариС, ПиретуС, ОрдесуС и ХиргиС.
Името на едно скитско езеро го запишал како ПалуС МаеотиС,
името на една област како: ЕксампеуС, додека притоките на
најголемата скитска река ги запишал како: ТираС, ХипаниС.
БористенеС, ПантикапеС и ХипакируС. Инаку Херодот ги
спомнува и имињата на скитските богови, кои исто така ги
претставува со грчки имиња. Аријан го спомнува и скитскиот
командант СатракеС, како и реката ПолитиметуС.
Херодот спомнува и некоја далечна западноевропска река,
која ce викала ЕридануС, при што, децидно потенцира дека тоа
било грчкото име на таа река, a спомнува и две северни реки:
КарпиС и АлпиС. Аријан спомнува и три средноазиски реки:
ЕпардуС, АриуС и ЕтимандруС.
И илирските имиња во грчките извори останале запишани
со завршетокот "с". Некои од нив ce: БардилиС, ПинеС, ГрабоС,
ПлеуратоС и други, a грцизирани ce и

70
имињата на илирските топоними, како што ce: ЕпидамноС,
ДенусоС, ЛисоС, АнгруС и други.
Ист е случајот и со тракиските лични имиња. И од нив
најголемиот број од страна на античките автори останале
запишани со грчкиот завршеток "с". Некои од нив ce:
МукакентоС, ЕптаикентоС, РодопиС, ДаоС. ПатоумаС, ОлоруС,
ПатоумасоС, КретеуС, КарсиС, ТереС, СиталкеС и други.
Тракиските реки кај Херодот ce запишани како АтриС, НоеС и
АртанеС, a овде е и областа СалмудесуС. Аријан ја споменува и
тракиската планина ХемуС, реката ХебруС и градот КалатиС.
И имињата на Трибалите ја доживеале истата судбина.
Така, на пример, грчкиот историчар Аријан ја спомнува
трибалската река ЛигинуС, потоа трибалскиот град КалатиС,
како и името на кралот на Трибалите. СирмуС.
Дури и индиските лични имиња во грчките извори биле
грцизирани. Некои од нив ce: АфрикеС. АкуфиС. ФарназатреС,
ТаксилеС, МофиС, ЕмбисаруС, СасибисареС, ПоруС,
СпитакеС, МероеС, СопеитеС, АртабатеС, ФегеуС,
КсандрамеС, МисикануС. ПортикануС ДандамиС.
СандракотуС, СамбуС, КалануС, КофеуС, АсагетеС. a имињата
на индиските реки останале запишани како: ИндуС, ГангеС,
АкесинеС, ХидаспеС, ХидраотеС и ХифасиС. Имињата на два
индиски града ce запишани како СалмуС и ОробатиС, a на две
планини како МеруС и ПарапамисуС (Хинду-Куш, која Аријан
истовремено ја нарекува и Индискиот Кавказ).
Според ваквата тогашна грчка практика испаѓа дека
народи со сосема различни култури, етничко потекло (па дури и
раси!), како што ce: Персијанци, Египјани, Илири, Арапи.
Либијци, Тракијци, Етиопјани, Скити. Индијци. Македонци и
други, имале идентични (грчки) завршетоци на своите лични
имиња(!?). Секако дека ова е несериозно и да ce помисли. Тоа е
исто како кога денес некој, во шега, би ги македонизирал
презимињата на сите денешни истакнати светски политичари.
Така би бил создаден документ во кој

71
презимето на сегашниот американски претседател ќе биде
Бушовски, на рускиот Путиновски, на премиерот на Ве-лика
Британија Блеровски и т.н. Е, сега повторно да си замислиме
дека по некоја (не дај Боже) општосветска катастрофа, по
илјадници години, како единствено сведоштво за личните
презимиња на политичарите од наше-во време, би останал само
овој документ. Што ќе помислат идните лингвисти кога ќе го
проучуваат истиот? Секако дека тие можеби ќе знаат дека не е
можно луѓе од различни нации, култури и раси да носат
презимиња на ист заврше-ток, но во недостиг на други
документи, сакале или не, ќе мора да ги користат овие
презимиња такви какви што ги пронашле (со типичниот
македонски завршеток "ски").
Потполно иста е состојбата со денешните лични имиња,
топоними и други зборови од различни народи, кои до нас
стигнале грцизирани, најчесто со помош на завршетокот "с", во
кои, несомено треба да ce вклучат и античко-македонските.
И во самиот Лекискон на Хесихиј, каде што ce предадени
зборови од странски не-грчки народи. забележително е дека
добар дел од нив ce запишани со грчкиот завршеток "с". На
пример, овде ce египетските зборови: ГЛОС, памелеС и АпиС. Од
јазикот на Арапите предадени ce два збора, од кои едниот
завршува на "с" (сапсиС). Предадени ce и три "барбарски" (не-
грчки) зборови, без да ce прецизира од кој јазик ce, но сите
завршуваат на "с" (отеаС, рахоС, сигкереС), Предаден е и еден
енетски (венетски) збор, кој исто така завршува на "ос"
(вевекоС или бебекоС). Од шест предадени италски зборови,
дури три ce предадени со грчкиот завршеток "с", a од шеснаесет
индиски зборови, дури девет ce запишани во грцизирана форма
со грчкиот завршеток "с" ("ос") на крајот. Од пет келтски
зборови (колку што ce предадени во Лексиконот на Хесихиј),
три ce запишани со завршетокот "с", a така е и со единствениот
запишан збор од јазикот на Пафлагонците (народ од Мала
Азија). Од 69 презентирани

72
персиски зборови дури 35 завршуваат со грчкиот завршеток "с",
a од останатите најголем дел ce предадени со завршетокот "ои"
(што повторно може да претставува грцизирана форма).
Практично, ова значи дека зборовите во Лексиконот на
Хесихиј можеме да ги разгледуваме, но само преку нивниот
корен (толку колку што е автентично пренесен преку грчката
транскрипција), затоа што кај добар дел од нив, завршетокот
(суфиксот) им е вештачки грцизиран. Ова важи и за останатите
античко-македонски зборови и зборови од јазиците на другите
тогашни народи, кои до денес останале запишани од другите
старогрчки автори.
Практично, грчката транскрипција на овие зборови стои
како тешка завеса, поставена помеѓу нас и нив - завеса, од која,
не можеме да ги видиме како тие изгледале (звучеле) во
оригинал, туку само можеме да ги насетиме нивните контури.
Можеби некој античко-македонски збор по изговор и по
значење бил потполно ист со денешен македонски соодветен
збор, но до нас стигнал извртен преку туѓата грчка
транскрипција, која, згора на ce, ние мо-раме да ја
почитуваме(!?). Така, за ваквиот евентуален збор ќе мораме да
изјавиме дека, така како што останал запишан на грчки, е
сосема различен од нашиов (иако тој можеби бил ист!?).
Индиција дека ова е можно, претставуваат не-колкуте античко-
македонски зборови што ќе ги приложиме во продолжение.
Но, и покрај сите овие факти, денешната грчка
историографија и пропаганда ги користи грцизирано
запишаните античко-македонски зборови (лични имиња,
топоними и сл.) како "доказ" дека античките Македонци биле
Грци (штом, нели, завршетокот на некои од нив бил грчки). Но,
ако е така, тогаш денешните грчки пропаган-дисти би требало
да тврдат дека и тогашните: Тракијци, Илири, Етиопјани,
Асирци, Персијанци, Египјани, Либрцци, Индијци, Итали и
други народи биле Грци, бидејќи и нивните зборови (лични
имиња, топоними и сл.) во грчките

73
антички извори останале запишани со завршетокот "с" ("ос"
или "ис"). Меѓутоа, грчките пропагандисти овој податок го
премолчуваат. a го користат само кога ce во пра-шање
античките Македонци. Еве уште еден доказ за нивната
необјективност.
Но, зошто античките грчки автори ги грцизирале сите
странски зборови (лични имиња, топоними и сл.)?
Најнапред ќе кажеме дека ваква состојба е забележана и
кај други автори, кои биле припадници на разни народи. Секој
од нив си ги транскрибирал имињата и останатите зборови од
туѓите народи според јазичните норми на сопствениот јазик. Па,
зошто така ce постапувало?
Одговорот на ова прашање (кога ce работи за грчките
автори) лежи во феноменот Interpretato graeca, кој одлично го
објаснува д-р Наде Проева ("Студии за античките
Македонци", цит. дело). Едноставно, тогашните грчки автори
(со ретки исклучоци), воопшто не ce мачеле (а ниту можеле
секогаш) правилно да ги запишуваат оригиналните имиња и
останати зборови од странските народи, туку ги преиначувале
како грчки, со цел да им ги доближат на своите читатели.
Секако дека и кај авторите од другите народи е забележана
ваква практика, во склад со нормите на сопствените им јазици, a
така е и денес.
За да то појасниме ова подобро повторно ќе направиме
една современа аналогија. Кога ги истражував написите за
Илинденското востание во Јапонија, забележав дека јапонската
транскрипција на имињата на нашите градови и села (а секако и
на другите зборови) прилично отскокнува од оригиналните
називи (нормално дека е така и во обратна насока, т.е. во
македонската транскрипција на имињата на јапонските
градови). Така, на пример, македон-скиот град Крушево, на
јапонски, ce пишува и чита како: Куричева. Е, сега да
замислиме еден хипотетичен експеримент. Да претпоставиме
дека на група македонски лингвисти ќе им го покажеме зборот
Куричева (без да им го

74
откриеме неговото значење, туку само да им напомнеме дека ce
работи за јапонска транскрипција на еден наш збор) и да ги
замолиме да си го кажат своето мислење во врска со неговото
значење. Сигурен сум дека, дел од нив, воопшто нема да го
препознаат името на нашето Крушево. Дури, и ако некој ce
посомнева во тоа, сигурно дека некој друг ќе го демантира; ќе
полемизираат: ќе си докажуваат и Т.Н., но најверојатно дека
сите заедно нема да изјават дека ce стопроцентно сигурни оти
станува збор за градот Крушево. А, зошто нема да го препознаат
овој наш збор? Само и само поради неговата туѓа транскрипција
преку која дошол до нив!
Поради ова, веќе спомнавме дека транскрипцијата,
направена на туѓите јазици, всушност претставува еден вид
"ненамерен фалсификат", направен во однос на оригиналот
(Крушево од страна на Јапонците ненамерно е "фалси-
фикувано" во Куричева, исто како што и ние името на веќе
спомнатата држава Свериге, ненамерно го фалсификуваме, т.е.
транскрибираме како Шведска и т.н.).
Слична ваква состојба постои и кај суфиксите
(завршетоците) на одделни зборови. Дури и кога ce работи за
ист изговор на еден збор во два странски јазика, можно е
неговиот суфикс да биде променет во склад со јазичните норми
на дотичниот јазик. Како илустрација ќе го земеме името на
познатата англиска група Битлси. Нивното име во оригинал ce
пишува Beatles и во превод значи "бубачки". Меѓутоа, во
македонската транскрипција на овој збор (иако е речиси
идентична со автентичниот англиски збор. т.е. и на македонски
и на англиски овој збор речиси исто ce изговара), на крајот е
додаден суфиксот "и" со цел да ce потенцира множината
(БитлсИ - бубачкИ). Меѓутоа, оној кој знае англиски, ќе знае
дека во најмногу случаи во англискиот јазик именките прават
множина токму со додавање на согласката "с" на крајот. Ова
значи, дека во англискиот јазик именката "Beatles" веќе е
запишана во својата множина (штом на крајот го содржи
суфиксот "с").

75
Bo македонскиот јазик, пак, во најголем број случаи. множина
ce прави со додавање на самогласката "и" на крајот од зборот.
Нам не ни значи ништо согласката "с" (со која ce прави
множина во англискиот јазик), па со цел името на групата да го
прикажеме во множина, ние си ја додаваме самогласката "и" на
крајот од овој збор, т.е. постапуваме во склад со нашите јазични
норми. Така. на зборот (Beatles), кој на англиски веќе е во
множина, ние му ја додаваме самогласката "и", со што го
правиме да биде во "наша" можина (БитлсИ).
Исто е и во обратна насока. Ce сеќавам кога со едни
пријатели Американци минувавме покрај јато гуски. Тие ме
прашаа како ce викаат овие птици на македонски, a јас им
одговорив "гуски". Тогаш тие ми реко: "Axa, гускиС". Значи и
тие овој македонски збор си го направија во множина според
нормите на сопствениот им англиски јазик преку додавање на
суфиксот "с" на крајот од зборот.
Овие примери ги наведов за да ја објаснам подобро
состојбата со старогрчката транскрипција на зборови од туѓи
јазици, меѓу кои и од јазикот на античките Македонци. Сосема е
можно дека во некои од нив грчките автори си додавале свои
суфикси за еднина или за множина. според нормите на
сопствениот им грчки јазик. Овој факт ја доведува во прашање
автентичноста на суфиксите во не-грчките зборови запишани од
античките грчки автори. Поради тоа сметаме дека зборовите
што ќе ги анализираме најприближно би можеле да ce
разгледуваат само преку својот корен, a не преку суфиксите.
Како илустрација за непрецизноста на грчката
транскрипција на античко-македонските зборови. ќе го
спомнеме и случајот со името на античко-македонскиот бог на
војната. Д-р Наде Проева ("Студии за античките Македонци",
цит. дело, стр. 169) наведува два грчки написа со името на овој
бог. Во едниот напис името на овој бог е
запишано како Ταιμοζ, a во другиот истото име е запишано

76
како Θαιλλοζ. Значи, секој од запишувачите го запишал
(транскрибирал) ова име онака како што му одговарало, т.е. така
како што мислел дека треба да биде напишано. па така имаме
две различни грчки транскрипции на едно исто античко-
македонско име!
Постојат уште голем број примери од античките јазици
(не само со зборови од други јазици, туку и, со зборови од
самите грчки дијалекти), во кои исто така еден ист збор, од
страна на различи автори, различно бил запишуван. Ова е
резултат на тоа што во античките грчки дијалекти и јазици на
останатите народи, не постоеле толку стриктни правописни
норми и правила, па така секој автор имал слобода одделни
зборови да ги запишува така како што тој сметал дека требало
да бидат запишани. Впрочем. во ова нема ништо чудно и истото
ce случува дури и денес кај сите народи и кај сите јазици. Овде
пак ќе спомнам еден пример од нашиот јазик. Ce сеќавам на
еден интересен случај, кога еден човек, кој не беше сосема
упатен во македонскиот литературен јазик, требаше во една
прилика да го напише зборот "фиќо" (деминутив од
автомобилот "застава 750)". Тој овој збор го напиша како "виче".
Еднос-тавно, тој сметаше дека зборот "фиќо" така треба да биде
напишан. Но, доколку подоцна некои лингвисти би ги
споредувале напишаните зборовите "фиќо" и "виче" (всушност
ист збор, но различно запишан), тие можеби би повеле спор
дали ce работи за истиот збор или не.
Исто е и со странските зборови, кои ги транс-крибираме
на нашиот јазик, a така е и во сите други јазиции т.е. во нивната
транскрипција на туѓи зборови. Така било и со старогрчката
транскрипција на античко-македонските зборови и на зборовите
од туѓите јазици.
Кон ова да го додадеме и фактот што речиси во секој
странски јазик во антиката (но и денес) постоеле гласови кои ги
немало во јазикот на античките Грци и кои, следствено, немале
соодветни графеми за да ги запишат

77
истите, па биле принудени овие гласови да ги запишуваат со
други (слични, но не исти) графеми. Ова ce случува и денес. На
пример, во денешниот грчки јазик не постои гласот (но и
буквата, т.е. графемата) "ж". Затоа денешните Грци оваа буква
во својата транскрипција на македонските зборови ја
претставуваат со буката "з" ("мозе" наместо "може" и сл.).
Сосема е веројатно дека и во античкиот македонски јазик (како
туѓ јазик за Грците) постоеле гласови за кои тогашните грчки
автори немале соодветни букви, па биле принудени истите да ги
запишуваат со други букви. Меѓутоа, таквата постапка денес
уште повеќе оневозможува да го дознаеме вистинскиот изговор
на овие античко-македонски зборови.
Најголемиот број истражувачи ги имаат предвид
состојбите што ги спомнавме, но во недостиг на други извори и
самите тие ce принудени да ги вршат своите истражувања врз
основа на грчката транскрипциј a на сите зборови од тогашните
балкански негрчки јазици што останале до денес, меѓу кои и
македонскиот.
2. Значење на зборовите. Во презентираните зборови од
јазикот на античките Македонци, значењето на сите зборови не
е познато, но на добар дел од нив е познато. Во врска со
значењето и семантиката на зборовите должни сме да ги дадеме
следните објаснувања.
Имено, некој можеби оправдано ќе забележи дека
сличноста помеѓу античко-македонските зборови и денешните
македонски (и други словенски) зборови не би вредела ништо,
доколку нивното значење е различно. И во многу други јазици,
кои немаат никаква врска помеѓу себе, постојат зборови кои
слично ce изговараат, но немаат никаква заедничка семантичка
врска, што значи дека нив-ната сличност е само обична
случајност. За да го објасниме ова, ќе наведеме пример со
споредба помеѓу збор од македонскиот и од друг странски јазик,
чиј изговор е ист. Така, на пример, во денешниот македонски
јазик постои зборот суиш, a ист ваков збор постои и во
јапонскиот јазик.

78
Bo обата јазика зборот суши исто ce изговара. Па, зарем тоа
значи дека овие два збора имаат некаква врска? Секако дека не.
Тие немаат никаква врска токму поради нивното различно
значење. Кај нас зборот суши е глагол, a во јапон-скиот јазик
зборот суши значи именка (вид јадење од солени риби). Значи,
токму поради различното значење на овие два збора, со
сигурност можеме да заклучиме дека идентичноста во нивнот
изговор е чиста случајност.
Но, до колку значењето (а не идентичноста или сличноста
во изговорот) и навистина е пресудниот фактор, кој одредува
дали два збора имаат меѓусебна врска или не, зарем не е ист
случајот и со сличноста помеѓу некои од античко-македонските
и денешните македонски (и други словенски) зборови? Зарем и
нивната сличност не е чиста случајност, до колку значењето им
е различно? Веднаш ќе одговориме на овие оправдано
поставени забелешки.
Како прво, аргументирано ќе го побиеме ставот, според
кој, значењето на зборовите е апсолутниот параметар, кој ја
одредува евентуалната врска помеѓу два збора. Ова ќе го
побиеме со добро познатиот факт дека значењето на зборовите
воопшто не е апсолутна. туку и тоа е релативна и променлива
категорија. Постојат примери кога еден ист збор си го задржал
својот изговор низ вековите, a си го променил значењето, кое
станало сосема различно или сродно (но не и исто!) во однос на
првобитното. Да го земеме на пример зборот јад. Во делото "О
писменах" од Црноризец Храбар, зборот јад ce среќава со
значење - отров, a денес зборот јад значи душевна мика (според
"Речник на македонскиот јазик", цит. дело. стр. 305). Значи, во
истиот македонски јазик, за истиот збор, низ вековите останал
истиот изговор, a ce сменило неговото значење и тоа, во
случајов, станало сосема поинакво. Ке наведиме и други вакви
примери на зборови од средно-вековниот македонски јазик, чие
тогашно значење го презедов од проф. Радмила Угринова
- Скаловска

79
(" Старословенски јазик - Граматика, Текстови, Речник кон
ѓраматиката", Скопје, 1979).
Зборот брак во средновековниот македонски јазик значел
свадба, a денес истиот овој збор има многу пошироко значење.
Обратен е случајот со зборот брашно. Во средно-
вековниот македонски јазик овој збор значел храна, a денес
истиот овој збор има многу потесно значење.
Слична е состојбата и со зборот врач. Во среднове-
ковниот македонски јазик, овој збор значел лекар, a денес има
поинакво значење.
Зборот диво во средновековниот македонски јазик значел
чудо, a денес истиот овој збор го среќаваме како придавка со
значење за нешто примитивно.
Зборот луто ce чини целосно го променил своето значење,
за разлика од изговорот кој останал ист. Така, во
средновековниот македонски јазик овој збор значел напор,
труд, a денес истиот овој збор го среќаваме како придавка со
поинакво значење.
Целосна промена на значењето (но не и на изговорот)
имаме и кај зборот прст. Во средновековниот македонски јазик,
овој збор значел прав, звмја, што е сосема различно од
денешното значење на истиот овој збор, иако, за волја на
вистината, средновековното значење на овој збор и денес ce
среќава во некои краеви.
И зборот притвор го променил своето значење. за разлика
од изговорот кој останал ист. Во средновековниот македонски
јазик. овој збор значел трем, a денес истиот збор значи затвор.
Секако дека има и други вакви примери.
Значењето на еден ист збор (за разлика од неговиот
изговор) ce менувало и за помали временски интервали од
претходно наведените. Така, на пример, зборот спила денес
значи стрмна и голема карпа, но за Македонците во 19 век овој
збор значел камен\ Значи и значењето на зборот спила ce
променило, иако изговорот си останал ист! (Секако дека

80
ќе биде оправдана забелешката дека значењето на овој збор е
сродно со она од 19 век, т.е. дека стрмната и голема карпа
според значењето е сродна со каменот. Да, таа е сродна, но не е
иста!).
Слично е и со веројатниот турцизам џам. Во 19 век џам
значело стакло, a денес во некои источно-македонски дијалекти
џам исклучиво ce употребува како термин за прозорец, што исто
така претставува сродно, но не и исто значење, за разлика од
изговорот, кој си останал ист. (Сите значења на овде наведените
зборови од 19 век ce преземени од Зборникот на браќа
Миладиновци, цит. дело).
Значи, не можеме секогаш да бараме идентична вредност
според значење за два изговорно слични збора, посебно не, до
колку нив ги делат повеќе од два милениума, кога гледаме дека
постојат зборови, чие значење ce променило и за само нешто
повеќе од сто години (иако нивниот изговор останал ист).
Како второ, во продолжение ќе наведеме и такви античко-
македонски зборови, кои ги немало во грчкиот јазик, a чие
значење веќе е докажано од странски лингвисти. Изненадува
тоа што нивното докажано значење е идентично или многу
слично со значењето на соодветните (слични по изговор)
денешни македонски и други соодветни словенски зборови.
Да го кажеме и тоа дека во некои од античко-маке-
донските зборови ce забележуваат и зборови со "грчки" корен,
но овие зборови можеби биле позајмени од грчкиот јазик, т.е.
истите најверојатно биле навлезени преку грч-ката литература
(д-р Наде Проева, " Студии за античките Македонци", цит.
дело, стр. 23). Од друга страна, прашање е и колку ваквиот
"грчки корен" и навистина е грчки, a колку е превземен од
јазикот на некои постари народи. Понатаму, прашање е и кој од
кого ги превзел овие зборови, ако ce потсетиме на сведоштвото
на античкиот грчки автор Атенај, според кого, грчките автори
прифатиле многу зборови од јазикот на античките Македонци.

81
Имајќи ги предвид сите досега изнесени податоци во
врска со можноста за менливост на значењето и изговорот на
зборовите низ историјата, повеќе од јасно е дека пред секој
компаративен истражувач на старите јазици постои широк
простор за сопствени толкувања и интерпретации.
Оттаму, ќе си дозволиме наше толкување на некои од
зборовите од јазикот на античките Македонци, т.е. споредба на
некои од овие зборови со зборови од сдаремениот македонски
јазик.
Факт е и дека досега многу малку странски современи
истражувачи го имаат истражувано јазикот на античките
Македонци, a факт е и дека ниту еден од нив не го познава
современиот македонски јазик за да може да направи
компаративна анализа. Факт е дека некои автори од словенско
потекло препознаваат словенски (венетски) ко-рен во некои
зборови од јазикот на античките Македонци, кои ги
компарираат со сопствените им јазици (словенеч-киот лингвист
Антони Амброжич; потоа Нерознак со својот труд
"'Палеобалкански јазици", објавен во Москва. 1978; потоа
полскиот лингвист Пјотр Гасиоровски и други).
Штом во своите јазици овие лингвисти препознаваат
аналогија на зборови од јазикот на античките Македонци,
сметаме дека е логично да ce очекува уште повеќе такви
зборови да имаат аналогија во современиот македонски јазик,
т.е. во јазикот кој ce појавил на истата територија на која
своевремено ce зборувал јазикот на античките Македонци.

Зборови со познато значење

Во продолжение ќе направиме осврт кон зборовите чие


значење е познато. Но, пред тоа ќе укажеме на уште неколку
важни моменти.

82
Веќе спомнавме овие зборови стигнале до нас преку
својата грчка транскрипција. Оттаму, не само што не знаеме со
сигурност како (барем дел од) овие зборови ce изговарале
автентично, туку ce јавуваат дилеми и во самата грчка
транскрипција на одделни букви.
Како прво во старогрчките дијалекти не постоела графема
за буквата "β". Па, ce поставува прашањето како грчките автори
ги запишувале зборовите што ја содржат оваа буква, т.е.
како тие ја пренесувале истата?
Најверојатно ја користеле буквата"Р", a можеби и "υ" во
одделни зборови. Во конкретниов случај ова значи дека
сите македонски зборови во кои ce среќава буквата "β" можно е
дека во себе го содржеле и гласот " β ", кој грчките автори,
поради немање соодветна графема, го пишувале со други
графеми.
Ова важи и за останатите гласови (букви) за кои Грците
немале соодветни графеми. Можеби (хипотетички гледано) во
јазикот на античките Македонци постоел гласот "њ", но грчките
автори (преку кои до нашево време стиганле запишани античко-
македонските зборови), бидејќи немале соодветна графема, го
запишувале овој глас со други букви, па така зборовите што го
содржеле овој глас, стигнале до нашево време со сосема
поинаков искривоколчен изговор во однос на автентичниот.
Понатаму, постојат различни мислења и во однос на
изговорот на самите грчки графеми (за кои, познато е дека била
превземени од Феникијците).
Така, на пример, повеќе стручњаци ce согласуваат
дека буквата α (алфа), ce изговарала како "а", но има и
такви кои тврдат дека α ce изговарала како глас помеѓу "о" и "а".
Во делото "Краток водич за античко-ѓрчкиот изговор", авторот
Џон Опсопаус, во врска со изговорот на
буквата α, пишува:

83
"Алфа може да биде долга или кратка и ce изговара κακό
Ο во англискиот збор 'not'", (на англиски: "Alpha may be long or
short and is pronounced Ο as in 'not'. " John Opsopaus: "A Brief
Guide to Ancient Greek Pronunciation", 1999; достапно на:
http://www.cs.utk.edu/~mclennan/BA/pronunciation.html).
Сличен е случајот и со буквата γ (гама). Оваа буква главно
ce изговарала како "г", но во одделни случаи ce изговарала и
како "н", a можеби и како "нг" (што ce уште не е со сигурност
утврдено).
Џон Опсопаус (цит. дело) пишува:
"Кога Гама ce појавува пред гама, капа, му, кси или чи,
таа ce изговара како 'НГ' во англискиот збор "hang"'. (Ha
англиски: " When Gamma occurs before Gamma, Kappa, Mu, Xi or
Chi, it is pronounced like the NG in 'hang'".).
Ho, за разлика од ова, во делото "Грчката азбука",
објавено од Здружението за грчки јазик и лингвистика читаме
дека буквата гама, кога ce наоѓала пред буквите: Гама, капа, кси
или чи (значи не е спомната и буквата му) ce изговарала како
"«.", a не како "нг". {The Greek Aplhabet, Provided by the Greek
Language and Linguistics Gateway; greek-language.com;
http://www.greek-language.com/alphabet/).
Исто е и co буквата ζ (зета). Во делото на Цон Оксопаус
читаме дека оваа буква различно ce изговарала и тоа како: з, дз,
но и како зд, додека во делото "Грчка азбука", читаме дека
буквата "зета" ce изговарала како сд.
Исто е и со буквата Θ (тета). He e сосема точно утврдено
каде таа ce изговарала како т, a каде како тх.
Има и други вакви примери во врска со не сосема точно
утврдениот изговор на буквите (но и на акцентите) од
старогрчкото писмо и сето тоа ја отежнува кириличната
транскрипција на античко-македонските зборови напишани со
ова писмо, па затоа ce одлучивме да предадеме различни
варијанти на можниот изговор на овие зборови.
За превод на некои зборови од старогрчките дија-лекти ce
користевме со грандиозниот речник на авторите

84
Хенри Лидел и Роберт Скот. Ова без сомнение е светски
најпознатиот и најавторитетен речник на зборови од
старогрчките дијалекти и од други антички јазици. Речникот
содржи преглед на сите зборови употребени во делата на
античките автори кои пишувале на старогрчките и на други
дијалекти уште од 11 век пред Христа, па ce до византискиот
период. Речникот содржи над 127.000 текстуални единици, a
неговото последно издание (од 1996 година) има 2.438
страници. Конкретно ce служевме со изданието: Henry George
Liddell. Robert Scott. A Greek-English Lexicon, revised and
augmented throughout by. Sir Henry Stuart Jones, with the
assistance of. Roderick McKenzie. Oxford. Clarendon Press. 1940.
ISBN: 0198642261.
A, cera да поминеме конечно на претставување
зборови од јазикот на античките Македонци.
Αβαγνα (АБАГНА или АВАГНА). Овој античко-
македонски збор е запишан од Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι-
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo речникот на Лидел и Скот (цит. дело)
пишува дека авагна (абагна) бил македонски збор за неовенет
трендафил и истиот не постоел во грчките дијалекти, во кои
за зборот трендафил најчесто ce
користел зборот ρυδα (руда). He би сакале да шпекулираме дали
во (преку грчката транскрипција евентуално напишаниот
македонски збор) авагна. ce насетува далечна врка со
денешниот македонски збор овена!
Αβαρκνα (АБАРКНА или АВАРКНА). Овој античко-
македонски збор е запишан од Хесихиј (поглавие: Γλοσσοα-
Εθνικαι, Μακεδονεζ). За неговото значење во Речникот на Лидел
и Скот (каде овој збор е пренесен од Хесихиј и е означен како
македонски), читаме дека било непострижен
човек, оној што носи долга коса. Зборот αβαρκνα постоел и во
грчките дијалекти, но со сосема поинакво значење (глад, според
речникот на Лидел и Скот).

85
Можеме само да претпоставуваме дали етимолошки оцој
збор претставува единствена целина или можеби е сложенка
составена од вокалот a (во случајов честица со негирачко
значење) и зборот баркна, т.е. варкна! Во некои словенски
јазици постои глаголот брсна (барсна) со значење: бричи,
стрижи, паси, па може само да ce претпоставува дали постои
врска помеѓу овие два збора.
Αβαρυ (АБАРУ или АВАРУ). Како објаснување за значењето
на овој збор, Хесихиј пишува:
αβαρυ, οριγανον Μακεδονεζ. Значи, зборот αβαρυ претс-
тавува οριγανον Μακεδονεζ . Bo речникот на Лидел и Скот
читаме дека οριγανον претставува зачинот мајорста (горчлива
трева). Според речникот на Лидел и Скот и овој збор не постоел
во грчките дијалекти.
Αβεΐζ (АБЕИС или АВЕИС). Како објаснување за значењето на
овој античко-македонски збор, Хесихиј
пишува: αβειζ, εχειζ. Значи треба да откриеме што значи
зборот εχειζ, па тогаш ќе дознаеме на што отприлика ce
однесува и македонскиот збор αβειζ. Βο речникот на Лидел
и Скот предадени ce неколку значења на зборот εχειζ, така што
не може со сигурност да ce утврди на кое од нив точно
мислел Хесихиј. Во грчките дијалекти зборот εχειζ значел:
- множина за именката змија во атичкиот дијалект;
- второ лице еднина од глаголот има, чува во сегашно
време;
- имперфект од глаголот нуди (исто така во атичкиот
дијалект).
Значи, античко-македонскиот збор абеис (авеис) или е
поврзан со змија или со глаголите: има, чува и нуди. Според
речникот на Лидел и Скот и овој збор не постоел во грчките
дијалекти.

86
Αβερτή (АБЕРТЕ или ΑΒΕΡΤΕ). Овој збор е запишан во
Лексиконот "Суда" (Алфа, 2850) и истиот значел: ранец, торба.
Во врска со овој збор во "Суда" читаме:
"Мнозина велат 'аберте'. И предметот u зборот ce
македонски. "
Сметаме дека во коренот на овој збор може да ce
препознае глаголот БЕРЕ (собира, збира), што може да ce поврзе
со функцијата на ранецот како собирач (берач) на предмети. (За
глаголот БЕРЕ, кој во античко македонскиот јазик имал ист
изговор и значење како и во денешниот македонски јазик, ќе
пишуваме и во продолжение).
Инаку зборот αβερτη не постоел во грчките дијалекти,
каде за ранец ce користеле зборовите κυμβη и σαγη (кумбе и
саге, според речникот на Лидел и Скот).
Αβλοπ (АБЛОГТ или АВЛОП). Како објаснување за значењето
на овој античко-македонски збор, Хесихиј
пишува: αβλοπ.. σπεισον Μακεδονεζ, a во продолжение
пишува и: αβλοπ σπενδε Μακεδονεζ. Значи треба да
откриеме што значат зборовите σπεισον и σπενδε за да го
дознаеме значењето на македонскиот збор αβλοπ. Веднаш
ќе кажеме дека зборовите σπεισον и σπενδε претставуваат ист
збор, но во различна форма. Нивното значење е поврзано со
нудење пијалак (Лидел и Скот, цит. дело), па
оттаму и значењето на македонскиот збор αβλοπ би било
поврзано со нудење пијалак. И овој збор не постоел во грчките
дијалекти (според речникот на Лидел и Скот).
Αβρουτεζ (АБРУТЕС или АВРУТЕС). Овој збор е запишан
во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,-
Μακεδονεζ). Како објаснување за значењето на овој
античко-македонски збор, Хесихиј пишува:
Αβρουτεζ οφρυζ Μακεδονεζ. Именката οφρυζ (офрус) значела
веѓи (Лидел и Скот, цит. дело), што значи дека

8-7
такво значење има и античко-македонската именка абрутес.
Ако го отстраниме завршетокот тес (како веројатен вметнат
грчки завршеток), ce добива коренот АБРУ (а можеби и АБРВ,
ако ce има предвид дека старо-грчките автори немале посебна
графема за гласот "β"). Коренот АБРВ несомнено е сличен со
коренот на именката ОБРВ(И), која ја има во неколку словенски
јазици.
Во прилог на ваквата претпоставка е и фактот што во
македонскиот јазик со текот на времето вокалот "о" честопати
ce заменувал со вокалот "а". Така, на пример, на некои
средновековни мапи градот Охрид е прикажан како Ахрида.
Можеби тоа ce случило и со и самогласката "а" во именката
АБРУТЕС, која со текот на времето ce заменила со "ο"
(ОБРВИ)?
Дека овој античко-македонски збор има ист корен со
соодветниот словенски збор, пишува и во трудот
"Индоевропски зборови - Стариот македонски јазик".
{"Indo-European Glossaries - Old Macedonian Language
"http://www.indoeuro.bizland.com/project/glossary/gloss2.html
овој труд е пишуван врз основа на делата : Neroznak, V.
Paleo-Balkan languages. Moscow,
1978.
2. Katicic, R. Ancient Languages of the Balkans. The Hague, 1976.
3. Fasmer, M. The Etymological Dictionary of the Russian
Language. Moscow, 1986).
Гледаме дека и овој античко-македонски збор е сосема
различен од соодветниот грчки збор за вегѓи, кој гласел
οφρυζ (офрус). Во грчките дијалекти постоеле слични зборови
по изговор, но тие имале сосема поинакво значење. Таков е, на
пример, зборот абритес, што значел: оној што нема тежина.
Овде е и зборот хабротес, што значел луксуз и други (Лидел и
Скот, цит. дело).
Αγημα (АГЕМА). Овој збор е објавен и во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ) и во
Лексиконот "Суда" (Алфа, 219). Неговото значење било ударна,
навална сила, т.е. воена единица. Збор со речиси

88
исто значење, но и сличен изговор, во денешниот македонски
јазик е именката ЈАГМА (навала, според "Речник на
македонскиот јазик" 1, Скопје 1961, стр. 305).
Αγκαλιζ (АНКАЛИС или АГКАЛИС). Овој збор е објавен
и во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,-
Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење во речникот на Лидел
и Скот пишува: " анкалис, дрепанон, македонски збор (спорвд
Хесихиј)". Значењето на старогрчкиот збор
δρεπανον (дрепанон) е коса (во смисла на алатка), што значи
дека анкалис е македонски збор за алатката коса. Можеби во
основата на овој збор може да ce препознае глаголот КАЛИ
(обработува). Според речникот на Лидел и Скот и овој збор (со
ваков изговор и значење) го немало во грчките дијалекти, каде
видовме дека за коса ce користел зборот дрепанон.
Αδαλοζ (АДАЛОС). Овој збор е објавен и во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
αδαλοζ, ασβολοζ. Значи треба да откриеме што значи
зборот ασβολοζ , па тогаш ќе дознаеме на што отприлика
ce однесува и македонскиот збор αδαλοζ (за кој во фуснотата во
делото на Хесихиј, на латински пишува Glossa et Macedonica ,
т.е. Зборот е македонски). Во речникот на
Лидел и Скот читаме дека ασβολοζ значи гар,чад. Оттаму,
зборот адалос би бил македонска именка со значење: чад, zap. И
овој збор (според речникот на Лидел и Скот) го немало во
грчките дијалекти, во кои за гар, т.е. чад ce користела именката
азболос.
Αδδαι (АДАИ). Овој збор е објавен и во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
αδδαι, ρυμοι υπο Μακεδονον. Значи треба да откриеме што

89
значат зборовите: ρυμοι υπο Μακεδονον , па тогаш ќе дознаеме
на што отприлика ce однесува и македонскиот
збор αδδαι. Зборовите: υπο Μακεδονον, во слободен превод, би
значеле: кај Македонците, но за зборот
ρυμοι (кој овде очигледно е даден во множина), во речникот на
Лидел и Скот постојат различни толкувања. Така, на
пример, кај Херодот овој збор (ρυμοσ) ce среќава како збор за
дрвен дел од кола. Во делата на Елијан и Аратус, тоа е
збор за трага, a во делата на други автори, зборот ρυμοι значи:
ред, полица, па дури и тежина. Оттаму, во овие толкувања
треба да ce бара значењето на македонскиот
збор αδδαι. И овој збор го немало во грчките дијалекти.
Αδη (АДЕ). Овој збор е објавен и во Лексиконот на Хесихиј
(поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со
неговото значење Хесихиј пишува:
αδη, ουρανοζ, Μακεδονεζ. Значи треба да откриеме што
значат зборовите: ουρανοζ Μακεδονεζ, па тогаш ќе дознаеме на
што отприлика ce однесува и македонскиот
збор αδη. За зборот Μακεδονεζ не треба да објаснуваме
дека значи македонски, но за зборот ουρανοζ во речникот на
Лидел и Скот дадени ce разни толкувања. Најраспространето
значење на овој збор е: небеса, рај, мвсто каде што
престојуваат боговите. Но, овој збор ce употребувал и како
збор за таван, засводен кров. Практично, тука некаде треба да
ce бара значењето и на
античко-македонскиот збор αδη. Според речникот на Лидел и
Скот и овој збор го немало во грчките дијалекти, a во
современиот македонски јазик можеби, сличен по изговор и
значење. е прилогот над.
Αδραια (АДРАЈА). Овој збор е објавен и во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска

90
со неговото значење Хесихиј пишува:
αδραια, αίθρια, Μακεδονεζ. Βο речникот на Лидел и Скот
читаме дека зборот αίθρια значел: ведро небо, ведрина. Во
овој речник читаме и дека зборот αδραια, е македонски збор за
ведро небо. Можеби во овој античко-македонски збор може да
ce препознае коренот на придавката ведра. Инаку (според
речникот на Лидел и Скот) и овој збор го немало во грчките
дијалекти, иако имало слични зборови по изговор, но со сосема
поинакво значење.
Αδισκον (АДИСКОН). Овој збор е објавен и во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
αδισκον , κυκεώνα Μακεδονεζ. Значи треба да откриеме
што отприлика значи грчкиот збор: κυκεώνα , па тогаш ќе
дознаеме на што отприлика ce однесува и македонскиот
збор αδισκον. Βο речникот на Лидел и Скот читаме дека
зборот κυκεώνα значел: мешан пијалак, напивка, но понекогаш
ce користел и како збор за мешавина. Оттаму, зборот адискон
несомнено дека ce однесува на вид мешан пијалак кај
Македонците. Според речникот на Лидел и Скот, ниту овој збор
не е забележан во грчките дијалекти.
Ακοντίον (АКОНТИОН). Овој збор е објавен и во Лек-сиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска со
неговото значење Хесихиј пишува: ακοντίον δορατιον, μικρά
λυγχη ρυχιν δε Μακεδονεζ καιστ
ρατευματοζ μεροζ Αγριανω"ν Αιολειζ. Од напишаново може да ce
заклучи дека станува збор за вид оружје (веројатно дрвено копје
со метален врв). Во речникот на Лидел и Скот
пишува дека ист ваков збор (но во множина ακοντι со значење
копја) запишал Херодот во својата "Историја

91
(1,34), па можеби станува збор за име на оружје кое ce
користело до разни народи.
Ακρατον (АКРАТОН). Овој македонски збор е запишан во
Лексиконот "Суда'\ (Алфа, 963). Преведен е на англиски како
нетемпераментен, мирен. Во неговата основа можеби ce
препознава коренот на денешниот македонски збор КРОТОК,
кој го има потполно истото значење. Во врска со потеклото на
овој збор, во "Суда" пишува дека зборот бил употребен од
страна на Македонците во една нивна легенда за македонскиот
генерал и основач на династијата на Птолемеите Птолемеј Први
(околу 367 - 283 пред Христа). Оваа легенда ја пренел
античкиот автор Елијан (Aelian). Познато е дека античките
Македонци своето вино исто
така го викале ΑΚΡΑΤΟ (Ακρατο). Ова вино тие секогаш го
пиеле чисто, т.е. немешано со вода. И денес во Македонија
постои вино со ист корен во името -КРАТОШИЈА.
Αζοξ (АЗОКС) и Αξοζ (АКСОЗ). Овие два збора ce обја-
вени во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι-
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со значењето на зборот
Αζοξ Хесихиј пишува: Αζοξ υλη, πάρα Μακεδοσιν. Βο реч-
никот на Лидел и Скот пишува дека зборот υλη, значи шу-
ма и дека зборот Αζοξ е (цитат): "македонски збор за шума,
дрвје (според Хесихиј)". Исто е и со зборот Αξοζ. Βο реч-никот
на Лидел и Скот читаме дека и овој збор го имал истото значење
(шума), па веројатно ce работи за истиот збор различно
запишан. Инаку, според речникот на Лидел и Скот и овие
зборови не постоеле во грчките дијалекти. Кај грчките автори е
забележан зборот аксос, но со значење неизделкан.

92
Ακρεα (ΑΚΡΕΑ). Овој збор е објавен и во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска co
неговото значење во речникот на Лидел и Скот пишува: "акреа,
девојче на македонски, според Хесихиј". Во грчките
дијалекти постои зборот ακροζ {акрос), но (според речникот на
Лидел и Скот), тој значел "шшн на високо место". Постојат и
други слични по изговор грчки зборови, но со сосема поинакво
значење, додека македонскиот збор акреа (со таков изговор и
значење) не постоел во грчките дијалекти (според речникот на
Лидел и Скот). He би сакале да шпекулираме дали постои врска
помеѓу зборот акреа и денешниот македонски збор ќерка (ќера,
дијалектички). кои го имаат истото значење.
Ακρουνοι (АКРУНИ или АХРУНИ). Овој збор е запишан
во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,-
Μακεδονεζ). За значењето на овој збор во речникот на Лидел и
Скот, читаме: " акруни, гранични камења, -меѓници на
македонски, според Хесихиј". Во овој речник, зборот
ακρουνοιе транскрибиран како акруни, но во делото
"Индоевропски зборови - Стариот македонски јазик", овој збор
е транскрибиран како ахруни {"Indo-European Glossaries - Old
Macedonian Language"http://www. indoeuro, bizland.
com/project/glossary/gloss2.html, цит. дело). Сметаме дека
(доколку изговорот на овој збор бил отприлика ахруни),
неговиот корен е ист со словенскиот збор со слично значење
ОХРАНИ (чувари), имајќи го предвид фактот што граничните
камења, границата, граничарите ce еден вид чувари. Според
речникот на Лидел и Скот во грчките
дијалекти постоел зборот ακρουν (акрун), но со сосема
поинакво значење {планински врв).
Αλιζα (АЛИЗА или АЛИКСА). Овој збор е објавен и во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακε-

93
δονεζ). Βο трудот "Indo-European Glossaries - Old Macedonian
Language" (цит. дело), овој збор е транскрибиран како ализа или
аликса, додека во речникот на Лидел и Скот само како ализа.
Во врска со неговото значење Хесихиј пишува:
Αλιζα η λευκή των δένδρων, Μακεδονεζ. Βο речникот на Лидел и
Скот (врз основа на запишаното од Хесихиј)
пишува дека зборот αλιζα, е македонски збор за јасика (вид
дрво). Според овој речник и овој збор (според својот изговор и
значење) не постоел во грчките дијалекти. Во трудот "Indo-
European Glossaries - Old Macedonian Language" (цит. дело),
посочена е сличноста помеѓу овој античко-македонски збор и
соодветениот збор за истото дрво во некои словенски јазици, кој
гласи: јеликса.
Αλιη (АЛИЕ). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
Αλιη, καπροζ Μακεδοσιν. Βο речникот на Лидел и Скот
пишува дека зборот καπροζ, значи вепар, дива свиња и дека
зборот Αλιη е (цитат): "македонски збор за вепар". И овој
македонски збор не постоел во грчките дијалекти (каде за
зборот вепар видовме дека ce користел зборот капрос). Во
речникот на Лидел и Скот читаме дека во јонскиот дијалект
постоел збор со сличен изговор (халие), но неговото значење
било собрание.
Αμαλη (АМАЛЕ). Овој збор е објавен и во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). За не-
говото толкување Хесихиј пишyвa:αμαλη, απαλή, νεα,
[ει οξυνοιτο η δραγματα, παροξυνομενον]. Βο речникот на Лидел
и Скот пишува дека амале е форма на зборот амала и значи
сноп жито. Меѓутоа, во трудот "Indo-European Glossaries - Old
Macedonian Language" (цит. дело) пишува дека амали бил
македонски збор за нежност. He успеавме

94
да го дознаеме вистинското значење на овој збор. па остануваме
отворени кон сите идни сознанија.
Αορτηζ (АОРТЕС). Овој збор е објавен и во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Хесихиј го
спомнува овој збор како дел од облека, a во речникот на Лидел и
Скот, дадено е неговото значење како презрамки. Како дела од
облека, сосема е можно дека овој збор бил увезен во
македонскиот јазик.
Αππαζ (АПАС). Овој збор е објавен и во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишува: αππαζ ο τροφευζ. Βο
речникот на Лидел и Скот зборот τροφευζ е преведен како
негувател, одгледувач, чувар, при-ташко, a за зборот
αππαζ пишува дека кај Хесихиј значел токму τροφευζ. Овој збор
го имало и во грчките дијалекти, но со сосема поинакво
значење (религиозен, официјален, според речникот на Лидел и
Скот). Зборот апас изговорно е сличен со папа - збор што го
има во повеќе јазици, a и значењето му е приближно исто.
Αραντισιν (АРАНТИСИН или АРАНДИСИН). Овој збор е
објавен и во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι™
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска со неговото значење Хесихиј
пишува: αραντισιν, ερινυσι Μακεδονεζ. Βο речникот на
Лидел и Скот зборот ερινυσι значи еринии (митолошки
суштества, т.е. божици на одмаздата). Оттаму, зборот
αραντισιν би бил македонски збор за ериниите.
Αργυρασπιδεζ (АРГУРАСПИДЕС). Овој збор е објавен и
во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,-
Μακεδονεζ). Βο врска со неговото значење Хесихиј
пишyвa:αpγυpασπιδεσ τάγμα τι στρατιωτικον υπο Αλεξανδ-

95
ρου, што би значело: аргураспиди, единица во војската на
Александар. Всушност, ова е име на познатата македонска воена
единица сребрени штитови. Значи овој збор е сложенка,
составена од зборот аргур (сребро) и аспидес (штитови).
Всушност, ce работи за увезен збор (сложенка) во кој ce
користени зборови што ги имало во туѓиот грчки јазик (без
оглед на нивното потекло).
Αργελλα (АРГЕЛА). Овој збор ce среќава во "Суда" (алфа,
3762). Целото објаснување за овој збор гласи:
" Македонско здание во кое тие ce капеле и ce загревале".
Значи ова било еден вид бања со сауна. Во денешниот
македонски јазик нема збор со слично значење. Зборовите
ЕРГЕЛА (коњушница) и ЕРГЕН (неоженет човек) ce co сличен
изговор, но со поинакво значење.
Меѓутоа, значењето на оваа именка можеби е поврзано со
нејзината етимологија. Очигледно е дека нејзиниот корен има
топонимска основа (македонскиот град АРГ). Оттаму,
едноставно, можеби тоа била бања и сауна, која за првпат ce
појавила во тој град и како таква својот назив го оформила од
името на градот во кој настанала (АРГела). Вакви примери има
во сите јазици. На пример, денес, кај нас, познато е платното
тексас. Етимологија на името на оваа платно е во географскиот
поим Тексас (држава во САД), секако заради фактот што ова
платно таму било произведувано. Тоа не значи дека називот
тексас претставува општа именка со која ce означуваат сите
платна во македонскиот јазик, туку само одделен вид. Слично е
и со имињата на други производи кои во себе содржат
топонимска основа (минералната вода кумановка, патиките
шангајки и други). Впрочем, во продолжение ќе видиме дека
Македонците имале друг назив за општата именка бања.

96
Αργιοπουζ (АРГИОПУС). Овој збор е објавен и во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακε-
δονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј
ππωγΒ3:αργιοπουζ αετοζ Μακεδονεζ. Βο речникот на Лидел
и Скот читаме дека зборот αετοζ значел: орел, a за зборот
αργιοπουζ овде пишува (цитат): "аргиопус, орел на македонски
според Хесихиј". И овој збор не постоел во грчките дијалекти,
но не ce знае дали тој ce однесувал само на некој вид орел или
бил општа именка за орел. Во прилог на првата претпоставка е
фактот што Македонците за орел користеле и друг збор (за кој
пишуваме во продолжение).
Αργοζ (АРГОС). Претпоставеното значење на овој збор ја дава
античкиот географ Страбо. Во својата "Географија" (7 книга, 9
пасус), тој пишува:
" Кај повеќе сегашни автори рамнината исто така ce
викала Apïoc... Tue сметаат дека тоа ишка посебно Го
употребувале Македонците и Тесалијците".
Значи кај Македонците (според Страбо) именката арг(ос)
отприлика значела рамнина. Во денешниот македонски јазик
постои именката АРГАЧ (ограден простор, според "Речник на
македонскиот јазик" 1, Скопје 1961, стр. 13), за која може да ce
каже дека има сличен изговор, па и значење со античкиот збор
аргос. Во денешниот македонски јазик постои и именката
АРГАТ (наемен работник на поле) и зборови што произлегуваат
од неа. Некои истражувачи на етимологијата на оваа именка, во
неа го препознаваат коренот ТГА (ce напрега, работи). Инаку,
именката аргос ја спомнува и Хомер и истата ја поврзува со
јазикот на Пелазгите (Хомер: "Илијада" 2, 681).
Αρκον (АРКОН). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска co
неговото значење во речникот на Лидел и Скот читаме дека тоа
бил македонски збор запишан од Хесихиј, a

97
неговото значење било: безделништво, залудно трошење време.
Во денешниот македонски јазик постои придавката АРЧЕН,
која има сличен изговор со античко-македонскиот збор и
слично значење {потрошен, празен). Најсличен
старогрчки збор (според својот изговор) е зборот αρκτοζ
(арктос), но со значење мечка (според речникот на Лидел и
Скот). Ова значи дека и овој македонски збор го немало во
грчките дијалекти.
Αρφυζ (АРФУС или АРФИС). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακε-
δονεζ). Βο врска со неговото значење Хесихиј
πишyвa:αpφυζ,ιμαζ Μακεδονεζ. Според речникот на Лидел и
Скот (каде пишува дека арфус е македонски збор) читаме
дека зборот ιμαζ значи: кожен ремен, каиш, т.е. тоа отприлика
би било и значењето на македонскиот збор
αρφυζ. И овој збор (според речникот на Лидели Скот) го немало
во грчките дијалекти.
Ασπιλοζ (АСПИЛОС). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врс-ка
со неговото значење Хесихиј пишува:
ασπιλοζ, χειμαρροζ, υπο Μακεδόνων. Според речникот на Лидел
и Скот (каде пишува дека аспилос е македонски
збор) читаме дека зборот χειμαροζ отприлика значел: невреме со
дожд и снег што ce топи т.е. тоа отприлика би било и
значењето на македонскиот збор аспилос. Ваков збор, според
својот изговор постоел во грчките дијалекти, но со сосема
поинакво значење (безгрешен, според речникот на Лидел и
Скот).
Βαβρην (БАБРЕН или ВАВРЕН). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ).
Βο врска со неговото значење во речникот на Лидел

98
и Скот (каде пишува дека Βαβρην е македонски збор) читаме
дека значел: талоѓ, остаток од маслиново масло. И овој збор
не постоел во грчките дијалекти (според речникот на Лидел и
Скот). Во македонскиот јазик постои зборот (на)бабрен, но дали
има врска со античко-македонскиот збор, останува во доменот
на претпоставките.
Βαδαζ (БАДАС или ВАДАС). Овој' збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Scriptorum in Hesychio
Allatorum, Amelias Macedo). Bo врска со неговото значење во
речникот на Лидел и Скот читаме дека значел: распушшен,
неодговорен човек. И овој збор не постоел во грчките дијалекти
(според речникот на Лидел и Скот). Таму
постоел, сличен по изговор, збор βαδοζ, но имал сосема
поинакво значење (шета). Во современиот македонски јазик
постои зборот бадијала (бадијалџија), што го има речиси истото
значење со зборот бадас, a и коренот на обата збора има ист
изговор.
Βαδελεγει (БАДЕЛЕГИ или ВАДЕЛЕГИ). Овој збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι-
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј
пишува: βαδελεγει αμελγεν. Βο речникот на Лидел и Скот
читаме дека зборот αμελγεν значел: молзење млеко. Ако ce
повикаме на постоењето сличности помеѓу некои античко-
македонски и денешни македонски зборови (но и зборови од
дурги словенски јазици), тогаш можеби во овој македонски збор
ce препознава денешниот македонски глагол ВАДИ (ВАДЕ
дијалект.), па оттаму можеби овој збор бил сложенка составена
од два збора ВАДЕ (ВАДИ) ЛЕГИ (МЛЕКО), ако ce знае дека
молзењето и навистина претставува вадење млеко.

99
Βαθαλη (БАТХАЛИ или ВАТХАЛИ). Овој збор е запи-
шан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,-
Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј пи-
шува: βαθαλη, κρήνη Αμεριαζ. Βο речникот на Лидел и Скот
читаме дека зборот κρήνη значел: извор, додека Αμεριαζ е името
на античко-македонски граматичар од кого Хесихиј
го превзел зборот βαθαλη. Bo овој збор ce насетува коренот на
денешниот македонски збор бања, што го има и во други т.н.
индо-европски јазици. Познато е дека порано (па и денес)
бањите ce граделе во близина на извори вода.
Βεβροξ (БЕБРОКС или ВЕВРОКС). Овој збор е запишан
во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,-
Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј
пишува: βεβροξ, αγαθοζ, χρηστοζ, καλοζ. Βο превод ова би било:
беброкс (веврокс), добро, корисно, убаво, т.е. тоа отприлика
значел овој македонски збор. Ако го отстраниме веројатно
вештачки уфрлениот грчки суфикс, тогаш можеби ce насетува
некоја далечна врска помеѓу античко-македонскиот збор
бебро(кс) и денешниот македонски збор со исто значење добро.
Според речникот на Лидел и Скот и овој збор го немало во
грчките дијалекти.
Βεδυ (ВЕДУ) Грчкиот археолог Алики Стујанаки во перио-
дично списание "Едесаика хроника" (Воден, мај-август, 1972)
пишува дека македонскиот град Воден, што Грците го викаат
Едесса, отпрвин бил бригиски град и дека старото
име на овој град било Βεδυ (Веду), што значело изобилство со
вода. Климент Александриски пишува дека Македонците и
Фригијците ја почитувале водата и, воопшто, изворите и реките.
Тоа свое божество тие го нарекувале Веду (Ѓорѓи Поп-
Атанасов: "Библијата за Македонија и Македонците", Менора,
Скопје, 1999, стр, 57). Сличноста на името Веду со денешното
македонско име на

100
овој град, кое гласи Воден е повеќе од очигледна. Д-р Наде
Проева (цит. дело, стр. 165 и 166) посочува текстови од
оригинални античко-македонски молитви, од кои ce гледа дека
именката веду има македонско-бригиско потекло. Сличноста на
именката веду со денешниот македонски збор води (изобилство
од вода), не само што е очигледна, туку и значењето на овие
зборови е потполно идентично. Секако дека и овој збор го има и
во другите словенски јазици. Во грчките дијалекти ce користеле
неколку изрази за вода, но ниту еден од нив не бил сличен на
зборот веду (според речникот на Лидел и Скот).
Βερενίκη (БЕРЕНИКЕ). Ова всушност е познатото античко
македонско женско име БЕРЕНИКА. Бидејќи етимоло-гијата на
ова име е позната, ќе направиме осврт кон зборовите што го
сочинуваат истото.
Ова име е сложенка, која е составена од два збора: БЕРЕ и
НИКЕ. Во големиот етимолошки речник на Даглас Харпер,
читаме дека ова име било македонско, a неговата етимологија
била "таа што собира, донесува победи" (Douglas Harper:
"Online Etymology Dictioary", 2001, наслов "Berenice").
Очигледно е дека првиот збор од оваа сложенка (збо-рот БЕРЕ),
според своето значење и изговор, целосно ce поклопува со
денешниот македонски глагол БЕРЕ (собира). Во продолжение
ќе видиме дека и во фригискиот јазик (кој во многу бил сличен
со античко-македонскиот) постоел глаголот БЕРЕТ со истото
значење (собира, зема). Поради сето ова сметаме дека овој
античко-македонски и фригиски глагол е содржан и во
претходно наведената именка "АБЕРТЕ" (ранец, она што
собира, т.е. БЕРЕ предмети).
И додека состојбата со првиот збор од сложенката
БЕРЕНИКА е јасна, да направиме осврт и кон вториот збор
НИКЕ. Некој можеби веднаш ќе забележи дека тоа е "грчки
збор", што значи победа, па оттаму и ова име е "грчко" или
барем "македонско-грчко". Но, дали навистина е така? Како
прво, зборот НИК(Е) е прилично

101
застапен и во современиот македонски јазик, но не како посебна
именка, туку како суфикс, кој сметаме дека (во голем број
случаи) го има истото значење како и грчката именка. На
пример, именката работник, претставува сложенка составена од
именката РАБОТА и суфиксот НИК (произлезен од именката
НИКЕ, т.е. победа, владение). Оттаму, етимологијата на
именката работНИК е "тој што владее со работата".
Етимологијата на именката волшебНИК е "тој што владее со
волшебството". На ваков начин етимолошки можат да ce
објаснат и други именки: цариНИК (Шој што владее со
работата на царината), коњаНИК (тој што владее, Ш.е. јава
коњ) и други.
Суфиксот НИК ce користи и за друга намена, каде исто
така има слично етимолошко значење: свињарНИК (место каде
домпнираат свињите), рибарНИК (место каде
доминџраатрибите) и сл.
Откако го објаснивме значењето на суфиксот НИК. некој
можеби повторно ќе забележи дека тоа, сепак, по потекло е
грчки суфикс, кој ние Македонците сме го прифатиле од грчката
именка нике.
Но, ни ваквата забелешка нема да биде на место. Имено,
познато е дека именки во кои е содржан овој суфикс (со
идентично значење како во македонскиот јазик) ce среќаваат и
во други словенски јазици. Во хрватскиот (djelatNIK,
privredNIK), во српскиот (ратНИК), во рускиот и други. Па
како можеле припадниците на овие далечи народи да го
"примаат" овој суфикс од Грците и да го вкоренат во својот
секојдневен говор, кога ce знае дека тие во минатото немале
апсолутно никакви помасовни контакти со Грците? Познато е
дека зборови взаемно ce прифаќале и ce прифаќаат од еден во
друг јазик, но тоа е само кај народите кои граничат помеѓу себе.
Оттаму, излегува дека овој збор Грците го прифатиле од
предците на Сдоветште, a потоа истиот останал како именка во
грчкиот јазик, додека во македонскиот и во останатите

102
словенски јазици главно ce задржал како суфикс. иако значењето
останало исто. Веќе наведовме антички сведоштва според кои
Грците прифаќале многу зборови од туѓите јазици (конкретно
од македонскиот. но и од други "барбарски" јазици). Дали и
именката НИКЕ била еден од ваквите зборови, останува да
покажат идните истражувања.
Βικαξ (БИКАС или ВИКАС). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσοα Εθνικαι, Μακε-
δονεζ). Βο врска со неговото значење во речникот на Лидел и
Скот пишува дека тоа бил збор објавен од Хесихиј и
значел сфинга. Значи зборот Βικαξ би бил македонски збор за
сфингата (митолошко суштество со глава на жена и тело на лав,
кое ги убива оние што не одговараат точно на неговите загатки).
Βιρροξ (БИРОКС или ВИРОКС). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,Μακεδο-
νεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј пишува:
βιρροξ, δασύ Μακεδονεζ. Βο речникот на Лидел и Скот
пишува дека зборот βιρροξ е македонски термин за δασύ (дасу),
a овој збор, пак, е преведен како: со бујшс влакна, рунтав, т.е.
тоа отприлика значел македонскиот збор
βιρροξ. И овој збор не постоел во старогрчките дијалекти. Во
современиот македонски јазик постои глаголот вирее, кој значел
и бујност (Речник на македонскиот јазик 1, цит. дело, стр. 66),
па можеби постои некоја далечна врска помеѓу античко-
македонскиот збор вирокс (вирокос!) и глаголот вирее (вирее
коса, т.е. бујна коса!).
γαβαλαν (ГАБАЛАН или ГАВАЛАН). Овој збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι-
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска со неговото значење
Хесихиј пишува: γαβαλαν, εγκεφαλον ε κεφαλή. Ова може

103
да ce преведе како: гавалан, она што е внатре во главата или
глава (според речникот на Лидел и Скот, каде е пре-даден овој
македонски збор со вакво толкување). He треба посебно да ја
потенцираме сличноста на античко-маке-донскиот збор
гавала(н) со денешниот македонски збор глава. Ова е уште еден
пример на зборови од овие јазици кои фрапантно ce
поклопуваат со својот изговор и значење. Инаку и овој збор го
немало во старогрчките дијалекти.
γαρκαν (ГАРКАН). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσοα Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска co
неговото значење во речникот на Лидел и Скот пишува: гаркан,
прачка, гранка на македонски, според Хесихиј. Очигледно дека
сличен збор (според своето значење и изговор) во денешниот
македонски јазик е именката ГРАНКА. Во некои словенски
јазици постои и именката УГАРАК (нагорена прачка). И овде
можеме да посведочиме фрапантно поклопување според
изговор и значење на зборови од јазикот на античките и
денешните Македонци. Инаку и овој збор не постоел во грчките
дијалекти (според речникот на Лидел и Скот).
γοδα (ГОДА). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσοα Εθνικαι,Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
γοδα, έντερα Μακεδονεζ. Βο речникот на Лидел и Скот пи-
шува дека зборот γοδα е македонски израз за грчкиот збор
έντερα (ентера), a овој збор, пак, е преведен како:
внатрешност на стомакот, но и како црева, т.е. тоа
отприлика значел македонскиот збор γοδα. И овој збор го
немало во грчките дијалекти. По изговор најсличен со него
е грчкиот збор γοδαν, но тој имал сосема поинакво значење
(лелека, ce жали, според речникот на Лидел и Скот).
γοναταζ (ГОНАТАС). Ова е прекарот на македонскиот крал
Антигон (Антигон Гонат), кој владеел од околу 320 -

104
239 година пред Христа. Денес главно ce смета дека значењето
на овој збор не е познато. Меѓутоа, во "Речни-кот на грчки
иримски биографии и митологии " изнесена е претпоставката
дека овој збор бил македонски и бил ист со латинскиот збор
"gonatas", што значел "метален заштит-ник за коленото". Овде
читаме дека наводно Антигон чес-топати ги носел овие
заштитници и веројатно затоа го до-бил таквиот прекар (William
Smith: "A dictionary of Greek and Roman biography and
mythology"; London. John Murray; 1873).
Доколку е така, тогаш тоа е уште еден македонски збор,
што бил прифатен во латинскиот јазик.
γοταν (ГОТАН). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска co
неговото значење во речникот на Лидел и Скот пишува дека тоа
бил македонски збор за свиња. Сметаме дека коренот на овој
збор (така како што останал запишан од Хесихиј) изговорно
наликува на денешната македонска именка ГУДЕ (свиња), a и
значењето на двата збора е идентично. Ни овој збор не постоел
во грчките дијалекти (според речникот на Лидел и Скот).
γυαλαζ (ГУАЛАС, ГВАЛАС). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακε-
δονεζ). Bo врска со неговото значење во речникот на Лидел и
Скот пишува дека тоа бил вид сад за пиење.
δαιταζ (ДАЈТАС или ДЕТАС). Овој збор е застапен во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ).
Bo врска со неговото значење Хесихиј пишува:
δαιταζ, μερισταζ, Според речникот на Лидел и Скот може да ce
претпостави дека значењето на овој збор е поврзано
со делба (μεριστοζ е делба). Во грчките дијалекти постоел
зборот δαιτε, но тој значел: слава, банкет. Постоел и
зборот δαιτοζ, но со значење слуша. И кај нас (но и во

105
многу други јазици) постојат зборови, кои по изговор ce слични
на детас, но ce co поинакво значење. Единствено можеме да
забележиме дека првиот слог на овој античко-македонски збор е
идентичен со првиот слог на денешниот соодветен македонски
збор: дет(ас) - делба.
δαλαγχαν (ДАЛАГЧАН или ДАЛАНГЧАН). Овој збор е објавен
во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,
Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хеси-хиј пишува:
δαλαγχαν, θάλασσαν. Βο речникот на Лидел и Скот пишува дека
зборот δαλαγηαν е македонски термин за
θάλασσαν (таласан), a овој збор, пак, е преведен како: море,
бранови. И овде е очигледна идентичноста во значењето и
изговорната сличност на коренот на античко-македонскиот збор
ДАЛАГ(ЧАН) со коренот на денешната македонска именка
ДАЛГ(И) која значи токму бранови.
δανών (ДАНОН). Овој збор е застапен во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
δανών, κακοποιών, κτεινων, Μακεδονεζ. Βο речникот на
Лидел и Скот зборот δανών е прикажан како македонски збор, a
неговото значење може да ce претпостави. Грчките зборови кои
го објаснуваат значењето на овој македонски
збор значат: κακοποιών (da правиш злодела, да бидеш
никаквец) и κτεινων (да убиеш), па во ваква смисла треба да
ce бара и значењето на македонскиот збор δανών. Βο грч-
ките дијалекти постоел зборот θανατοζ што значел смрт.
Δαρρων (ДАРОН). Овој збор е застапен во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ), но и во други
извори. Овој античко-македонски збор (всушнот име на
македонскиот бог на лекувањето), според странски лингвисти
(пренесени во книгата на д-р Наде Проева

106
"Студии за античките Македонци", цит. дело, стр. 170) значел
"оној што дарува утеха, смелост ирешителност". Во
денешниот македонски јазик постои именката dùp, која
семантички и изговорно целосно ce поклопува со коренот на
името Дарон.
δαρυλλοζ (ДАРУЛОС или ДАРВЛОС). Овој збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι-
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Видовме и дека во одделни случаи
буквата υ од страна на современите лингвисти е
транскрибирана и како β (види кај именката абрутес), т.е. во
недостиг на графема за гласот в, Грците понекогаш ја
користеле буквата υ (впрочем буквите y и β и денес во некои
јазици си ги менуваат местата). Оттаму, зборот
δαρυλλοζ можеби отприлика ce изговарал како дарулос. но
можеби и како дарвлос. Во врска со неговото значење
Хесихиј пишува: δαρυλλοζ η δρυζ, υπο Μακεδόνων.
Значењето на зборот δρυζ е дрво, па во речникот на Лидел и
Скот читаме дека дарулос (дарвлос) е македонски збор за дрво.
Ако ce отстрани веројатно вештачки уфрлениот грчки
завршеток "ос'\ сметаме дека е очигледна врската помеѓу
коренот на овој збор со денешната македонска именка ДРВО,
Освен тоа, не смееме да заборавиме и дека Хесихиј најверојатно
не ги запишувал македонските зборови со нивниот вистински
изговор, туку ги транскрибирал според грчките јазични норми,
па оттаму античко-македонските (но и други) зборови стигнале
до нашево време преку својата Грцизирана форма.
Διοζ (ДИОС). Овој збор е запишан во повеќе антички извори.
Тоа всушност е името на месец кај античките Македонци, кој
отприлика ce поклопувал со месецот Ноември. Меѓутоа, во
Лексиконот "Суда" (Делта, 1202), дадено е и значењето на овој
збор. Овде читаме:

107
"Диос е име на месецот новмври кај Македонците. Тој
исто така значи млад и славен. "
Во продолжение пишува дека имало и топоним со тоа
име, што може да ce однесува на топонимот Дион во
Македонија.
Во грчките дијалекти зборот диос главно ce користел со
две значења: божествен и благородник.
Како можна аналогијата на коренот на овој збор во
денешниот македонски јазик е именката ДИВ, чие значење е
слично како на зборот Диос (славен, познат, исполцн; на пример
"оперска дива" и сл.).
δρηγηζ (ДРЕГЕС). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишува:
δρηγηζ, στρουθοι Μακεδονεζ. Значењето на зборот στρουθοι е
врапчиња, па во речникот на Лидел и Скот читаме дека
δρηγηζ е македонски збор за врапчиња. И овој збор не постоел
во грчките дијалекти. Во старогрчките дијалекти
врабец ce викал στρουθοζ (струтхос) или καιφοζ (каифос),
според речникот на Лидел и Скот. Ова е уште еден доказ за
различноста на македонскиот јазик од грчките дијалекти.
Можеби во овој античко-македонски збор ce препонава
словенскиот глагол дрека (врева), со што дрегес би бил
дрекавец. Ce разбира дека ова е само претпоставка, но треба да
ce има предвид дека во македонскиот јазик (но и во други
јазици) и навистина поедини птици ги добиле своите имиња
според ономатопејата (звуците што ги испуштат). На пример:
џивџан е птицата што џивка; кукавица е птицата што кука и
други. Дали можеби дрегес е тоа што дрека (прави врева. т.е.
дрекавец), останува во доменот на шпекулациите.
Δραμιζ (ДРАМИС). Овој збор ce употребувал за еден вид леб кај
Македонците. Зборот го запишал Атенај (Athenaus:
"Deipnosophists", Book III, стр. 188). Bo грчките дијалекти не

108
постои ниту еден збор за леб или видови леб, што е сличен на
овој македонски збор, Во речникот на Лидел и Скот предадени
ce сите познати називи за леб кај авторите кои пишувале на
старогрчки. Таму дури е и потенцирано кој автор кој израз го
употребил за леб, во кое свое дело и на кое место. Така, на
пример, овде читаме дека во старогрчките дијалекти, како
зборови за леб (вид леб или
векна) ce среќаваат зборовите: αρτοζ (артос, вид бел леб),
απυριτεζ (апуритес, вид леб), αρτιδιον (артидион, вид мал
леб), αρτισκοζ (артискос, вид мал леб),
αρτιδιον (артидион, вид мал леб), απυριτεζ (апуритес, вид
леб), αταβυριτηζ (атабуритес, вид векна), αχαινη (ачаине,
вид голем леб), βηρηξ (берекс, векна), βουκελλα (букела,
мала векна), καρδαμαλη (кардамале, векна или колач),
κολλιξ (ко-ликс, парче леб), κολλουρα (колоура, парче
леб), κριμνον, (кримнон, сиров леб), κρίνον (кринон. вид
леб, спомнат од Атенаус), σπολευζ (сполеус, леб),
βηρηξ (берекс, векна) и χαραγμη (чарагме, леб). Ова ce сите
зборови откриени во старогрчките дијалекти кои ce однесуваат
на леб или видови леб. Ниту еден од нив не наликува на
македонскиот збор драмис. Во денешниот македонски јазик
постои именката драм, но со сосема поинакво значење
(архаична мера за тежина).
δωραξ (ДОРАКС). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишува:
δωραξ, σπλην υπο Μακεδόνων μην. Преводот на овие зборови би
бил: доракс, слезина кај Македонците. Во речникот на Лидел и
Скот читаме дека доракс е македонски збор за слезина. И овој
збор го немало во грчките дијалек-
ти, каде за зборот слезина ce користел зборот: σπλην

109
(силен) и неколку форми произлезени од него:
σπληνικοζ, σπληνιτεζ и други (според речникот на Лидел и Скот).
Δωσων (ДОСОН). Овој збор е запишан во неколку антички
извори. Тоа всушност бил прекарот на македонскиот крал
Антигон Трети, кој владеел од 229 до 221 година пред Христа.
Во "Суда" (делта. 1483) читаме дека тоа било "лично име".
Помеѓу истражувачите постојат различни мислења во врска со
етимологијата на ова име (вушност прекар на Антигон Трети).
Британскиот историчар Хамонд претпоставува дека тоа
бил македонски збор со значење старател, чувар. (Подетално
за ова во современите коментари на приредувачите на "Суда",
цит. дело, Делта 1483).
Доколку ce прифати претпоставката на Хамонд, дека
значењето на овој збор било старател, чувар, тогаш во
денешниот македонски јазик постои архаизмот ДОСТ (близок
човек, пријател според "Речник на македонскиот јазик" 1,
Скопје 1961, стр. 152), кој по значење и изговорно е сличен со
ДОСОН.
Во речникот на Лидел и Скот, пак. зборот досон е објаснет
како форма од глаголот дидоми, и истиот значел: оној што има
намера да дава, оној што ветува.
εκκαλαξαι (ЕКАЛАКСАИ). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσοα Εθνικαχ, Μακεδονεζ). Bo
врска со неговото значење Хесихиј пишува:
εκκαλαξαι κλιναι το ιστιον. Според речникот на Лидсл и
Скот зборот κλιναι значел отклонување, накривување. a
зборот ιστιον е преведен како едро, мрежа. Тука некаде треба да
ce бара значењето на овој македонски збор, кој очигледно
претставува сложенка. И овој збор не постоел
во грчките дијалекти. Таму постоел зборот: εκχαλαο

110
(екчалао), но со сосема поинако значење (да го осшавиш да
продолжи, според речникот на Лидел и Скот).
εριναδεζ (ЕРИНАДЕС). Овој збор е запишан во Лексико-
нот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο
речникот на Лидел и Скот пишува дека неговото значење било
вид смоква. Во грчките дијалекти за смоквата главно
ce користеле зборовите: ολυνθοζ (олунтхос) и συκαζ (сукас), но
ce користел и збор македонскиот збор еринеос.
εσκοροδοι (ЕСКОРОДОИ). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo
врска со неговото значење Хесихиј пишува:
εσκοροδοι, τορμοι. Bo речникот на Лидел и Скот не е
застапен зборот εσκοροδοι, додека значењето на зборот
τορμοι (τορμοζ) во грчките дијалекти било дупка за клинец. Тоа
веројатно е и значењето на овој античко-македонски збор, кој
исто така не постоел во грчките дијалекти. Во речникот на
Лидел и Скот објавени ce неколку десетици зборови поврзани
со значењето дупка, кои ce користеле во старогрчките дијалекти,
но ниту еден не е налик на македонскиот збор ескородои.
Бидејќи во овој речник јасно пишува дека овој збор значел
дупка sa клинец, можеби ce работи за сложенка, во која, во
првиот дел ескор, ce насетува врска со именката вксер, која
значи токму клинец во некои словенски јазици.
Ερκιται (ЕРКИТАИ). Овој збор е запишан од античкиот
македонски граматичар Америј, a истиот го пренесува Атенај,
кој пишува:
"Америј вели дека робовите кои биле ангажирани за
работа во полињата ce нарекувале еркетаи." (Athenaios:
"'Deipnosphists", Book IV, стр. 420).
Овој збор исто така не постоел во грчките дијалекти
(според речникот на Лидел и Скот).

111
Имајќи го предвид фактот што и овој збор до нашево
време стигнал искривоколчен преку својата грчка
транскрипција, сметаме дека во него може да ce препознае
основата на денешната македонска именка аргати, која е со
исто значење и со сличен изговор (вркит - аргаш).
ζερεθρα (ЗЕРЕТРА). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
ζερεθρα, βάραθρα, κοίλοι τόποι. Βο речникот на Лидел и
Скот е застапен зборот ζερεθρον, a како негово толкување е
даден зборот βαραθρον чие значење било бездна. И
зборот κοιλοζ значи дупка, a τοποζ е место (κοίλοι τόποι -места
на кои има дупка, т.е. бездна). Тука некаде веројатно треба да ce
бара значењето на античко-македонскиот збор
ζερεθρα.
Ημαθιη (ЕМАТХИЕ, т.е. ЕМАТИЈА). Овој збор, иако
претставува топоним, решивме да го вклучиме во античко-
македонските зборови не само затоа што е објавен од Хесихиј и
од Хомер, туку затоа што, според она што го пишуваат
истакнати авторитети, во толкувањето за неговото значење, ce
откриват можни интересни хоризонти за откривање на
етимологијата на името на нашата земја Македонија. Имено, во
нашата досегашна историографија топонимот Ематија беше
толкуван само како име на мал регион во Македонија, што ce
наоѓал западно од Солун во околината на денешните градови
Негуш, Бер и Воден. Меѓутоа, изгледа дека тоа не било сосема
така. Ематија и навистина подоцна бил назив за дотичниот
регион во античка Македонија, но отпрвин Ематија било името
на самата Македонија! Потврда за ова дава Хесихиј, кога како
толкување за зборот Ематија, пишува: Ημαθιη, Μακεδονία.
(Ематија, Македонија, т.е. Ематија е Македонија). И Хомер ја
спомнува Ематија како име за Македонија. Тој тоа

112
го направил во "Илијадата" (14.226). Светски познатиот
стручњак за делото на Хомер лингвистот Џорџ Отенрит (кој е и
автор на делото "Хомеров речник" од 1891 година -дело што
денес е незаобиколна литература на сите сериозни проучувачи
на Хомер), децидно тврди дека Ематија и навистина било
античко име за Македонија. Во својот "Хомеров речник", тој
пишува:
"Ематија е античкото име на Македонија, според
'Илијадата' 14.226". (Georg Autenrieth. "A Homeric Dictionary for
Schools and Colleges", New York, Harper and Brothers. 1891 ).
Впрочем, BO стихот 14.226 од "Илијадата" пишува дека
Хера заминала од "саканата Ематија" во "снежните планини
на тракискиот коњаник". Ако ce знае дека Тракија граничи со
Македонија, јасно е дека Хомер кога напишал "Ематија" ја
имал предвид Македонија (од каде Хера заминала за Тракија), a
не само малиот регион од неа, кој воопшто не граничи со
Тракија (иако рековме дека подоцна топонимот Ематија ce
користел токму за овој помал регион од Македонија).
Сето ова отвора интересни хоризонти во толкувањето на
етимологијата на самото име Македонија. Познато е де-ка
досега постојат неколку теории за настанокот на ова име.
Според една од нив, која е и најприфатена среде
странската (но и добар дел од домашната) научна јавност,
Македонија го добила своето име од грчкиот збор макдонос
(висок, строен) т.е. името Македонија значело висока земја.
Веднаш ќе кажеме дека ваквото толкување не одговара на
фактичката состојба на теренот. Имено, кога ce вели висока
земја, секако дека ce мисли на земја во која доминираат високи
планини. Но, со Македонија состојбата воопшто не е таква и не
е јасно зошто овој факт никој не го зема предвид кога пишува за
наводниот настанок на името на нашата земја од грчиот збор
макдонос. Македонија има само неколку средно високи
планини, но далеку од тоа дека

113
таа е планинска земја (како, на пример, Албанија,
Швајцарија и други).
Според друга теорија топонимот Македонија настанал од
името на Македон (митолошка личност), т.е. Македонија би
била "земјата на Македон". Според балканската митологија
Македон бил сметан за прататко на Македонците. Тој бил роден
од Тија, која била ќерка на Девкалион, a татко му бил лично
врховнот бог Зевс. Она што е интересно е фактот што, според
оваа митологија, првиот Грк и првиот Латин потекнувале од
сосема исти родители (Пандора и Зевс), но кога ce во прашање
Македонците, т.е. митолошкиот лик на првиот Македонец,
тогаш (според легендата) тој бил роден од љубовната врска
помеѓу Зевс и Тија. Факт е дека (според митологијата) Пандора
и Тија биле сестри, но тие припаѓале во редот на првите луѓе по
митолошкиот Потоп. Од друга страна, според оваа легенда,
испаѓа дека Грците биле поблиски со Латините (затоа што
имале исти мајка и татко), отколку со Македонците (со кои
имале ист татко, но различни мајки). т.е. испаѓа дека разликите
помеѓу Македонците и Грците биле поголеми отколку
очигледните и добро познати разлики помеѓу Грците и
Латините.
Постојат и малубројни застапници на една поромантична
теорија. Во зборот Македонија тие препознаваат врска со
именката мајка (маке, дијалект). Без разлика на сериозноста на
ваквите тврдења можеби и во првобитното име на Македонија
(Ематија) ce препознава именката мати {матија, мвтица), a
така е и со името Макетија, кое некои антички автори го
користеле како име за нашата земја (кај Хесихиј јасно пишува и
дека: Макепшја е Македонија).
Во старогрчките дијалекти постоел зборот ημαθοειζ
(ематхоис), но тој збор значел песоклив. Сметаме дека за
Македонија не може да ce каже дека е песоклива земја, т.е.
песокот не е тој што толку доминира во нашата земја

114
(освен на бреговите на езерата и морето), за да може според
него да ce стави име за целата земја.
Ιζελα (ИЗЕЛА). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишу-
ва: Ιζελα, αγαύη τύχη Μακεδονεζ. Преводот на зборот
αγαύη е добро, a зборот τύχη значел добро постигнато,
создадено, користено од човек (според речникот на Лидел и
Скот). Значи, тука некаде треба да ce бара значењето на
античко-македонскиот збор Ιζελα (изела), кој (според речникот
на Лидел и Скот) исто така не постоел во грчките дијалекти.
Впрочем, гледаме дека Хесихиј го објаснил значењето на овој
македонски збор со помош на, сОсема поинаквите, грчки
зборови со исто значење: спате и туче.
Ινδεα (ИНДЕА). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишу-
ва: Ινδεα, μεσημβρία Μακεδονεζ. Преводот на зборот
μεσημβρία е пладне, средина на денот (според речникот на
Лидел и Скот, каде за зборот пндеа пишува дека е македонски
збор за пладне, средина на денот). Во грчките дијалекти, ce
користеле и други зборови за пладне, меѓу кои
и сличниот збор ενδιον (ендион), a што ce однесува до
современиот македонски јазик, овој античко-македонски збор
можеби има некоја далечна врска со именката ден.
Καδαρον (КАДАРОН). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακεδονεζ). Βο
врска co неговото значење Хесихиј пи-
шува: καδαρον, θολερον. Преводот на зборот θολερον е: каллив,
па тука некаде отприлика треба и да ce бара значењето на
македонскиот збор кадарон. И овој збор не постоел во грчките
дијалекти, каде (според речникот на

115
Лидел и Скот) за каллив ce користеле неколку зборови, но ниту
еден не бил ни налик на кадарон.
Καλλαρυγαι (КАЛАРУГАИ). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακε-
δονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј пи-
шува: καλλαρυγαι, τάφροι. Αμεριαζ. Значи и ова е збор објавен од
превземен од античко-македонскиот граматичар
Америј. Преводот на зборот τάφροι е: ровови, дупки, па тука
некаде отприлика треба и да ce бара значењето на античко-
македонскиот збор каларуги. И овој збор не постоел во
старогрчките дијалекти, каде видовме дека за ровови ce
користел зборот тафрои. Таму постоел,
сличниот по изговор, збор καλλαριαζ (калариас), но тој
имал сосема поинакво значење и ce однесувал на вид риба
(според речникот на Лидел и Скот). Можеби постои врска
помеѓу античко-македонскиот збор каларуги

и
современиот збор јаруги, што го има во некои словенски јазици
и го има потполно истото значење (ровови).
Καλιθοζ (КАЛИТХОС, КАЛИТОС). Овој збор е запишан
во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,-
Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј пи-
шува: καλιθοζ, οινοζ. Αμεριαζ. Значи и ова е збор објавен од
превземен од античко-македонскиот граматичар Америј.
Зорот οινοζ значи вино (исто како и во денешниот македонски
јазик, но и други словенски јазици) поради што
претпоставуваме дека καλιθοζ бил вид македонско вино. И овој
збор то немало во старогрчките дијалекти (според речникот на
Лидел и Скот).
Καμαστίζ (КАМАСТИС). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακεδονεζ). Bo
врска со неговото значење Хесихиј пи-

116
шува: καμαστιζ, μέτρο® τι. Αμεριαζ. Значи и ова е збор објавен
од превземен од античко-македонскиот граматичар
Америј. Зборот μετρον значел она со што нешто ce мери
(според речникот на Лидел и Скот, каде е предаден и
македонскиот збор камастис, кој вака е опишан). И овој збор го
немало во старогрчките дијалекти (според речникот на Лидел и
Скот).
Καναδοί (КАНАДОИ). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишу-
ва: καναδοί, σιαγονεζ, γηαθοι. Зборовите σιαγονεζ и
γηαθοι имале слично значење: челуст, вклештеност (според
речникот на Лидел и Скот, каде е предаден и македонскиот збор
канадои со вакво толкување за неговото значење). Инаку и овој
збор не постоел во грчките дијалекти, каде видовме дека за
зборот челуст главно ce
користеле зборовите σιαγονεζ и γηαθοι. Сметаме дека постои
очигледна изговорна сличност помеѓу античко-македонскиот
збор канадои и денешниот македонски збор канџи (што то има
и во други словенски јазици), a и значењето им е приближно
исто.
Καραβοζ (КАРАБОС). Овој збор е запишан кај Хесихиј
(поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο Етимолош-киот
речник на Даглас Харпер пишува дека зборот веројатно е со
античко-македонско потекло и дека неговото значење е црна
болва (Douglas Harper: "Online Etymology Dictionary", 2001,
наслов "scarab" http://www.etymonline. com/index.php?l=s&p=6).
Повикувајќи ce на ваквото значење, сметаме дека во зборот
КАРАБОС и навистина ce препознава сложенка, составена од
придавката ΚΑΡΑ и именката БО(С). Придавката ΚΑΡΑ, со
истиот изговор и истото значење (црн, црна), постои и во
денешниот македонски јазик ("Речник на македонскиот
јазик" 1,

117
Скопје 1961, стр. 320). Можеби некој ќе забележи дека
придавката ΚΑΡΑ no потекло е турцизам, но за ова не постојат
никакви докази. Гледаме дека ваквиот збор постоел во јазикот
на античките Македонци, па можеби оттаму стигнал и до други
јазици. Дали подоцна од коренот на овој збор ce стигнало и до
денешниот македонски збор ЦРН (кара, карн, царн, црн)1
Идните лингвистички истражувања, можеби ќе дадат одговор на
ова прашање.
Вториот дел од сложенката КАРАБОС (без грчкиот суфикс
"С"), гласи БО. Значењето на овој збор би било БОЛВА. И овде
сметаме дека можат да ce препознаат контури на ист корен.
И зборот карабос не постоел во грчките дијалекти. Во
речникот на Лидел и Скот предадени ce сите старогрчки називи
поврзани со именката болва и ниту еден од нив не е налик на
зборот карабос. Овде читаме дека единствено Аристотел го
употребил овој збор, но за него ce знае дека бил роден во
Македонија.
Καραξι (КАРАКСИ). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικοα,Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишу-
ва: καραξι, στ(αυ)ρωσω. Точното значење на овој збор може само
да ce претпостави. Во речникот на Лидел и Скот (каде е
предаден овој македонски збор) неговото значење (според она
што го запишал Хесихиј) ce поврзува со
значењето на зборот στ(αυ)ρωσω (стросо). За овој збор, пак, ce
претпоставува дека бил форма на грчкиот збор
στωρνυμι (сторнуми). Конкретно, формата στωροσων]3 објавил
Атенај. Значењето на овој збор било: шнрење, опфаќање,
расфрлување. Во старогрчките дијалекти посто-
ел збор со сличен изговор χαραξ {чаракс), но тој имал сосема
поинакво значење: колец (стторед речникот на Лидел и Скот).

118
Καρυστειναί (КАРУСТЕИНАИ). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακε-
δονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј пишу-
ва: καρυστειναί, κεκραγεναι, Λακωνεζ. Βο речникот на Лидел и
Скот читаме дека зборот карустеинаи е израз за
лаконскиот збор кекраѓенаи (κεκραγεναι, Λακωνεζ). Значењето
на кекрагенаи е крешти, креска. И овој збор, со ваков изговор и
значење, не постоел во грчките дијалекти. За разлика од тоа,
сметаме дека постои очигледна врска помеѓу коренот на
античко-македонскиот збор карустеинаи и денешниот
македонски збор крешти.
Καυσια (КАУСИЈА). Ова е име на познатата македонска шапка,
која веќе ја спомнавме од лексикотот "Суда" (Капа. 1139). Овој
збор ce среќава кај повеќе антички автори. Каусијата била бела
шапка (шешир) и имала широк обод. Во врска нејзината
етимологија историчарот Роџер Перс во својот коментар за
делата од Фотиј, пишува:
"Каусија била вид лесен шеишр... кој бил носен од
Македонците за да ги заштити од горештината и врелината
на сонцето. ("Photius", edited by Roger Pearse, Great Britain 2002.
електронска верзија достапна на:
http://www.eaiiychristianwritings.com/fathers/photius_03bibliotheca
.htm).
Значи, со голема веројатност може да ce претпостави дека
овој збор всушност бил сложенка, чија етимологија била
заштита од сончевата жештина. Ако ce има предвид фактот
дека во прастарите времиња (а секако и подоцна, па и во нашево
време) одделни зборови биле создавани врз основа на својата
функција (на пример ветробаран -предмет што брани од ветер и
сл.), веднаш паѓа в очи дека постои очигледна аналогија помеѓу
етимологијата на зборот каусија со зборови од денешниот
македонски јазик. кои ја опишуваат функцијата на оваа шапка.
Можеби овој збор бил составен на два дела: КА и УСИЈА.

119
Слогот КА во одделни случаи во денешниот македонски
јазик, ce среќава на почетокот на некои именки кои ce
однесуваат на предмети чија функција е поврзана токму со
одредена заштита (капа, капак, кацига, капар и сл.).
Зборот УСИЈА сметаме дека не треба посебно да го
објаснуваме. Неговото значење е токму вжештеност,
усиениост.
Именката каусија без сомнение е еден од оние македонски
зборови кои биле дисперзирани и останале зачувани во
латинскиот јазик (за што претходно пишувавме). Во латинскиот
постои зборот cautim (заштитеносш) од кој пак настанал и
англискиот збор caution (внимателност, претпазливост).
Вистината дека капата (и именката) каусија Римјаните ја
прифатиле од Македонците, е запишана и во големиот
"'Латински Речник" од д-р Чарлтон Левис и Чарлс Скот, каде во
поднасловот "causia", читаме:
" Каусија е македонски бел шешир со обод, кој ce носел во
Рим од страна на посиромашните луѓе како заштита од
сонцето". ("A Latin Dictionary" founded on Andrews' edition of
Freund's "Latin dictionary", revised, enlarged, and in great part
rewritten by Charlton T. Lewis, Ph. D. and Charles Short, LL.D.
Oxford. Clarendon Press. 1879.ISBN: 0198642016).
Интересно е и тоа што каусијата имала бела боја што
значи дека на античките Македонци им била позната научната
вистина дела белата боја ги одбива сончевите зраци.
Во современиот македонски јазик постои именката
кауција (гаранција, заштита на даденото). Дали има некаква
врска оваа именка со античко-македонскиот збор каусија (капа,
т.е. заштитник за глава од сончевата жештина)! Познато е
дека во минатото луѓето кои позајмувале пари, како гаранција
дека ќе ги вратат, ја оставале и својата шапка. Можеби оттаму
доаѓа врската помеѓу зборовите кауција и каусија? Во прилог на
оваа

120
претпоставка е и фактот што друг израз за кауција, кај нас е
именката капар, која исто така во себе ја содржи именката капа.
Оттаму, доколку именката капар ce развила од именката капа,
т.е. од оставањето на капата во знак на гаранција, тогаш може да
ce каже дека и именката кауција ce развила од именката каусија
(исто така капа, која ce оставала во знак на гаранција). Ce
разбира дека сето ова ce само претпоставки, кои заслужуваат
натамошна анализа.
Инаку, во грчките дијалекти постоел зборот καυσιζ
(каусис) што исто така значел: вжештеност. Во овој збор
сметаме дека ce препознава словенскиот корен ycû(ja), па
поради фактот што зборови со ваков корен има во повеќе
словенски јазици (од кои, некои никогаш немале позначајни
допирни точки со старогрчките дијалекти) сметаме дека не ce
работи за автентичен грчки збор.
Κεβλη (КЕБЛЕ, КЕВЛЕ). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικαι,Μακεδονεζ). Bo
речникот на Лидел и Скот пишува дека тоа била "македонска
форма" од зборот кефале (глава). Значи овде имаме случај на
македонски збор сличен со збор од грчкиот јазик. Но,
перетходно видовме дека Македонците за именката глава го
кристеле и изразот гавала (кој.е многу сличен со денешниот
македонски збор глава). Овде сметаме дека е место да спомнеме
уште една теорија за карактерот на јазикот на античките
Македонци, според која, во овој јазик имало два главни
дијалекта. Македонците кои живееле на брегот (близу до
Грците) имале во својот дијалект прифатено извесен број
грцизми за разлика од Македонците кои живееле во
внатрешноста и чиј дијалект немал речиси никаква врска со
грчките дијалекти. Веројатно оваа теорија е заснована на фактот
што во античко-македонскиот јазик ce регистрирани неколку
различни зборови за ист поим од кои некои звучат близу до
грчките, a некои ce сосема оригинални, па дури и слични на

121
современите македонски зорови или на зборови од други
словенски јазици.
Κληδον (КЛЕДОН). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишува: κληδον, σωρον. Βο
речникот на Лидел и Скот читаме дека зборот кледон го имало и
во грчките дијалекти, но имал сосема поинакво значење од
македонскиот збор. Конкретно, во грчките дијалекти зборот
кледон значел: претскажување. a ce користел и како израз за
повик (според речникот на Лидел и Скот). Но, во македонскиот
јазик зборот кледон значел куп, количество од предмети (според
преводот на зборот
σωροζ, т.е. σωρον, со кој Хесихиј го објаснил значењето на
македонскиот збор кледон). Сметаме дека постои сличност
помеѓу овој античко-македонски збор и денешниот македонски
збор клада, кој отприлика го има истото значење.
Κυνουπεζ (КУНУПЕС). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο
врска со неговото значење Хесихиј пишува:
κυνουπεζ, αρκτοζ, Μακεδονεζ. Зборот αρκτοζ (арктос) значел
мечка (според речникот на Лидел и Скот), па оттаму значењето
на зборот кунупес би било мечка или eue мечка. И овој збор не
постоел во грчките дијалекти, каде за мечка ce користеле
неколку зборови (меѓу кои најчесто арктос). Во современиот
македонски јазик постои називот КУНА (со латинско име martes
martes) за вид месојадно крвожедно животно, кое живее на
поширокиот простор во Европа (вклучително и Македонија).
Κυρνοι (КУРНОИ). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
со неговото значење Хесихиј пишува:
κυρνοι, οι νόθοι. Зборот νόθοι (нотои) значел копилиња,

122
(според речникот на Лидел и Скот, во кој за курнои пишува дека
е македонски збор за копилиња), па тоа отприлика би било и
значењето на зборот курнои. И овој збор не постоел во грчките
дијалекти со вакво значење и изговор, каде за копилиња видовме
дека ce користел зборот нотои. Во грчките дијалекти постоел
зборот курнос, но тој имал сосема поинакво значење (арамиско
Гнездо, според речникот на Лидел и Скот). Во македонскиот
јазик, пак. постои зборот курназ со значење дрзок човек.
Κωρυκοσ (КОРУКОС или КОРИКОС). Овој збор го спомнува
античкиот автор Атенај, во чие дело читаме:
"Хегасандер во своите Мемоари вели дека сировите
школки од страна на Македонците биле нарекувани корики".
(Athenaios: "Deipnosophists" Codes, цит. дело стр 145).
Значи значењето на овој збор е поврзано со школки.
Поради фактот што постојат зборови од јазикот на античките
Македонци, кои по своето значење и изговор, повеќе или
помалку, соодветствуваат на зборови од денешниот македонски
јазик (но и на зборови од други словенски јазици), пред нас ce
појавуваат неколку можности во врска со толкувањето на зборот
корики.
- Овој збор нема соодветна аналогија со збор од
денешниот македонски јазик или со збор од други словенски
јазици.
- Од овој македонски збор (запишан од грчки автор и
со грчка транскрипција) можеби со текот на времето, низ
лавиринтите на усните преданија, произлегла денешната
македонска именка ШКОЛКИ.
- Античко-македонскиот збор корики асоцира на
денешниот македонски збор кори. Дали и во овој случај ce
случила промена на значењето, но не и на изговорот?
Школката е тврда, таа има тврди кори, кои ја заштитуваат
нејзината внатрешност. Дали можеби тука имаат некоја

123
допирна точка значењата на овие два збора? Тоа останува во
доменот на шпекулациите.
- Македонскиот збор корики можеби воопшто не бил
општа именка за школки. Можеби, едноставно, тоа бил назив за
одреден вид школки. Во таков случај нема потреба да ce прави
споредба со денешен македонски збор.
Која од овие претпоставки ќе ce покаже како најблиска до
вистината, да оставиме да покажат некои идни истражувања и
анализи.
Инаку, зборот κωρυκοζ го имало и во грчките дијалекти,
но таму имал сосема поинакво значење (кожена торба).
Κραβατοζ (КРАБАТОС или КРАВАТОС). Состојбата со овој
античко-македонски збор е многу интересна и истата бара
поширока елаборација. Но, пред тоа да кажеме нешто за
неговото значење.
Овој збор е спомнат во големиот речник на Лидел и Скот
(цит. дело). Во врска со неговото значење читаме:
"Краватос, кауч или кревет. На латински грабатус.
Спомнат е βό Новиот завет. Тоа бил македонски збор.
Во "Речникот на грчки и римски старини" во врска со
овој збор читаме:
"Зборот краватос бил употребен во Новиот Завет...
Саламсиј вели дека тоа бил македонски збор". ("А Dictionary of
Greek and Roman Antiquities", William Smith, LLD. William
Wayte. G. E. Marindin. Albemarle Street, London. John Murray.
1890).
Практично, овде имаме едно важно сознание, a тоа е дека
уште еден античко-македонски збор бил употребен во
оригиналниот текст на Библијата (Новиот Завет). Она што е
уште поинтересно е дека и изговорно и семантички овој збор
(ако ce отстрани грчкиот суфикс "oc") e речиси идентичен со
денешниот македонски збор КРЕВЕТ (кој, секако дека го има и
во други словенски јазици).

124
Очигледно е дека и зборот КРАВАТОС е еден од оние
македонски зборови, кои биле прифатени во латинскиот јазик,
каде останал зачуван како ГРАБАТУС.
Овој античкомакедонски збор ни открива уште еден
интересен момент. Авторот Е. Т. Мерил дава прецизно
толкување на етимологијата на овој збор, па тврди дека
КРАВАТОС бил постела на ногарки. Тој пишува:
"Краватос е македонски збор за постела на ноѓарки".
("Catullus" E. T. Merrill, Cambridge, Harvard University Press,
1893, OCLC: 35523114).
Ако направиме осврт кон етимологијата на денешниот
македонски збор КРЕВЕТ, ќе видиме дека во коренот на
овој збор е содржан глаголот КРЕВА. Тоа значи дека
етимологија на КРЕВЕТ би била: постела, подигната, т.е.
крената од подот (постела на ногарки). Штом иста таква
етимолиогија има и античко-македонскиот збор
КРАВАТОС (постела на ногарки), тогаш со голема веројатност
може да ce претпостави дека и глаголот КРЕВА (како основа на
именката КРЕВЕТ) во јазикот на античките Македонци ce
изговарал слично.
Кога сме кај Библијата, да кажеме дека зборот КРАВАТОС
то употребиле евангелистите Марко, Јован и Лука.
За свети Лука, во книгата "Исус Христос и Македонците"
наведовме повеќе податоци и мислења на современи библиски
историчари, според кои, тој имал македонско потекло, a ваквиот
податок го признава и МПЦ. Свети Лука го употребил зборот
КРАВАТОС со значење КРЕВЕТ, во "Дела Апостолски" (5, 15 и
9,33). Ова е уште еден сегмент во поткрепа на теоријата за
неговото античко-македонско етничко потекло.
Λακεδαμα (ЛАКЕДАМА). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: ΓλοσσαιΕθνικοα,Μακεδονεζ).
За неговото значење Хесихиј пишува:
λακεδαμα ύδωρ αλμυρυν αλσι πεποινμενον, ο πινουσιν οι τω

125
ν Μακεδόνων αγροικοι. Ова Хесихиј го запишал во поднасловот
посветен на јадења и пиења. Во речникот на Лидел и Скот
предаден е зборот лакедама, но авторите не понудиле
единствено толкување за значењето на овој збор, поради тоа
што не е сосема јасно објаснувањето дадено од Хесихиј. Од
зборовите што тој ги употребил за објаснување на зборот
лакедама не може со сигурност да ce потврди
неговото значење. Имено, зборот ύδωρ значел вода, зборот
αλμυρυν значел солен, зборот αλσ значел грутка сол,
зборот πεποινμενον е форма на глаголот πεποιεο што значел
прави, зборовите ο πινουσιν отприлика значат што пиеле,
зборовите των Μακεδόνων значеле Македонците, a зборот
αγροικοι значател полски, рурални (според речникот на Лидел и
Скот). И зборот лекадема не постоел во грчките дијалекти со
вакво значење и изговор.
Λικμαζειν (ЛИКМАЗЕЈН или ЛИКМАЗИН). Овој збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι -
Εθνικαι, Μακεδονεζ). За неговото значење Хесихиј пишува:
λικμαζειν περιλεχειν. Βο речникот на Лидел и Скот предаден е
зборот ликмазин, но за него ce дадени разни толкувања, меѓу
кои е и македонското значење кое е
објаснето со зборот περιλεχειν (перилечин). Значењето на овој
збор било лижење. Во грчките дијалекти постоел
зборот λιχμαο (ликмазо) со значење лижи, но коренот на овој
збор го има и во индо-европските јазици (лижи -македонски,
лиза - српски, lick - англиски и сл.).
Ματουηζ,Ματουλη. (МАТУЕС, МАТУЛЕ). Овој збор (во своите
две форми) е запишан во делата на неколку антички автори
(меѓу кои и Хесихиј). Во Лексиконот на Лидел и Скот пишува
дека тоа бил македонски збор и дека неговото

126
значење било украсена чинија во која ce заедно сервирале
мешани јадења (живина, растенија, мешано месо и сл.).
Во денешниот македонски јазик постои именката
МАТАЛО (според "Речник на македонскиот јазик" 1, Скопје
1961, стр. 403), чие значење е она што меша, мати.
Μεσσοψηρον (МЕСОПСЕРОН). Овој збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακε-
δονεζ). Βο речникот на Лидел и Скот значењето на овој збор е
објаснето со грчкиот збор хемиксерон (полу сув). Во грчките
дијалекти ce користел коренот на зборот
ψορ (псор) за сув.
Μυκηροζ (МУКЕРОС). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικοα, Μακεδονεζ). Βο
речникот на Лидел и Скот пишува дека значењето на овој збор
било бадем. Во грчките дијалекти за бадем ce
користеле зборовите αμυγδαλή и κάρυα.
Μυστρα. (МУСТРА). Овој збор е запишан во делото на Атенај
"Банкет за учените". Во врска со неговата етимологија читаме:
"'Хиполох Македонецот во своето Гшсмо до Линкеј, во
кое му опишуваше една македонска веселба... пшиува sa златни
лажици (кои тој Ги нарекува мустра) што му бпле давани на
секој Гостин поединечно. (Athenaios: "Deipnosophists", book III,
стр. 208).
Значи значењето на зборот мустра е поврзано со лажица.
Во денешниот македонски јазик постои именката МИСТРИЈА
(градежна алатка во форма на лажица), која изговорно и по
своето значење е слична со именката мустра.
Инаку, зборот мустра не постоел во грчките
дијалекти. Најсличен збор по изговор е μυστιλη (мустиле), но
тој збор имал сосема поинакво значење (парче леб).

127
Νικατηρεζ (НИКАТЕРЕС). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ).
Bo речникот на Лидел и Скот пишува дека тоа е македонски
збор, кој бил објавен од Тит Ливиј (Livy, 43,19) и значел
победник, непобедлив. Овој прекар го носеле и кралевите од
македонската династија на Селевкидите: Селевк Први и
Димитрија. За можното значење на коренот на овој збор НИК
пишувавме во толкувањето на името Береника.
ξανθικα (КСАНТИКА). Овој збор е запишан во Лексиконот
"Суда" (кси, б), но го има и во други антички извори (меѓу кои и
Хесихиј). Тоа всушност е име на еден од античко-македонските
месеци, кој одговарал на месецот април. Хесихиј пишува дека
Ксантика било и име на (цитат): македонски фестивал што ce
одржувал во тој
месец. Во грчките дијалекти постоел збор ξανθισιζ, но тој имал
сосема понакво значење: бојадисување во жолто, што тешко
дека би имало врска со име на некој месец или фестивал. Од
друга страна, можеби зборот Ксантика претставува сложенка.
Можеби во коренот на зборот ce препознаваат дијалектните
форми од денешниот македонски јазик, составени од прилогот
Κ (дијалектна форма за кон) и САН (дијалектна форма за
сонце). Оттаму, можеби коренот КСАН значел кон Сонцет.о.
Етимологијата е јасна. Тоа е месец во кој времето ce затоплува,
a природата ce буди, т.е. оди кон Сонцето. Познато е дека
античките Македонци гаеле посебен култ кон доаѓањето на
пролетта кога и одржувале фестивали.
Όπλιται. (ХОПЛИТИ). Овој збор е запишан во Лексиконот
"Суда" (Омикрон, 466), каде во врска со неговото значење, меѓу
другото, читаме:
"Хоплити β термин за оние што го употребуваат
оружјето на македонски начин со заоблени штитови и долги
копја".

128
Ова практично значи дека значењето на хоплити е
копјаници. Сметаме дека постои изговорна сличност во коренот
на овие два збора: ХОПЛИТ и КОПЈЕ (кои, патем, имаат исто
значење). Во прилог на ова е и фактот што честопати согласката
"х" ce заменувала со "к" (Христина -Кристина и сл.). Кај
Хесихиј е објавен зборот
οπλοα (хоплаи), но во речникот на Лидел и Скот не е дадено
неговото значење. Во грчките дијалекти постоел
зборот οπλισια (хоплисиа), кој исто така имал слично значење:
оружарница.
Παραοζ (ПАРАОС). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишува:
παραοζ, αετοζ υπο Μακεδόνων. Зборот αετοζ (аетос) значел орел
(според речникот на Лидел и Скот), па оттаму значењето на
зборот параос би било орел или вид орел. И во грчките
дијалекти, но и во современиот македонски јаик, постојат
слични ио изговор зборови, но имаат различно значење. Во
грчките дијалекти постоел зборот
παραοροζ (параорос) што значел закачен, обесен. Во
македонскиот јазик, пак, постои глаголот пара (распорува). Ако
претпоставиме дека голем дел од зборовите биле создавани врз
основа на својата функција (активност) и ако си дозволиме
малку имагинација, тогаш можеби некој ќе забележи дека
именката параос е она (животно) што е 'закачено' (обесено) на
небото (според евентуално прогрчко толкување на овој збор)
или дека параос е она што ГО пара небото (според евентуално
промакедонско толкување на етимологијата на овој збор).
Πέλλα. (ПЕЛА). Името на македонската престолнина Пела на
античко-македонскиот јазик значело камен (според речникот на
Лидел и Скот). Во денешниот македонски јазик постои
сличниот (според значење и изговор) збор спила. Овој збор
денес значи стрмна и Голема карпа. Но, кај

129
Македонците од 19 век зборот спила буквално значел камен
(види кај: "Преданија и легенди" од д-р Кирил Пенушлиски,
Македонска книга, Скопје 1969, стр. 319). Значи значењето на
зборовите пела и спила е потполно исто, a очигледна е и
сличноста во изговорот на овие два збора, посебно ако ce знае
дека, низ вековите, во македонскиот јазик, вокалите V" и "и"
честопати си ги заменувале местата во исти зборови.
Инаку, во грчките дијалекти исто така постоел
зборот πελλα (пела), но таму имал поинакви значења (дрвен
бокал и сад за пиење, според речникот на Лидел и Скот).
Περιτια (ПЕРИТИА). Овој античко-македонски збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι -
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење во речникот
на Лидел и Скот читаме: Перитиос бил четвртиот месец во
македонската година... a Перитиа бил фестивал што ce
одржувал во овој месец. Попрецизно кажано перитиа било име
на еден македонски празник. (Д-р Наде Проева, "Студии за
античките Македонци", цит. дело, стр. 167). Ce смета дека на
тој празник ce вршела луст-рација, т.е. ритуално прочистување
на војската. Прво била расфрлана на две страни утробата на
некое жртвувано куче, a потоа војската поминувала низ
средината. Овој збор не постоел во грчките дијалекти.
Најсличен, по изговор. грчки
збор бил зборот περιτιαρα (перитиара), но тој имал сосема
поинакво значење (округла капа). Од друга страна, коренот на
зборот перитиа очигледно дека го содржи денешниот
македонски глагол пери (чисти, прочистува), кој покрај истиот
изговор, има и исто значење со името на празникот перитиа
(прочистување, перење).
Πεζαίτεροι (ПЕЗАТЕРОИ или ПЕЗАТЕРИ). Овој античко-
македонски збор е спомнат во "Суда" (Пи, 912). каде читаме:

130
"Демостен ги спомнува во 'Филипиките'. Анаксимен во
првата книга во врска со 'Филипиките', зборувајќи за
Александар (Македонски Велики, з.м.) вели:
Пешадијците тој Ги подели во групи... и ш нарече
Пезатери,
Очигледно е дека овој збор е нападно сличен (ако не и
ист, доколку ce има предвид веројатната несоодветна грчка
транскприпција), со денешната македонска именка
ПЕШАДИЈЦИ (ПЕШАДЕРИ). Сличноста и од семантички и од
изговорен аспект, е очигледна.
Хамонд со право смета дека именката ПЕЗАТЕРИ е
сложенка составена од именките pez и hateiroi (N. G. L.
Hammond: "The Macedonian State, Origins, Institutions, and
History"; Published in the United States by Oxford University Press
Inc., New York.1989, ISBN 0-19-814927-1, стр. 148). Значењето и
изговорот на именката ПЕЗ ce речиси идентични со значењето и
изговорот на соодветната денешна македонска именка ПЕШ
(која ја има и во други словенски јазици). Значењето на ХЕТЕРИ
(според Хамонд) е придружници. Ваква именка постои и во
денешниот македонски јазик (хетера - жена придружничка,
според "Речник на македонскиот јазик" 3, Скопје 1961, стр.
492).
Но и во грчките дијалекти постоела именката πεζοζ (со
значење пеш). Меѓутоа и овде ќе спомнеме дека оваа именка (и
глаголот што произлегува од неа) ја има и во други словенски
јазици, па оттаму, очигледно дека не ce работи за автентичен
грчки збор. Потсетуваме на античките сведоштва според кои
Грците прифаќале многу зборови од туѓите јазици (конкретно
од македонскиот, но и од други "барбарски" јазици). Дали и
именката пез била еден од ваквите зборови, останува да
покажат идните истражувања.
Πεχαρί (ПЕЧАРИ). Овој античко-македонски збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσοα -
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј

131
запишал: Πεχαρι, ελαφοζ Αμεριαζ. Практично и овој збор
Хесихиј го превзел од македонскиот. граматичар Америј.
Значењето на зборот ελαφοζ (елафос) било елен (според
речникот на Лидел и Скот, каде е објавен и зборот печари), па
тоа би било и значењето на овој збор (влен, eue елен). И овој
збор не постоел во грчките дијалекти. Можеби постои некоја
далечна врска помеѓу овој античко-македонски збор и именката
Гшпкари?
Πιγγαν (ПИНГАН). Овој античко-македонски збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι -
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј
запишал: Πιγγαν, νεοσσιον Αμεριαζ. Значи и овој збор Хесихиј
го превзел од македонскиот граматичар Америј.
Значењето на зборот νεοσσιον (енеосион) било Голиштарец,
штотуку изведена птичка (според речникот на Лидел и Скот,
каде е објавен и зборот пинган), па тоа би било и значењето на
овој збор. И овој збор не постоел во грчките дијалекти.
Најсличен, по изговор, грчки збор бил
зборот πιγγαλοσ (пингалос), но тој имал сосема поинакво
значење (вид влекач).
Πυλαυροζ (ПУЛАУРОС). Овој античко-македонски збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι -
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј
запишал: Πυλαυροσ, πυλωροσ. Значењето на зборот
πυλωροσ (пулорос) било чувар, пазач, набљудувач (според
речникот на Лидел и Скот, каде е објавен и зборот пулаурос), па
тоа би било и значењето на овој збор. Гледаме дека слична
изговорна форма на овој збор постоела и во грчките дијалекти и
таму го имала сосема истото значење. Но, во коренот на овој
збор ce препознава и денешниот македонски глагол пули (гледа,
пази).

132
Ραματα (Ρ AM ΑΤΑ). Овој античко-македонски збор е
запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι -
Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј
запишал: Ραματα, βοστρυδια σταφυλιζ,
Μακεδονεζ. Значењето на зборовите βοστρυδια и σταφυλιζ било
гроздак (според речникот на Лидел и Скот, каде е објавен и
зборот рамата), па тоа би било и значењето на овој збор. И овој
збор не постоел во грчките дијалекти, каде гледаме дека за
гроздак постоеле други зборови.
Ρουβοτοζ (РУБОТОС или РУВОТОС). Овој античко-
македонски збор е запишан во Лексиконот на Хесихиј
(поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Bo врска со
неговото значење Хесихиј запишал: Ρουβοτοζ, ρόφημα.
Значењето на зборот ρόφημα било густа каша (според речникот
на Лидел и Скот), па тоа би било и значењето на овој збор (вид
густа каша). Во денешниот македонски јазик постои зборот
ровито (кашесто), па сметаме дека и овде изговорната врска и
врската во однос на значењето помеѓу овие два збора, ce
очигледни.
Ρουτο (РУТО). Овој античко-македонски збор е запишан во
Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακε-
δονεζ). Bo врска со неговото значење Хесихиј запишал:
ρουτο, τούτο Μακεδονεζ. Значењето на зборот τούτο било ова
(според речникот на Лидел и Скот), па веројатно тоа би било и
значењето на овој збор.
Σαρισσα. (САРИСА). Овој збор е спомнат во повеќе антич-ки
извори. Тоа е познатото долго копје на Македонската фаланга.
Овој збор нема своја етимологија во грчките дијалекти. Доколку
ce обидеме неговата етимологија и изговор да ги споредиме со
соодветни зборови од современиот македонски јазик, тогаш
можеби би ce

133
препознале зборовите ЗАРИ CE (ЗАРИ СА во дијалектна
форма). Факт е дека согласката "с" во некои случаи, ce читала и
како "с" и како "з". Доказ за ова е именката земела од
фригискиот јазик, која во некои записи е спом-ната како земела,
a во некои како семела. Поради ова, претпоставките за истата
етимологија и ист изговор помеѓу именката САРИСА и
извршниот глагол ЗАРИ CE. стануваат поверојатни. Впрочем,
веќе спомнавме дека во минатото (а така е и денес) голем број
зборови биле создавани врз основа на функцијата на
предметите што ги означувале. Тоа значи дека во нивниот
изговор (така како што останал запишан преку грчката
транскрипција) понекогаш треба да ce бара етимолошка врска
токму со функцијата на предметите што ги означувале. Тоа
значи дека во овој случај, во именката сариса треба да бараме
етимолошка врска со функцијата на предметот што го
означувала оваа именка. Тоа е долгото копје, чија функција била
да ce зарива.
Σαυαδαι (САВАДАИ). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Истиот
збор го запишал и македонскиот граматичар Америј. Тоа било
македонско име за придружниците на Дионис (според речникот
на Лидел и Скот).
За придружниците на Дионис (сатирите, меѓу кои
најстарите била нарекувани силени) ce знае дека оделе групно
(Carlos Parada: "Genealogical Guide to the Greek Mythology"
Studies in Mediterranean Archaeology, Vol 107, Coronet Books;
ISBN: 9170810621, Philadelphia, USA, 1993; наслов Silenus).
Зборот савадаии не постоел во грчките дијалекти (според
речникот на Лидел и Скот).
Во современиот македонски јазик постои архаизмот CAB
AT (стадо, група според "Речник на македонскиот јазик" 3,
Скопје 1961, стр. 135), па дали именката САВАДАИ е сложенка
(САВА-ДАИ), која етимолошки би

134
значела "груиа божесшва", останува во доменот на претпос-
тавките.
σκοιδοζ (СКОИДОС). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο
речникот на Лидел и Скот во врска со значењето на овој збор
читаме дека тоа бил македонски збор со значење
администратор, судија, управник. Во грчките дијалекти
постоел, сличен по изговор, збор σκοιδιον (скоидион). кој
бил форма од σκιαδειον, но тој имал сосема поинакво значење
(перде, според речникот на Лидел и Скот). Сметаме дека
веројатно постои врска помеѓу денешниот македонски збор
судии и античко-македонскиот збор скоид(ос), не само во
изговорот, туку и во значењето.
Ταγοναγα (ТАГОНАГА). Овој збор значел македонска
административна институција. Во грчките дијалекти постоел
зборот тагос (управник), па веројатно називот на оваа
институција е превземен од овој увезен збор.
Τεθολοζ (ТЕТХОЛОС). Овој збор е запишан во Лексико-нот на
Хесихиј (поглавие: Scriptorum in Hesychio Allatorum, Amerias
Macedo). Bo речникот на Лидел и Скот во врска со значењето на
овој збор пишува дека значел преполно, поради тоа што Америј
го објаснил значењето на овој збор со грчкиот збор анаплеос
(преполно).
Τοπειον (ТОПИОН). Овој збор е запишан во Лексиконот "Суда"
(Тау, 782). Во врска со неговото значење, читаме дека тоа бил
македонски збор запишан од старогрчкиот комедиограф
Стратис, a ce однесувал на јаже (долга врвца, лвнта). Според
речникот на Лидел и Скот овој збор постоел и во јонскиот
дијалект, но Старис наведува дека тоа е македонски збор. Во
денешниот македонски јазик постои именката ΤΟΠ, чие
значење е ролна, т.е. должина на платно, хартија и сл.". Ако го
отстраниме суфиксот во

135
зборот од "Суда", ce добива ист корен на зборот (ΤΟΠ), a и
значењето на обата збора е слично.
υφαυαι (ХУФАВАИ). Овој збор е запишан во Лексиконот
на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο
речникот на Лидел и Скот пишува дека тоа бил збор со значење
за лесно здолниште. Други податоци нема.
φοινικοζ (ФОИНИКОС, ВОИНИКОС). Овој античко-
македонски збор го пренесува д-р Наде Проева во својата книга
"Студии за античките Македонци" (Скопје, Мацедониа Прима,
1997, стр. 58). Тоа бил назив за борбено знаме. Co ова знаме,
закачено на долго копје, ce давало знак за поаѓање во борба. Д-р
Проева пишува дека називот за ова знаме бил посведочен уште
од времето на Александар Велики Македонски.
Имајќи го предвид фактот дека и овој збор стигнал до
нашево време преку својата грчка транскрипција и имајќи
предвид дека во јазикот на античките Македонци согласката
"ф", честопати била заменувана со "6" или со " β " (како што
пишува William Smith "A dictionary of Greek and Roman
biography and mythology", London. John Murray. 1873), тоѓаш
може да ce претпостави дека вистинскиот маке-донски изговор
на овој збор бил "бојник(ос)" т.е. "војник(ос)". Значењето на
обата збора е поврзаноста со борбата, па овде повторно имаме
очигледна изговорна и семантичка врска помеѓу збор од
античкиот и денешниот македонски јазик.

Овде ќе спомнеме уште два збора за кои нема децидна


потврда дека биле по потекло македонски, иако има автори кои
го тврдат тоа.
Познато е дека Македонците носеле посебни чевли
кои ce викале крепиди (κρεπιδηζ). Можеби во коренот на оваа
именка ce препознава глаголот крепи (чува), што може

136
да има врска со етимологијата на крепиди, т.е. на чевлите како
чувари на нозете. Плутарх во својата биографија за Емилиј
Паулус пишува дека крепидите биле "грчки чевлн". но Теократ
(15,6) ги опишува како "македонски воени чизми". ("A
Dictionary of Greek and Roman Antiquities" William Smith, LLD.
William Wayte. G. E. Marindin. Albemarle Street, London. John
Murray, 1890).
Сличен е случајот и со именката хламис (хла-
мида). Овој збор со неутврдено потекло е запишан од страна на
неколку антички автори во разни форми (хламус, хламун,
хламудос и сл.). Неговото значење е "кратка наметка".
Хламидата била носена и од Грците и од Македонците. Коренот
на овој збор (хлам) кај сите антички автори е ист, додека секој
од нив ги менувал само суфиксите (-ус, -ун, -удос). Во
денешниот македонски јазик постои глаголот клам (ставам,
наметнувам во дијалектна форма) за кој може да ce каже дека е
ист со коренот хлам, ако ce има предвид фактот дека согласките
"к" и "х" понекогаш си ги заменувале местата.

Други античко-македонски зборови

Освен зборовите што ги наведовме, на кои во поголема


или помала мера, им е утврдено значењето, постојат и некои
античкомакедонски зборови (главно именки), кои ce изведени
од топоними, a постојат и зборови чие значење не е сосема
јасно утврдено или воопшто не е утврдено.
Како зборови изведени од топоними ќе го спомнеме
зборот Мималони (Μιμαλονηζ). Тоа бил македонски назив на
жените што учествувале во Баханалиите. Во врска со значењето
на овој збор во "Харперовиот речник на класични
старини''(цит'. дело), читаме:

137
" Мималони или Мималониди претставува маке-донско
име за жените кои учествувале во Баханалиите, кое било
изведено од името на планината Мимас". (Harry Thurston Peck
"Harpers Dictionary of Classical Antiquities", New York, Harper and
Brothers, 1898).
Исто е и co името Пиериди, кое во Македонија било
употребувано како назив за музите. Овој збор бил изведен од
името на античко-македонската област Пиерија, a таков е
случајот и со Пиплеите. Пиеридите и Пиплеите Хесихиј ги
нарекува "македонски музи".
Хесихиј објавува и извесен број познати македонски
топоними и лични имиња.
Меѓу нив ce и имињата на македонските богови:
Зирена (Ζειρηνε) за која Хесихиј пишува дека било
македонско име за Афродита; потоа туридитв (-θουριδεζ) за кои
Хесихиј запишал дека биле нимфи и музи кај Македонците;
потоа Тавмос (или Таумос), кого Хесихиј го опишал како
"богот Apec кај Македонците" и други.
На крајот од овој наслов ќе спомнеме и зборови. кои
Хесихиј ги запиушал како " македонски ", но не го доволно
јасно објаснил нивното значење: Βαυβυκεζ (баубукес, вау-
вукес), Βρενδιεται (брендети, врендети), Βαθαρα (батара),
γωπαζ (гопас), κικερροι (кикери - овој збор на две места кај
Хесихиј е различно запишан како кикери и како кибери),
κολοβαφινα (колобафина или коловафина), κομμα-
ραι (комари, има индиции дека овој збор означувал рак-
чиња, но не е сигурно), κυνιαζ (куниас), λετμοζ (летмос),
λισσον (лисон), πελλην (пелен), πυλλει (пулеи),
ραπα (рапа), σμογη (змоге), ιλαξ (илакс), ισθλη (истхле). Ке
спомнеме уште неколку вакви зборови.
Καγχαρμον (КАНЧАРМОН или КАНГЧАРМОН). Овој
збор е запишан во Лексиконот на Хесихиј (поглавие: Γλοσ-

138
σαι Εθννκοα,Μακεδονεζ). За неговото значење Хесихиј
пишува: καγχαρμον το την λογχην ανω εχειν, Μακεδονεζ.
Преводот на зборовите το την во случајов би бил она.
Преводот на зборот λογχην е глава на копје. Преводот на
зборот ανω е глупаво, a преводот на зборот εχειν е да држши, да
имаш. Во речникот на Лидел и Скот не е понуден единствен
превод на овој македонски збор, веројатно поради тоа што не е
сосема јасно што сакал Хесихиј да објасни со зборовите што ги
употребил како толкување за неговото значење. Во грчките
дијалекти
постоел зборот καγχασμοζ (канчазмос), но со сосема поинакво
значење: силно смеење (според речникот на Лидел и Скот).
Καρπυραι (КАРПУРАИ). Овој збор е запишан во Лекси-
конот на Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι,Μακεδονεζ). Bo
врска со неговото значење Хесихиј пишу-
ва: καρπυραι,ξυλων ξηρών κοιται. Точното значење и на овој збор
може само да ce претпостави. Во речникот на Лидел и Скот не е
дадено единствено толкување на овој збор, туку е пренесено
толкувањето на Хесихиј, т.е.
зборовите ξύλων ξηρών κοιται. со кои тој ce обидел да го
објасни овој македонски збор. Зборот ξύλων (ксилон)
значел дрва, зборот ξηρών (ксерон) значел суви, исушени. a
зборот κοιται (коитаи) значел кревети, постели (според
речникот на Лидел и Скот). Значи веројатно станува збор за вид
постела.
Κεμποζ (КЕМПОС). Овој збор е запишан во Лексиконот на
Хесихиј (поглавие: Γλοσσαι Εθνικαι, Μακεδονεζ). Βο врска
co неговото значење Хесихиј пишува:
κεμποζ, κουφοζ, ελαφροζ ανθρωποζ. Интересно е дека во

139
речникот на Лидел и Скот зборот κεμποζ воопшто не е спомнат.
Неговото значење може само да ce претпостави.
Имено, зборовите κουφοζ и ελαφροζ имале разни значења, но
главното значење им било лесно. Исто е и со зборот
ανθρωποζ, кој најчесто во грчките дијалекти ce користел и со
значење за човек, но ce користел и со значење за: човештво,
жена, некој, па дури жроб и сл. И зборот кемпос го немало во
грчките дијалекти.
Овде треба да дадеме уште едно објаснување. Во некои
наши поранешни трудови како античко-македонски збор го
бевме вклучиле и зборот "челнику", објавен од Хамонд. Овој
збор ни беше претставен како таков од страна на еден друг
автор. Меѓутоа вистината е дека Хамонд не го претставува овој
збор директно како античко-македонски, туку индиректно.
Имено, тој тврди дека тоа бил влашки збор, a за Власите тврди
дека биле директни потомци на античките Македонци, што
значи дека тој смета дека "челнику" индиректно би бил и
античко-македонски збор (штом потекнува од народ кој, според
него, е потомок на античките Македонци). Ce разбира дека
"челнику" е збор и од современиот македонски јазик, a го има и
во други словенски јазици, a веќе утврдивме дека суфиксот ник
го има кај зборови од јазикот на античките Македонци.

Заклучок

Од сето она што досега го изложивме преку прегледот на


зборовите од јазикот на античките Македонци, ce наметнуваат
неколку заклучоци.
Најголем дел од овие зборови (според својот изговор и
значење) ги немало во грчките дијалекти. Ова е целосно во
склад со античките наративни сведоштва, кои веќе ги
презентиравме, a кои говорат за тоа дека античко-

140
македонскиот јазик бил сосема поинаков јазик во однос на
грчките дијалекти.
Кај добар дел од овие зборови ce насетува, повеќе или
помалку очигледна, врска со зборови од денешниот македонски
јазик, како и со зборови од други словенски јазици.
Но, некој можеби ќе забележи дека голем дел од овие
зборови имаат изговорна сличност со грчки зборови. Така, на
пример, во античкот македонски јазик постоел зборот кледон, a
во грчкиот постоел истиот збор кледон. Во македонскиот јазик
постоел и зборот каларуга, a во грчкиот постоел, сличниот по
изговор, зборов калариас. Па, дали ова значи дека македонскиот
јазик сепак бил грчки дијалект? Секако дека не, a причината за
ова е во значењето на сите овие зборови. Точно е дека во
македонскиот јазик постоел зборот кледон, a таков збор постоел
и во грчкиот јазик, но во македонскиот јазик овој збор значел
куп, клада, a во грчкиот значел нешто сосема поинакво -
претскажување. Исто е и со зборот каларуга, кој во
македонскиот јазик значел дупка, a во грчкиот јазик, сличниот,
по изговор, збор калариас значел вид риба. Така е и со многу
други зборови од двата јазика. Ако ја утврдуваме сличноста на
два јазика само врз основа на сличниот изговор на зборови (кои,
патем, имаат сосема различни значења), тогаш и во англискиот,
јапонскиот, рускиот, италијанскиот и други јазици, ќе најдеме
зборови кои слично ce изговарале со зборови од јазикот на
античките Македонци, иако имале сосема десето значење. Па,
дали тоа значи дека овој јазик бил ист со сите овие јазици?
Секако дека не. Впрочем, за ова веќе пишувавме. Притоа
спомнавме оти понекогаш постојат случаи на зборови чиј
изговор останал ист, a ce променило нивното значење, но тоа е
така само во рамките на еден ист јазик, додека за македонскиот
јазик ce знае дека не бил никаков грчки дијалект.

141
Античко-македонските месеци

Познато е дека античките Македонци имале сопствен


календар, кој ce разликувал од грчкиот (атичкиот). Античко-
македонскиот календар имал дванаесет месеци и тој останал во
употреба кај некои автори со векови по пропаста на
македонската држава. Така, на пример, месеците од овој
календар ce спомнати во Библијата (Книгите за Макавеите), a ги
користел и античкиот еврејски историчар Јосиф Флавиј, но и
други автори.
Имињата на античко-македонските месеци ce:

Диос (Октомври)
Апелаос (Ноември)
Ауденаиос (Декември)
Перитиос (Јануари)
Дустрос (Февруари)
Ксантикос (Март)
Артемисиос (Април)
Десиос (Мај)
Панемос (Јуни)
Лоос (Јули)
Горпиеос (Август)
Упербер или Летаиос (Септември)

Јасно е дека месецот Артемисиос го добил името според


името на балканската божицата Артемида, која и Македонците
ја почитувале.
Веќе наведовме можни толкувања на етимологијата на
корените на имињата на месеците Диос, Ксантикос и Перитиос,
додека етимиологијата на останатите месеци останува за
натамошни истражувања.

142
ОНОМАСТИКАТА КАЈ АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ

Како еден од "доказите" за наводното "грчко" потек-ло на


античките Македонци, грчките и прогрчки настрое-ните автори
посочуваат на личните имиња на античките Македонци, кои
наводно биле "грчки" и завршувале на типичниот грчки
завршеток "с".
Најпрво ќе спомнеме дека за вештачкото вметнување на
грчкиот суфикс "с ("ос" или "ис") веќе дадовме објаснување и
тоа токму повикувајќи ce на личните имиња на разни народи,
кои од страна на старогрчките автори вештачки биле
грцизирани. Веќе спомнавме бројни персиски, тракиски,
индиски, асирски, етиопски, египетски и други лични имиња
кои вака биле запишани.
Оттаму грчкиот завршеток "с", кој ce среќава дури и кај
некои автентични античко-македонски имиња, не може да ce
земе како "аргумент" во полза на твдрењето дека тие имиња
биле "грчки". Едноставно, ако грчките автори ги грцизирале
дури и индиските, етиопските, асирските и египетските лични
имиња, тогаш тоа истото го правеле и со македонските.
Понатаму. треба да ce има предвид дека ономастиката ce
мешала меѓу народите уште од најстарите времиња. Исто како
што среде Грците ce забележани извесен број "барбарски"
(негрчки) лични имиња, така и среде Македонците постоеле
грчки имиња. Иста е состојбата и денес. На пример, едно од
најупотребуваните имиња денес во Европа (името Јован, т.е.
Џон) по потекло е еврејско, a така е и со други имиња. Д-р
Горѓи Поп-Атанасов во својата книга: "Библијата за
Македонија и Македонците" (Менора, Скопје, 1995, стр. 45 и
46) во полза на ова нуди еден интересен пример. Тој наведува
дека најчестите лични имиња во денешниот бугарски
ономастикон ce имињата:

143
Васил, Ѓорѓи, Иван, Никола, Петар и Тодор. Сите овие имиња
ги има во постарата грчка историја и ниту едно од нив не е
бугарско. Па, зарем тоа значи дека денешните Бугари ce Грци?
Сигурно дека можеме да наведеме повеќе вакви примери кај
разни народи.
Освен тоа, прашање е и дали дотичните имиња ce
автентични грчки имиња или пак и Грците ги превзеле истите
од некој постар народ (посебно ако ce знае дека тогашната грчка
култура примала влијанија од сите околни народи, секако и од
Македонците). Како пример за ова ќе го спомнеме името
Александар. Ова име во античките извори е запишано и како
Александрос (кај грчките автори) и како Александар (кај
латинските и други автори). Но, ова име не било грчко (како
што сметаат некои автори), a доказ за ова е фактот што вакво
име било користено и од страна на древниот народ Хети (д-р
Наде Проева "Студии за античките Македонци", Мацедониа
Прима, 1997 год. стр. 25).
Во проодлжение ономастиката кај античките Македонци,
ќе ја разгледаме од два аспекта.

Лични имиња што ги носеле античките Македонци


во денешниот македонски ономастикон

Првиот аспект во врска со античко-македонскиот


ономастикон е колку од личните имиња што ги носеле
античките Македонци, останале среде денешните Македонци?
Притоа, овде нема да навлегуваме во толкување на
сложените процеси на генезата на овие лични имиња, т.е. дали
тие биле "грчки" или не, затоа што тешко дека кој и да било
денес би можел да приложи апсолутни докази во полза на
откривањето на точната етимологија на повеќето од овие лични
имиња.

144
Значи, овде ќе ce задржиме само на прашањето: колку
лични имиња што ги носеле античките Македонци, останале до
денес меѓу Македонците (без оглед на потекло-то на тие
имиња).
Споредувајќи поголем дел од античко-македонските
лични имиња, што ce среќаваат во литературата, со денешните
што ги носат Македонците, ce утврдуваат бројни меѓусебни
сличности. Некои од овие имиња дури ce и целосно идентични
со денешните македонски имиња. Други, пак, ce модифицирале
како женски имиња или како презимиња. Така, на пример,
античко-македонското машко име Александар денес ce среќава и
како женско име Алек-сандра, но и како семејно презиме -
Александрови. Некои од овие имиња, пак, претрпеле мали
модификации, но не само што нивниот корен останал ист, туку
и најголемиот број од гласовите ce задржале со сосема малку
променет редослед.
Да спомнеме нешто и за етимологијата на овие имиња.
Некој веројатно ќе забележи дека постојат сличности помеѓу
античко-македонските лични имиња со имињата на денешните
Македонци, но дека таа сличност е случајна, поради тоа што
етимологијата на овие имиња е различна. Така, на пример,
постои античко-македонско лично име Јола(ос). Постои и
денешно македонско семејно презиме Јолеви. И покрај тоа што
изговорната сличност е повеќе од очигледна, некој можеби ќе
забележи дека сегашново презиме Јолеви е добиено како
резултат на скратената форма на името Јордан (Јоле), и дека,
според тоа, нема никаква врска со античкото име Јола. На
ваквите забелешки ќе го дадеме следниот одговор.
Како прво, етимологијата на одредено име, не може
секогаш да ce докаже стопроцентно. Да земеме на пример некој
човек по име Славе. Која е етимологијата на неговото име?
Дали можеби тој го добил своето име по името на планината
Славер. Или, пак, можеби по птицата славер. Или можеби по
придавката славен! Или можеби по

145
именката Славен {Словен)! Или можеби тоа само е кра-тенка од
името Славољуб! Значи, за обичното машко име Славе
наведовме дури пет етимологии. Која од нив е онаа
вистинската, апсолутната, првобитната и автентичната? Секако
дека никој тоа не може да го докаже со стопроцен-тна
сигурност. Но, ако е така со името Славе, зошто да не биде така
и со името ЈолсО. Кој може со сигурност да докаже дека некој
Македонец, кој ce презива Јолев, и кој. на пример, потекнува од
некое село во јужна Македонија, го добил своето презиме како
резултат на кратенката на името Јордан, a не го добил своето
презиме по името на античкиот Македонец Јола, кое можеби
останало во неговото село уште од дамнина? Кој може да го
докаже тоа со стопроцентна сигурност?
Поради тоа овде само ќе наведиме список на имиња што
ги носеле античките Македонци и список на идентични или
слични имиња и презимиња што ги носат денешните
Македонци, без да навлегуваме во, не секогаш, сигурните води
на етимологијата на некои од овие имиња.
Античко-македонските лични имиња ce преземени од
цитираната домашна и странска литература за античка
Македонија, што е приложена на крајот од книгава.
Денешните македонски лични имиња ce презентирани од
книгата: "Речник на личните имиња кај МакедонциШе" од
авторот Љубица Станковска (Скопје, 1992). Во оваа
исклучително вредна книга запишани ce 23.450 македонски
лични имиња, кои авторката трпеливо ги собирала, не само од
совремието, туку и низ писмените споменици, почнувајќи од
Средновековието. За секое македонско лично име Станковска
тврди дека поседува писмен документ дека тоа име постоело
(или постои) меѓу Македонците. Практично сите спомнати
имиња од современиот македонски ономастикон во оваа книга
ce превземени од книгата на Љубица Станковска. Користевме и
податоци од списокот на лични имиња во Зборникот на браќа
Миладиновци, a за оваа намена направив преглед и на
македонските семејни

146
презимиња од " Телефонски именик на Социјалистичка
Република Македонија" (Скопје, 1988/1989).
Пред да поминеме на компаративната споредба, треба да
ce даде уште едно објаснување. Во списокот ќе бидат застапени
и имиња, за кои некој веднаш можеби ќе прокоментира дека ce
"грчки". Меѓутоа, ваквите коментари не би биле на место од
причина што ние, денешните Македонци, овие имиња не сме ги
прифатиле од Грците, туку од античките Македонци (без
разлика од каде тие ги прифатиле и какво е нивното потекло).
Значи, нас овде не не интересира од каде потекнуваат
античко-македонските имиња и дали тие ce автохони или не,
туку колку од овие имиња до денес останале кај нас. било како
целосни, било како модифицирани.
Сега, да преминете на компаративно разгледување на
списокот од личните имиња, кои ги носеле античките
Македонци, со соодветните на нив, денешни македонски лични
имиња (но и презимиња).

Лични имиња кај Лични импња кај


античките Македонци денешните Македонци
Abreas Абраш
Alexander Александар
Agela(os) Аглаија
Agerr(us) Are
Adaia Ада
Amyntha(s) Антим, Антима
Andrisc(us) Андреј
Andromach(us) Андро
Andro(s) Андро
Ania Ante(as) Ана
Antigon(us) Анте
Antigona Антигона
Antipater Антигона
Apell(es) Антип
Апе

147
Arete(s) Арета
Argae(us) Apre, Аргир
Aristarch(us) Аризан
Aristotle Аристотел
Aristobul(us) Аристотел, Ристо
Archia(s) Архе
Archideo(s) Орхидеја
Arse(us) Арсе
Arsinoe Арсение
Archabae(us) Аркадие
Asander Санде
Ata(s) Ата
Bagoa(s) Багески (презиме)
Balacras Балко
Belistiche Белислав, Белино
Bere(s) Бере
Bollon Боло, Боле
Vitel(is) Вито, Витол
Gauan(es) Гаве
Giga Гигов(презиме)
Glaukia(s) Главчо
Dada Дада
Dania Даница
Damon Дамјон, Дамјан
Darron Даре, Дарко,
Deianeira Дејана
Del(us) Деле
Desi(us) Десо, Десана
Demetri(os) Димитар
Dimn(os) Димнак, Димо
Dionys(us) Дионис
Dita Дите
Doule Дуле
Dracena Дракча
Draco Драко
Dud(es) Дуде
Glauki(as) Главко
Gorgia(s) Горѓија
Gauan(os) Гавале
Gouras Ѓуро
Euryloch(os) Евро
Epimen(es) Пимен
Efia Ефка
Zaika Заја, Зајкови (презиме)
Zaimina Земко
Zivri(s) Зивреви(презиме)
Illian(os) Илија
Iolla(s) Јолеви(презиме)
Calla(s) Кала, Калија (ж. име)
Callin(es) Калин
Candaon Канда
Caran(os) Каранови(презиме)
Catan(es) Като, Катин
Coen(us) Кенин(презиме)
Crater(os) Крате
Kynane Кина
Kisse(os) Кисе, Кисел
Cleonica Клеоника
Cleopatra Клеопатра
Cleit(us) Клите
Kopria Копров (презиме)
Commin(os) Коминовски (презиме)
Koty(s ) Коте
Crater(us) Крате
Lag(us) Лаго
Lanice Ланка
Laric(us) Ларо
Lasten Ласте
Leonnat(us) Леон, Леонид
Leonida(s) Леонида
Lyka Лика
Macaria Макарија

149
Macart(us) Макар
Macedon Македон
Mama Мамица
Manta Манта
Manto Манто
Menon Мено
Mentor Менто
Marco(s) Марко
Mede(s) Меде
Menida(s) Менде
Milo Мило
Monim(os) Моно
Moma Мома
Momo Момо
Mucati Муцан
Nana Нано
Nicanor Никанор
Nicola(os) Никола
Nicon Никон
Niconoa Никон
Nikomach(us) Никомах
Olympia(s) Олимпија
Ordan(es) Ордан
Oreste(s) Оресте
Pantauch Панда
Patrocl(us) Патраклиеви (презиме)
Perdic(as) Пердика
Peroed(as) Пере
Perustae Перуска
Perseus Перса
Pisae(us) Писе
Pita Пито
Pittak(os) Питако
Peucestas Пево
Plator Платин
Ptolemy Птолемеј
Seleuc(us) Славко
Sever(os) Север, Северин
Sipa Сипе
Sita Ситко
Simmi(as) Сима, Симан
Sirrha(s) Сире
Sopol(is) Сопол
Stamen(os) Стамен
Stasanor Стасе
Stratonica Страторска (презиме)
Tato, Täte, Tataia Тато, Татко, Татка
Temen(os) Теменуга
Tipa(s) Типе
Tyrimma(s) Тирко
Pheidon Фидан
Phila Филови (презиме)
Philip Филип
Philota(s) Филота
Philinna Филинова (презиме)
Hyll(us) Хил
Harpal(us) Харалампие
Hieronym(us) Хермина, Ермена
Hriseida Хриса, Хрисија

Во врска со овој список да го кажеме и следново.


Имињата Оресте, Дионис, Хил, Кисвл, Лаго, Боло, Бере,
Антип, Сопол и други денес се ретки имиња, но истите ги има
во Ономастиконот од Љубица Станковска, што значи дека се
посевдочени како македонски лични имиња, сега или во
блиското минато. Оресте всушност е чисто македонско име,
изведено од името на најстарото македонско племе Орести. На
името Сопол во продолжение ќе обрнеме посебно внимание.
Денешното македонско име Дуле најчесто се користи како
кратенка од името Душан, иако во Ономастиконот од

151
Љубица Станковска е заведено и како засебно име (Дуле). Но,
потполно исто вакво име (плус неколку слични со мали
модификации) постоело и во антиката на речиси целата
територија на Македонија.
Слично е и со името Момо, кое го имало во антиката (д-р
Н. Проева, цит. дело, стр. 151 и 153), a го има и денес.
Името Орхидеја можеби е дури и идентично со името
Архидеј. Ce знае дека со текот на времето вокалот "о" и
навистина честопати ce заменувал со вокалот "а". веќе
спомнавме дека градот Охрид на мапите од 12 век (но и
подоцна), бил прикажан како Ахрида и сл.
Имињата Кандаон, Данија, Дракена и Драко ce имиња на
божества. Според Речникот на Љубица Станковска машко име
Драко е посведочено во 15 век.
Името Горѓија ce среќава во Македонија и во 12 и 13 век
("Одбрани четива за историјата на македонскиот народ", цит.
дело, стр. 101).
Името Хрисија е посведочено во еден средновековен
српски документ во Струмица во втората половина на 14 век.
Во истиот документ, како мошне често женско име во
Струмица, ce споменува и името Калија, a спомнати ce и
имињата: Филомат, Горѓија, Димитрија, како и презимето
Хрисов (" Одбрани четива за историјата на македонскиот
народ ", Скопје, 1951, стр. 129-130).
Инаку, факт е дека денешните македонски лични имиња
(но и други називи) низ историјата претрпеле мно-губројни
влијанија (религиозни, културни, политички и сл.).
Најголемо влијание врз денешните македонски лични
имиња одиграло христијанството, или поточно правосла-вието,
a вакво влијание оставиле и одредени историски настани и
личности (Илинден, Тито, Сталин и сл.). Сепак, и покрај сите
овие процеси, добар дел од личните имиња што ги носеле
античките Македонци, до денес останале меѓу Македонците.
Поради сето ова ce поставува прашањето: од кого
денешните Македонци ги примиле овие бројни лични

152
имиња, до колку наводно денешните Македонци немаат никаква
врска со античките Македонци (како што тврдат некои странски
пропагандисти, но и овдешни субјекти)?

Античко-македонски лични имиња со словенски корен

Од претходно приложениот список на лични имиња што


ги носеле античките Македонци, сметаме дека има основа
претпоставката дека извесен број имиња (дури и преку својата
грчка транскрипција преку која стигнале до нашево време), по
својот изговор, нападно потсетуваат на имиња со т.н. словенски
корен.
Повеќе од овие имиња биле практикувани и од други
народи, но истите ce посведочени и кај античките Маке-донци.
Интересно е и тоа што најголемиот дел од овие лични имиња
останале зачувани и среде денешните Македонци.
Во списокот што следува вклучени ce и извесен број
бригиски имиња, од кои најголемиот дел ce најдени на
територијата на Македонија превземени од книгата "Бри-ги" на
д-р Елеонора Петрова (Скопје 1996 год.). Сметаме дека, поради
фактот што Бригите одграле голема улога во етногенезата на
античките Македонци (за што во продол-жение ќе пишуваме),
сосема е веројатно дека и овие имиња останале во употреба
среде античките Македонци, т.е. можат да ce третираат како
имиња во античко-македонс-киот ономастикон.
A сега да поминеме на презентирање примери со ими-ња
кои изговорно потсетуваат на зборови од денешниот
македонски јазик, но и на зборови од други словенски јазици:
Apell(es). Ова античко-македонско име, врз основа на
автентични извори, го пренесува д-р Наде Проева ("Сту-дии на
античките Македонци", цит. дело, стр. 32). Во

153
неговиот корен ce препознава античко-македонскиот збор пела,
за чие значење веќе пишувавме.
Atarrhi(as). Ова античко-македонско име изговорно во
себе ја содржи именката атар (наклонетост).
Ata(s). Коренот на ова бригиско-македонско име ја содржи
именката ата, која на старословенски јазик значела татко.
Овде е и именката ат (коњ). Потсетуваме дека Македонците
биле добри јавачи, a дека имиња во кои е содржана именката
коњ постојат и во ономастиконите на други народи (на пример
кај Бугарите тоа е името Аспарух, што на турко-бугарскиот јазик
значело виорен коњ и други). Во современиот македонски
ономастикон постои истото име Ата.
Веге(ѕ). Во анализата на името Береника, спомнавме дека
античко-македонскиот збор бере изговорно и семантички ce
поклопува со денешниот македонски глагол бере. Ова име
очигледно го содржи токму тој збор. Името Бере постои и во
современиот македонски ономастикон.
Berenice. Анализата на ова име веќе ја спомнавме. Во
денешниот македонски ономастикон постои името Вероника.
Bollon. Ова античко-македонско име го спомнува Квинтиј
Куртиј Руф. И во него ce препознава денешен македонски збор.
Во современиот македонски ономастикон постојат имињата
Боло и Боле.
Vitel(is). Ова античко-македонско име изговорно во себе ја
содржи денешната македонска именка вител. Во денешниот
македонски ономастикон постои името Витол, a истиот корен
ce среќава и во топонимијата (селото Витолиште).
Gauan(us). Ова е старо оригинално античко-маке-донско
име, спомнато уште од Херодот. Изговорно личи на коренот од
денешниот македонски глагол гаве(ње), т.е. мамење. Во
Македонија во 15 век посведочено е името Гаве.
Glaukia(s). Очигледно дека ова име асоцира на денешната
македонска и општословенска именка глава (за

154
која видовме дека слично ce изговарала и во јазикот на
античките Македонци). Во 19 век во Македонија е посведочено
машкото име Главко.
Dada. Именката дада во современиот македонски јазик
значи постара сестра. Името Дада постои и во денешниот
македонски ономастикон.
Darron. Ова е име на македонскиот бог на лекувањето.
чија етимолошка и изговорна сличност со денешниот
македонски збор дар, веќе ја објаснивме. Во современиот
македонски ономастикон постојат неколку имиња со коренот
дар: Дарко, Даре, Дара, Даринка и други.
Del(us). Ова име, врз основа на автентични извори, е
презентирано во книгата од д-р Наде Проева "Студии за
античките Македонци" (цит. дело, стр. 150), Името изговорно е
исто со коренот на глаголот дела (работи) што го има во неколку
словенски јазици. Името Деле постои во денешниот македонски
ономастикон.
Derda(s). Античко-македонско машко име, кое го спомнува
Квинтиј Куртиј Руф. Во денешниот македонски јазик постои
архаизмот дерд, што значи мака.
Dimno(s). Ова античко-македонско име изговорно ce
поклопува со денешната македонска придавка димно. Во
современиот македонски ономастикон постојат имињата Димо и
Димнак.
Diplai(os). Ова било име на пајонски владетел. Спомнато е
во книгата "Macedonia acta archeologica" (бр. 11, 1987-1989;
Скопје, 1990). Изговорно ова име е идентично со денешната
македонска именка дипла (архаизам за букет цвеќиња).
Dita, Ditas. Две форми на истото бригиско-македонско
име, со тоа што едната од нив е хеленизирана со суфиксот "с".
Во словенските јазици постои именката дите (дете). Среде
Македонците од 19 век забележано е иметоДите.
Dud(es). Именката дуд (вид дрво) е присутна во неколку
словвнски јазици. Имињата Дуде и Дуда ce присутни и во
современиот македонски ономастикон.

155
Zaika. Ова античко-македонско пајонско име, најдено на
натпис близу селото Витолиште го наведува д-р Наде Проева
("Студии на античките Македонци", цит. дело, стр. 151). Во
неговиот изговор ce препознава женска форма од денешниот
македонски збор зајак. Во современиот македонски
ономастикон постои името Заја.
Zaimina. Ова бригиско-македонско име изговорно
наликува на денешната македонска придавка земјина (земина,
дијалект.), но и на придавката зимна (онаа што припаѓа на
зимата). Во современиот македонски ономастикон посведочено
е машкото име Земко.
Kopria. Ова античко-македонско име, исто така е наведено
во книгата од д-р Наде Проева "Студии за античките
Македонци" (цит. дело, стр. 151). Изговорно тоа потсетува на
денешната македонска именка копра (мирудија). Во 16 век
посведочено е македонско женско име Копра.
Lasten. Ова име изговорно потсетува на именката
ластовица (на српски: ласта). Името Ласте е присутно и во
современиот македонски ономастикон.
Lyka. Ова име, според автентични извори, е предадено во
книгата " Студии за античките Македонци од д-р Наде Проева
(цит. дело, стр. 152). Изговорно ова име е исто со денешната
македонска именка лика (убаво лице), иако постои изговорна
сличност и со грчкиот збор ликос (волк). Името Лика постои и
во денешниот македонски ономастикон.
Mamina. Ова име изговорно целосно ce поклопува со
денешната македонска придавка мамина. Во 18 и 19 век среде
Македонците посведочено е името Маминка.
Mama, Mama(s). Ова ce две варијанти на истото име, од
кои едната е хеленизирана со помош на суфиксот "с". Тие ce
идентични со именката мама, која ја има во повеќе јазици. Во
Македонија во 15 век посведочено е името Мамица.

156
Manta. Ова име (кое го имало и во формата Манто) од
автентични извори го пренесува д-р Наде Проева (цит. дело,
стр. 153). Името изговорно потсетува на денешната македонска
именка мантија. Во 19 век во Македонија е посведочено
женското име Манта.
Mantyas. Ова веројатно е варијанта на претходното име.
Изговорно ова име е уште поблизу до именката мантија.
Mede(s). Коренот на ова бригиско-македонско име ја
содржи именката мед. Името Меде е присутно и во денешниот
македонски ономастикон.
Milo. Ова име е спомнато од Плутарх како име на еден од
македонските команданти во судирот помеѓу Македонија и Рим.
Интересно е тоа што дури и во оригиналниот грчки текст, ова
име е запишано без суфиксот "с". Името Мило постои и во
денешниот македонски ономастикон и истото е изведено од
придавката мило, од која ce изведени и други имиња: Милко,
Милка, Мила и сл.
Mucati. Ова бригиско-македонско име изговорно е исто
како глаголот муцати, што постои во неколку словенски јазици
(во македонскиот јазик муцна значи зборува). Во современиот
македонски ономастикон присутни ce имињата Муцан, Муце,
Муцко и други слични на нив.
Myrcin(us). Името Миркинус го запишал Херодот како име
на крал на македонското племе Едони. Ако ce отстрани грчкиот
суфикс "ус" ce добива името Миркин. Во денешниот македонски
ономастикон постои женското име Мирка (изведено од
именката мир), додека Миркин е присвојна придавка изведена
од ова име, која значи "оној што припаѓа на Мирка". Познато е
дека дури до првата половина на 20 век Македонците биле
детерминирани според името на блиска женска личност. Тоа
најчесто била мајката (Пенчо Цонин, т.е. Пенчо кој бил син на
Цона), но понекогаш дури и саканата (Коста Рацин , кој го
добил својот прекар поради името на неговата сакана Раца и
сл.).

157
Nana. Ова име, од автентични извори, го пренесува д-р
Наде Проева (цит. дело, стр. 153). Во денешниот македонски
јазик ce користи глаголот нана (спие). Името Нана постои и во
денешниот македонски ономастикон.
Perustae. Ова бригиско-македонско име изговорно
потсетува на македонската именка перустија (предмет од
старата покуќнина со помош на кој ce подготвувал ручек над
отворен оган). Во современиот македонски ономастикон ce
среќава името Перуска.
Pita. Именката пита постои во повеќе словенски јазици.
Во современиот македонски ономастикон постои името Пито.
Pittak(os). Дали ова е варијанта на претходното име?
Именката питач постои во денешниот македонски јазик (оној
што пита, бара). Во современиот македонски ономастикон
посведочено е името Питако.
Plat(or). Ова име исто така е спомнато пд д-р Наде Проева
(цит. дело, стр. 144). Изговорно во неговиот корен ce
препознава денешната македонска именка плат (вид на
платно). Во денешниот македонски ономастикон постои името
Платин.
Pyrrh(os). Основата на ова име изговорно е иста со
денешната македонска именка пир (што ја има и кај другите
словенски) јазици. Слична именка со значење поврзано со огнот
има и во грчкиот јазик. Постојат неколку антички имиња со
основата пир.
Rumi. Ова античко-македонско име е спомнато како име
најдено на натпис (Александар Матковски: "Македонија во
делата на странскитв патеписци 1778-1826"; Скопје, 1992,
стр. 54). Изговорно коренот на ова име го има во денешната
македонска придавка Румена (која ce среќава и како женско име
во денешниот македонски ономастикон).
Sever(os). Ова античко име изговорно ја содржи именката
север. Во современиот македонски ономастикон постои името
Север.

158
Sipa, Sipa(s). И овде имаме две форми на истото бригиско-
македонско име, од кои едната е хеленизирана со грчкиот
суфикс "с". Именката сипа постои во денешниот македонски
јазик (а секако и во други словенски јазици) како име на езерско
животно. Во современиот македонски ономастикон постои
името Сипе.
Sita. Ова античко-македонско пајонско име, врз основа на
автентички извори го наведува д-р Наде Проева ("Студии на
античките Македонци", цит. дело, стр. 151). Ова име изговорно
ce поклопува со придавката сита. Во современиот македонски
ономастикон постои машкото име Ситко.
Sopol(is). Случајот со ова античко-македонско име е
многу интересен. Ова име е спомнато од Аријан, како име на
македонски офицер во војската на Александар Македонски
(Arrian: "The Campaigns of Alexander", во превод на Aubrey De
Selincourt, Pengiun books, USA, 1987). Bo Речникот на Љубица
Станковска (стр. 255), е запишано потполно истото име (Сопол),
како име на Македонец од 17 век. Она што е интересно е
тврдењето на Станковска дека етимологијата на ова име е -
словенска. Во врска со ова Станковска пишува:
"Сопол, изведено од прасловенскиот корен 'соп' плус
суфикс 'ол', според Сопотин, Сопотник, според старосло-
венски 'сопол', XVIf век".
Во продолжение авторката го дава и името Сапотин, чија
етимологија ја објаснува со старословенскиот термин за силен
извор.
Stamen(es). И ова име го спомнува Аријан (цит. дело, ст.
232). Зборот стамен е познат денешен македонски збор и
истиот, по својот изговор. целосно ce поклопува со ова име што
го носеле античките Македонци. Името Стамен постои и во
денешниот македонски ономастикон.
Stasan(or). И ова име го спомнува Аријан (цит. дело на
неколку места). Очигледно дека изговорно коренот на ова име е
идентичен со денешниот македонски збор стасан. Во

159
современиот македонски ономастикон постојат имињата:
Стасе, Стасин и Стасо.
Scritia. Ова име е спомнато во книгата "Travels in Northern
Greece" by William Martin Leake, London, 1835, vol. Ill
(Национална библиотека Париз, сигнатура Ј.12345-12348).
Изговорно во ова име ce препознава придавката скрита.
Tata, Tato, Tataia. Овие имиња, врз основа на автен-тични
извори го наведува д-р Наде Проева ("Студии на античките
Македонци", цит. дело). Во средновековниот македонски
ономастикон ce среќаваат имињата: Тато, Тате, Татко, Татка и
Татин.
Temen(os). Познато античко-македонско име, кое
изговорно ce поклопува со денешниот македонски збор темен,
што го има и во другите словенски јазици. Во денешниот
македонски ономастикон постои име со ист корен - Теменуга.
Traizina. Коренот на ова бригиско-македонско име
изговорно потсетува на македонската придавка тражена
(барана, посакувана).
Caran(us). Познато античко-македонско лично име. Во
неговиот корен ce препознава денешната македонска именка
круна, која ја има и во други словенски јазици. Во современиот
македонски ономастикон постои името Каранче.
Crater(us). Ова име е спомнато од неколку автори.
Изговорно името е исто со денешниот македонски збор кратер,
што го има и во другите словенски јазици. Во
денешниот македонски ономастикон постои името Крате.
*
Постојат и други лични имиња што ги носеле античките
Македонци, кои по својот изговор асоцираат на денешни
македонски зборови и на зборови од другите словенски јазици, a
овде наведовме само некои од најочигледните.

160
Сепак недостасува етимологијата на најголемиот дел од
нив за да ce потврди целосната врска, иако изговорот нападно
ce поклопува.
Некој можеби ќе забележи дека значењето на денешните
македонски зборови, но и на зборови од другите словенски
јазици, не може да ce употреби за етимолошка анализа на
личните имиња што овде ги наведовме. Можеби некој ќе
забележи дека е тешко замисливо некој своето дете да го крсти
Перустија (метален предмет што ce ставал на огнот), па оттаму
изговорната сличност помеѓу името Перустае и именката
перустија е само "случајност". Како одговор на ова ќе
потсетиме дека критериумите за создавање на личните имиња
во антиката не биле сосема исти како денес. Конкретно, во
македонскиот ономастикон дури и во 19 век постоеле лични
имиња изведени од предмети од покуќнината. Такво е личното
име Маса, потоа името Ламбе и други. Овој факт може да
претставува индиција дека и античкото име Перустае
етимолошки е поврзано со именката перустија, која во
минатото била важен дел од покуќнината.
Што ce однесува до личните имиња, кои изговорно ce
поклопуваат со денешни македонски глаголи, ќе спомнеме дека
такви имиња постојат и во денешниот македонски ономастикон
(Гоне, Бере и други).
Што ce однесува до имињата кои изговорно ce слични или
исти со денешни македонски зборови за делови од облека
(Мантијас, Платор), ќе кажеме дека и такви имиња ce
забележани во македонскиот ономастикон. Конкретно во 19 век
е посведочено името Вуна (дијалектна форма од волна).
Сето ова е уште еден показател дека критериумите на
создавање на личните имиња во минатото и навистина не биле
исти како сегашниве и тоа мора да ce има предвид кога ce
истражува нивната етимологија.
Секако дека постојат и извесен број имиња што ги носеле
античките Македонци, кои немаат сличност со

161
денешни македонски зборови, a постојат и имиња кои имаат
свои аналогии и етимолошко толкување и во грчкиот јазик. На
крајот од ова поглавие да кажеме и дека постојат извесен број
називи за животни и растенија кај античките Македонци,
спомнати од разни антички автори, но тешко е да ce утврди кои
од нив биле чисти македонски имиња, a кои евентуално биле
прифатени од некои други народи. Поради тоа што не може да
ce утврди ни дали тоа биле имиња поврзани со одделни
географски области и сл., каде дотичните животни и растенија
ce среќавале, етимологијата на овие имиња практично тешко
може да ce истражува. Како денешна аналогија ќе ги спомнеме,
на пример, денешните називи на риби: крап, мрена, цијак и
други. Кој може да ја открие нивната етимологија? Така е и со
малиот број називи за некои животни и растенија, за кои ce знае
дека ги користеле античките Македонци, a чија етимологија
тешко може да ce утврди.

Античко-македонската топонимија

И во античко-македонската топонимија можат да ce


препознаат зборови слични или исти по изговор со зборови од
денешниот македонски јазик (но и со зборови од други
словенски јазици). Сепак, етимологијата на голем дел од
топонимите е непозната (не само на македонските, туку и на
топонимите од други земји и народи), па нивната споредба со
зборови од нечиј јазик останува во сферата на претпоставките.
Меѓутоа, ако ce има предвид дека дотичните топоними сепак, ce
создадени од јазикот на народот што прв во нив живеел,
логично би било да ce бара аналогија помеѓу топонимот со збор
од јазикот на народот што го создал тој топоним. (На пример, во
името на некој јапонски град, не можеме да бараме аналогија со
некој збор од литванскиот, рускиот или македонскиот јазик,
туку само во јапонскиот).

162
Од тој аспект гледано, ќе наведеме неколку маке-донски
топоними, кои сметаме дека (и покрај нивната грчка
транскрипција, преку која стигнале до нашево време со
честопати вметнуваниот грчки суфикс "с") имаат аналогија со
зборови од денешниот македонски јазик, но и со зборови од
руги словенски јазици (иако етимологијата на најголем дел од
нив не е позната).
Арнае. Овој град ce наоѓал на Халкидик и него го
спомнал Тукидуд (4, 103). Во неговото име ce препознава
македонската придавка арна.
Атакус. Во овој античко-македонски топоним ce
препознава именката "ата" (татко) од т.н. старословенски јазик.
Постои и античко-македонско лично име име Ата.
Барнус. Град што ce наоѓал на патот Виа Енгатиа некаде
помеѓу Лихнид и Хераклеа. Можеби неговата етимологија има
врка со денешната македонска именка "брана"!
Бероја. Овој познат македонски град очигледно дека во
себе го содржи глаголот "бере" (собира), за кој видовме дека
постои и во античко-македонската ономастика и чие значење е
познато. Потсетуваме дека во Македонија постои и град
Берово, чие име го има истиот корен.
Билазора. Изговорот на името на овој познат македонски
пајонски град потсетува денешните македонски зборови
"белазора".
Благаноис. Во изговорот на овој топоним ce препознава
денешниот македонски збор блага (богатства). Во продолжение
ќе видиме дека во фригискиот јазик придавката благо ce
изговарала како баго, што може да биде уште една индиција во
прилог на претпоставката за етимологијата на коренот на овој
топоним.
Бора. Античко-македонското име на оваа планина, на која
и денес растат борови, можеби е изведено од името на ова
растение, кое во избројана множина гласи токму бора.
Веду. Значењето на овој збор во бригискиот јазик била
вода. Всушност Веду е најстарото име на денешниот

163
македонски град Воден. Грчкиот археолог Алики Стујанаки во
периодично списание "Едесаика хроника" (Воден, мај-август,
1972, цит. според Христо Андоновски, цит. дело) пишува дека
македонскиот град Воден, што Грците го викаат Едеса, отпрвин
бил бригиски град и дека старото име на овој град било Веду,
што значело " изобилство со вода ". He само што сличноста на
името Веду со денешното македонско име на овој град Воден е
повеќе од очигледна, туку и значењето на овие зборови е
потполно идентично. Секако дека и овој збор го има и во
другите словенски јазици.
Галиа. Ова било најстарото име за Солун. Очигледна е
потполната изговорна (а можеби и етимолошка) идентичност со
денешниот македонски збор галија (кораб).
Гординиа. Овој град е спомнат од Тукидид во
"Пелопонеската војна". Во продолжение ќе видиме дека град со
речиси истото име (Гордиум) постоел и во Фригија. a неговата
етимологија била - град. Оттаму, сметаме дека и етимологијата
на овој македонски град била иста - град (город на руски),
имајќи ги предвид етно-културните врски помеѓу Македонците
и Фригијците.
Дојдие (Doidye). Име на античко-македонска колонија
која ce наоѓала во близина на лидискиот град Аполонија во
Мала Азија (P. Herrmann, "Neiie Inschriften ziir Hist. Landeskunde
von Lydien," ibid. 77, 1, 1959; 6-10). Bo името ce препознава
денешниот македонски збор дојде, што може да асоцира на
дојденци, т.е. на Македонците кои таму дошле и ја основале
оваа македонска колонија.
Добер(ос). Овој македонски град е спомант од Тукидид во
"Пелопонеската војна". Неговата етимологија не е позната, но
изговорно постетува на денешниот македонски збор "добар".
Дравеск(ос). Овој античко-македонски град ce наоѓал во
областа Едонија околу 12 км. северно од Амфипол. Сметаме
дека во неговиот корен ce препознава маке-донската (и
општословенска) именка здравје. Интересно е

164
тоа што кај Хомер денешниот македонски збор здраво е
запишан како дравикос, т.е. многу слично како името на градот
Дравескос, додека на грчки здраво е гјасу.
Китион. Име на стар град во Македонија, што го
спомнува Ксенофонт (440-355 пред Христа). Коренот на овој
топоним изговорно е ист со денешниот македонски глагол:
кити (украсува).
Китос. Име на планина во Македонија што ја спомнал
Ксенофонт. Има ист корен како градот Китион.
Кренида(с). Овој античко македонски град, основан во
360 г. пред Христа, има ист изговор со денешниот македонски
глагол: крени (подигнува).
Коронеиа. И изговорот на името на ова езеро е сличен со
денешниот македонски збор корона, a евентуалната слична или
иста етимологија ќе остане за идни истражувања.
Крестониа. Името на оваа област (по својот изговор
асоцира на денешниот македонски збор крстосница.
Лебаеа. Ова е име на некој стар град спомнат од Херодот.
Она што е интересно е дека името на овој град е поврзано со
преданието за лебот, што двојно нараснувал кога бил печен за
Пердика (идниот македонски цар), кој таму престојувал додека
бил дете. Значи, покрај сличниот изговор, имаме и индиции за
можна етимолошка идентич-ност помеѓу името на овој град и
денешната македонска именка леб.
Лете. Име на античко-македонски град, чиј изговор е ист
со денешниот македонски збор лете.
Луди(ас). Античко-македонско име на езеро, кое, по
својот изговор, личи на денешниот македонски збор луди.
Познато е дека и денес во Македонија постои река која го
содржи овој збор (Луда Мара).
Менде. Името на оваа античко-македонска населба постои
и денес како македонски збор (менде), што значи платно од
кожа нанижано со стари монети. Инаку, зборот

165
Менде денес е зачуван и како машко име, посебно кај
Македонците од јужните краеви на нашата земја.
Орестис (Орестида). Име на античко-македонска област
која ce наоѓала во југозападниот дел на Македонија. Во
фригискиот јазик "ору значело "горе". Оттаму, наверојатно дека
штом име (топоним) со ваков корен имало и во јазикот на
античките Македонци, може да ce претпостави дека и
етимологијата е иста (Орестида - Горна земја). Во Македонија
и денес постои село Орешани,
Палена. Ова е име на еден од полустровите на Хал-кидик.
Во врска со неговата етимологија веќе спомнатиот современ
бугарски историчар и лингвист Сотиров пишува:
"Палена на бугарски значи 'изгорена земја' што на Грчки
коректно е преведено како 'флегра'" (Sotiroff. цит. дело, стр. 24).
Ce разбира дека палена и на македонски значи изѓорена,
па оттаму гледаме дека етимолиогијата и изговорот на овој
топоним целосно ce вклопуваат во денешниот македонски јазик,
a секако и во други словенски јазици.
Пимпла (Pimpla). Име на област (според некои автори
име на град) во античко-македонскиот регион Пиерија. Во
некои извори овој топоним е опишан и како Пипла. Од ова име
бил изведен македонскиот назив за музите - Пиплеи. Во
македонскиот јазик (но и во други словенски јазици) ce користи
именката Гшмпла (тапка во место), но тешко е да ce
претпостави дали овој глагол во минатото има некоја врска со
етимологијата на името на областа Пимпла.
Скаптесил. Изговорот на првиот дел од името на овој
рударски регион е ист со изговорот на денешниот македонски
збор скап, што можеби и асоцира на вредноста на рудата што
оттаму била вадена.
Смила. Името на овој античко-македонски град (спомант
од Херодот) нападно потсетува на именката мила (смилена).

166
Стенаи. Етимологијата на овој античко-македонски град
веројатно била премин, теснец. Во денешниот маке-донски
јазик постои глаголот стесна.
Стибера. Етимологијата на овој македонски град, сместен
во Пелагоинија не е позната, но изговорно можеби во себе ја
содржи денешната македонска именката сШолб (стуб во
дијалектна форма).
Стоби. Познат пајонски град, чие име очигледно е слично
со името на Стибера.
Овде би го спомнале и името на македонското племе
Десарети, кои биле населени крај Охридското Езеро. Сметаме
дека во ова име може да ce препознае коренот езеро (Десарети -
Езарети - Езерци).
Сметаме дека денешни македонски и словенски зборови,
можат да ce препознаат и во имињата на античко-македонските
топоними: Бала (град во областа Пиерија). Сирае (град во
Струмичко Поле), Детела (град во Елимеја). Фиска (град),
Болустана или Волустана (премин) и други.
Секако дека постојат уште многу други (посебно
микроними), кои, по својот изговор, исто така, речиси сто-
процентно, ce поклопуваат со по некој денешен македонски
збор.
Интересен е случајот со македонскиот град Европ
(Europos). Авторот Стефан Визант смета од името на овој град
било изведено името Европа (Подетално за ова во: "The
Homeric Hymns", edited, with preface, apparatus criticus, notes, and
appendices. Thomas W. Allen. Ε. Ε. Sikes. London. Macmillan.
1904). Областа Европа порано ги опфаќала териториите на
Македонија и на дел од северна Грција (Тесалија). Во погоре
спомнатата книга од Томас В. Ален, цитирани ce антички и
современи автори кои тврдат дека областа на Македонија и
Тесалија и навистина била нарекувана Европа (секако во склад
со сфаќањата на тогашните жители на Азија, за кои тоа биле
единствените познати области од европскиот континент во тоа
време).

167
Практично, според тврдењето на Стефан Визант, нашиот
континент Европа го добил името според еден македонски град.
Постојат топоними вон Македонија, т.е. на територијата
на која живееле античките Грци, кои исто или слично ce
изговараат со некои денешни македонски зборови. Некои од нив
ce: гратчето Ливади (Livhadi), планината Oca (Ossa), островот
Кос (Коѕ), островот Карпа-тос, познатите Термопили
(Thermmopylae), за кои Херодот тврди дека домородците ги
викале Пиле (Pylae), градот Думе (во Ахаја) и други.
Интересен е случајот со името на градот Нестане во
Аркадија, кое нема своја етимологија во грчкиот јазик, но на
словенски може да ce поврзе со глаголот настане. (G. Sotiroff:
"The Language of Constantine the Great"; Elementa nova pro
historia Macedono-Bulgarica; Regina, Lynn Publishing Co.,
Saskatchewan, Canada, 1986 p. 10).
Сличен е и случајот со островот Podoc. Познато е дека
овој остров го добил своето име откако ce родил од морето
според желбата на Хелиј (Carlos Parada: "Genealogical Guide to
the Greek Mythology" Studies in Mediterranean Archaeology, Vol
107, Coronet BooksflSBN: 9170810621, Philadelphia, USA, 1993).
Да го спомнеме и името на реката Пене(ус), кое по својот
изговор, нападно потсетува на денешниот македонски збор
пена. Именката пена пак, знаеме дека е поврзана токму со
водата (пенливи води и сл.).
Интересен е случајот и со името на малиот остров Донуса
во близината на Наксос. Според легендата, овој остров го добил
своето име откако Дионис таму да донел Аријадна од Наксос.
("Dictionary of Greek and Roman Geography", William Smith,
LLD. London. Walton and Maberly, Upper Gower Street and Ivy
Lane, Paternoster Row; John Murray, Albemarle Street; 1854).
Постојат и други вакви примери.

168
Неколку можни граматички форми, од
античко-македонскиотјазик

Од анализата на дел од античко-македонските зборови


што досега ги изнесовме ce наметнуваат индиции за неколку
можни граматички форми од овој јазик, кои ги има и во
денешниот македонски јазик, но и во други словенски )азици.
Да наведеме некои од нив.

Изведување на машко u женско име од ист корен

Веќе ги наведовме имињата на македонските змијолики


божества Драко и Дракена (Draco et Dracena). Очигледно дека
овие имиња ce изведени од ист корен (Drac). Притоа, машкото
име (Draco) e изведено со помош на суфиксот "о", a женското
име (Dracena) e изведено со помош на суфиксот "ена".
Потполно истата форма на изведување машко и женско лично
име од ист корен, со истите овие наставки, постои и во
денешниот македонски јазик. Да го земеме на пример коренот
Спас. Во денешниот македонски ономастикон, постои многу
често машко име. изведено од овој корен, кое гласи Спасо. Но,
постои и женско име Спасена, кое е изведено од истиот корен
(Спас) со помош на наставката "ена". Потполно исто како во
случајот со Драко и Дракена. Постојат и други вакви (или
слични) примери во денешниот македонски ономастикон (Арсо
- Арсена, Трпо -Трпена, Мило - Милена и други).

Можен деминутив кај личните имиња?

Индиција за можниот деминутив кај личните имиња


претставува античко-македонското женско име Хирнето
(Hymaitho). Taa била ќерка на Темен(ос), која живеела некаде во
8 и крај на 7 век пред Христа. Ова значи дека ова античко-
македонско женско име (иако до нас стигнало преку туѓата
грчка транскрипција), претставува име, кое ce

169
користело од античките Македонци во времето кога кај нив
превладувала автохтоната македонска култура.
Очигледно е дека ова женско име, според својот
завршеток "ето", отскокнува од мнозинството останати
античко-македонски женски имиња, кои воглавно (исто како и
огромното мнозинство од денешниве македонски), завршувале
на вокалот "а" (иако така е и со имињата кај некои други
народи).
Но, името Хирнето (поточно неговиот завршеток "ето")
можеби останало до нашево време запишано во својата
деминутивна форма. Да ce потсетиме дека и денес, кај огромен
број македонски женски (но и машки) лични имиња, ce користи
потполно истата деминутивна форма со завршетокот ето. На
пример: Марија - Марето; Весна -Веснето, Миле - Милето;
Коле-Колето, Васа - Васето и многу други. Значи, името на
оваа жена можеби било Хирна, a до нашево време стигнало
запишано како Хирнето. Ова не е воопшто чудно и истото ce
случува и денес. И денес во Македонија постојат бројни случаи
(записи и сл.). во кои (посебно женските) лични имиња ce
прикажуваат исклучиво во својата деминутивна форма (на
пример: Љупчо и е син на Васето Азова; Оваа песна и е
посветена на Марето Нацева и сл.).
Во прилог на ваквата претпоставка за толкувањето на ова
име, постои уште еден интересен момент. Имено, вак-вата
деминутивна форма (со завршетокот "ето") постои во цела
денешна Македонија. Но, неа воопшто ја нема во грчкиот јазик.
Во грчкиот јазик деминутивната форма на женските имиња е
сосема поинаква (Мариа - Мараки, Виси-лики - Василикула и
сл.). Во бугарскиот јазик исто така пос-тои оваа форма, a неа ја
има и во делови на јужна Србија.
Практично суфиксот "ето", од името Хирнето, е пот-
полно ист со деминутивната форма на повеќе денешни ма-
кедонски лични имиња. Оваа деминутивна форма и денес во
записите на македонски јазик, честопати го заменува номи-
нативното претставување на македонските женски лични

170
имиња. Доколку не е така, тогаш ќе треба да ce објасни зошто
речиси сите женски античко-македонски имиња на завршуваат
на "д",а единствено оваиме завршува на "ето".

Изведување присвојна придавка од лични имиња

Оваа можна граматичка форма ја наведовме во


објаснувањето на името Миркинус (Myrcinus), кое го запишал
Херодот како име на крал на македонското племе Едони. Веќе
спомнавме дека ако ce отстрани грчкиот суфикс "ус" ce добива
името Миркин што во денешниот македонски јазик етимолошки
значи "оној што припаѓа на Мирка". Спомнавме дека дури и во
првата половина на 20 век (а секако и пред тоа) Македонците
биле детерминирани според името на блиска женска личност.
Тоа најчесто била мајката (Пенчо Цонин, т.е. Пенчо кој бил син
на Цот), но понекогаш дури и саканата (Коста Рацин, кој го
добил својот прекар поради името на неговата сакана Раца и
сл.).
Името на едонскиот крал Миркин(ус) не е единст-вениот
пример, каде (веројатно) ce среќава оваа граматичка форма. Ист
е случајот и со содржината на еден натпис. про најден на плоча
од близината на селото Извор (близу Бер) од 253 година по
Христа. Содржината на овој натпис гласи:
"Јас Деси(ос) Комин(ос) Јулиан(ос) и подарив на мај-ката
на боговите Автохтоната дете, на име Калокерон Олимпин,
на возраст од 12 Години, родум - Македонец". (Проф. Фотис
Пецас: "Во шпицот меѓу идолопоклонство-то и
христијанството", в. "Елиникос Ворас". цит. според Христо
Андоновски: "Јужна Македонија од античките до денешните
Македонци"; Скопје, 1995 год., с. 42).
Овој натпис бил посветен на ослободувањето од ропство
на некое 12 годишно момче.
Гледаме дека ослободувачот е детерминиран со
присвојната придавката Комин (тој што и припаѓа на Кома), a
детето со придавката Олнмпин (тој што ϊι припаѓана
Олимпија).

171
Ваква граматичка форма постоела и кај Македонците од
Средниот век. Во еден српски документ од 14 век, во кој бил
презентиран список на жители од Струмица и нивната
материјална положба, спомнати ce струмичаните: Михаил
Лимјанин и Михаил Акритин ("Одбрани споменици српског
права", Београд, 1926, стр. 161-165).
Дали преку ова може да ce претпостави дека постои
континуитет на ваквата граматичка форма, уште од антиката,
преку Средниот век, па ce до денес?

На крајот од ова поглавие треба да ce објаснат уште некои


работи за сличноста помеѓу зборовите од јазикот на античките
Македонци и денешниот македонски јазик.
Претходно докажавме дека пред секој истражувач ce
протега широк простор за претпоставки и шпекулации во однос
на споредбата на зборови меѓу два јазика. Доколку секој еден
збор воглавно е детерминиран преку своето значење
(семантика) и изговор, тогаш докажавме дека и значењето и
изговорот ce менливи категории, па оттаму секој истражувач
може да изнесува свои мислења кога споредува два збора од два
јазика.
Но и покрај ова, покажавме дека постојат зборови од
јазикот на античките Македонци, кои и по своето значење и
изговорно, наликуваат на денешни македонски зборови (но и на
зборови од други словенски јазици).
Некој можеби ќе забележи дека таа сличност не е доволна
за да ce докаже врската помеѓу античко-македонс-киот и
венетскиот (словенскиот, т.е. денешниот македонс-ки јазик).
Истиот можеби ќе забележи дека, на пример, античко-
македонската именка гаркан (прачка) нема изго-ворна сличност
со денешната македонска именка гранка. На ваквите забелешки
ќе потсетиме дека и зборовите од т.н. старословенски јазик не
ce секогаш слични по изговор со зборовите од денешниот
македонски јазик, па сепак никој денес не ce сомнева во нивната
меѓусебна врска. Така, на пример, во т.н. старословенски јазик
денешната маке-

172
донска именка татко ce изговарала како ата. Иако пос-тои
очигледна разлика во изговорот на именките татко и ата,
никој не ce сомнева дека тоа е истиот збор, кој со текот на
вековите оживеал изговорна трансформација.
Но, ако никој не ce сомнева дека именката ата со текот на
времето ce трансформирала во татко, зошто тогаш не би
можело и именката гаркан со текот на времето да ce
трансформира во гранка! Посебно ако ce знае дека и значењето
на овие два збора е речиси идентично?
Има и други бројни примери на зборови од т.н. ста-
рословенски јазик кои по своето значење ce исти со соод-
ветните денешни зборови од македонскиот јазик, но изго-ворно
забележително ce разликуваат (голјане - колено; ал-диа- лаѓа;
аште - ако; ближшса - близок; иде - каде; изити -излезе;
крабии - кораб; ланита - лице; пешт - печка и дру-ги). Освен
тоа, во т.н. старословенски јазик има и голем број зборови кои
воопшто ги нема во денешниот македонс-ки јазик и кои денес
сосема поинаку ce изговараат, па сепак никој не ги негира
врските помеѓу овие два јазика.
Што ce однесува до злобните забелешки дека денеш-ниот
македонски јазик е вештачки создаден, само ќе потсетиме дека
секој современ литературен јазик е создаден (така да ce каже)
вештачки, т.е. секој современ литера-турен јазик е
кодифициран со пишани норми, кои ги создаваат група учени во
определен историски момент.
Македонците не ce виновни што тие првите изблици на
својата слобода ги добија дури во 1944/1945 година, па тогаш
беа стекнати историски услови за кодифицирање на
современиот македонски литературен јазик, исто како што
Бугарите тоа го направија со својот јазик на крајот од 19 век, a
Грците и Србите нешто пред тоа.
Значи современиот македонски јазик (без разлика кога е
кодифициран во својата литературна форма) не е јазик паднат
од небо, туку тоа е јазик создаван со векови и генерации
Македонци.

173
БРИГИСКАТА ЕТНО-КУЛТУРНА ВРСКА CO
МАКЕДОНЦИТЕ

Етногенезата на античките Македонци претставува


фундаментален доказ за нивната различност од Грците.
Античките Македонци биле засебен балкански народ, главно
создаден од мешањето на старите домородни племиња, кои
живееле на територијата на Македонија. Најзначаен етникум во
формирањето на античките Ма-кедонци биле Бригијците
(подетално за ова кај д-р Наде Проева: "Студии за античките
Маквдонци", Скопје, 1997. на неколку места). Бригијците биле
староседелци во Маке-донија (и пошироко), a no Тројанската
војна делумно ce преселиле во Мала Азија. Освен нив, во
етногенезата на античките Македонци биле вклучени и други
домородни древно-македонски племиња: Десарети, Линкести,
Орести, Крестонци и други, a подоцна и Пајонците (кои и
самите во голема мера потекнувале од Бригијците).
Етногенезата, пак, на античките Грци ни покажува дека
тие главно биле составени од мешањето помеѓу Ахајците и
Дорците.
До не така одамна мнозина историчари сметаа дека
Дорците (грчко племе) биле еден од главните етникуми и во
етногенезата на античките Македонци. Ваквиот став
историчарите главно го препишуваа едни од други, без некоја
посериозна критичка анализа на истиот. Но, во поново време,
врз основа на најновите истражувања и преиспитувања на
досега познатите материјали, ваквата теорија е целосно
отфрлена. Причините за ова ce многу едноставни и јасни, a
нивна сублимација нуди д-р Еуген Борза. Во својата цитирана
книга тој е дециден во тврдењето дека теоријата за дорската
миграција во Македонија треба да ce исфрли од науката, затоа
што за

174
истата не постојат никакви докази. Д-р Борза пишува дека
Македонците немале етничка врска со Дорците. Во врска со ова
овој врвен светски познавач на античка Македонија пишува:
" Теоријата за инвазијата на Дорците (заснована врз
пишувањата на Херодот 9.26 и наследена од Тукидид 1.12) во
најголем дел претставува измислица на историографијата од
деветнаесетШиот век, и истата не е поткрепена со никаков
археолошки или лингвистичкн податок... Археолошки гледано
Дорцише ce невидлшш. Северна Грција ce уште треба да ни
понуди макар и најобичен артефакш што може да биде
поврзан со Дорците... He постои никаков доказ за оваа
таканаречена дорска миграција во централна и западна
Македонија п во североисточна Тесалија... He постои
археолошки запис за движењата на Дорците, a митските
аргументи во најѓолема мера ce претпоставки, засновани врз
фолклорни традиции за тоа дека Дорците потекнувале од
северо-зстадна Грција. Дури и доколку последново е вистнна,
врската помеѓу оригиналната татковина на Дорците и добро
познатиот дорски дијалект од подоцнежнише времиња не е
јасна. Сигурно дека сите "дорски Грци " од Класичниот период
не можеле да бидат потомци на расеаните племиња од
северозападнише грчки планини. Тоа што тие подоцна биле
наречени Дорци не е доказ за нивното дорско потекло во
етничка смисла. И Грцате од 19 век имале обичај себеси да ce
декларираат како Ромеи, a својата земја Румелија, како доказ
за нивното римско наследство, наспроти сопствениот грчки
јазик со словенски примеси". (Борза. цит. дело, стр. 65, 67 и 68).
Истото ова го тврди и Чадвик (Chadwick John "Who were
Dorians?" Cambrigde, 1976), како и други историчари.
Практично констатациите на Борза ce децидни: дорската
миграција во Македонија, т.е. дорското (грчко) етничко потекло
на античките Македонци, ce засновани врз митологија и
фолклор, т.е. имагинација и фантазија. Оние

175
кои ја застапуваат оваа теорија само ја препишуваат едни од
други без да ја поткрепат истата со научни потврди
(археолошки артефакти).
Д-р Наде Проева пишува дека етничките врски помеѓу
Бригијците (Фригијците) и античките Македонци ce
согледуваат во заедничките елементи од двата јазика, но и во
други културни сегменти (обичаи, религија, керамика и сл.). Таа
наведува и извесен број божества што биле идентични и кај
Македонците и кај Бригијците.
За бригиската етничка врска со Македонците пишува и
Херодот, кој вели:
" Повикувајќи ce на тврдењата од Македонците,
Фригијците во времето кога живееле во Европа заедно со
Македонците, Го позајмиле своето име од Бригијците, но по
нивното иселување во Азија тие си Го смениле и името (од
Бригијци почнале да ce нарекуваат Фригијци, з.м.), заедно со
местото на живеење". (Херодот, цит. дело).
Индиција за сродноста помеѓу Македонците и Бригијците
(Фригијците) дава и латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф
(цит. дело, стр. 276). Тој пишува дека Македонецот Филота,
своите сонародници Македонци, понекогаш ги нарекувал
"Фригијци".
Интересно подоцнежно сведоштво за ваквата врска дал и
византискиот историчар и писател Никифор Григора. За време
на својата посета на Струмица во 1326 година, тој опишал некои
од народните песни што таму ги слушнал. Тој децидно тврди
дека (иако не го разбирал јазикот на тамошното население)
струмичките народни песни многу потсетувале на - фригиските.
(" Одбрани четива за исто-ријаша на македонскиот народ",
Скопје, 1951, стр. 122). Ова значи дека Македонците во 14 век,
како свое наследство, ce уште ги негувале старите античко-
македон-ски (бригиски) мотиви во народните песни.
Бригијците оставиле свој значаен етно-културен удел и
среде други балкански народи, па оттаму е сличноста во
културата помеѓу античките Македонци и овие народи

176
(пред ce Тракијците). И не случајно Полибиј (Polybius) напишал
дека Македонците и Тракијците биле луѓе од "ист народ"
(Polybius 29,6.2).

За јазикот на Бригијците (Фригијците)

Поради фактот што наведовме примери за сличност


помеѓу јазикот на античките Македонци и денешниот
македонски јазик (но и други словенски јазици), логично би
било и да ce очекува такви зборови да постојат и во бригискиот
(фритискиот) јазик.
Спомнавме дека ce смета оти Фригијците ce доселиле во
Мала Азија и Тракија околу 1200 година пред Христа (иако за
ова има различни мислења).
Co текот на вековите фригискиот јазик претрпел
значителни промени (што, впрочем, ce случува со сите јазици
на светот). Така денес овој јазик е поделен на старофригиски и
на новофригиски.
Во Мала Азија пронајдени ce околу 200 кратки исписи од
старофригискиот јазик (од околу 8 до 6 век пред Христа),
главно лоцирани во древниот фригиски град Гордиум (чија
етимологија била токму град). Тие биле напишани со аз-бука,
која била многу блиска со грчката (која, пак, како што е познато,
е самоа адаптација на феникиското писмо). Тоа биле кратки
реченици составени од по само неколку зборови.
Од новофригискиот јазик (2 и 3 век по Христа) исто така
има откриено натписи и во овој јазик веќе е забележано
влијание од грчкиот јазик.
Поради значителните разлики помеѓу старофригис-киот и
новофригискиот јазик, некои истражувачи сметаат дека тоа ce
два различни јазика. Меѓутоа, повеќето истра-жувачи ce
согласуваат дека старофригискиот и новофри-гискиот ce само
две развојни форми на еден ист јазик.

177
Денес ce зачувани повеќе десетици зборови од
фригискиот јазик, но на добар дел од нив значењето не е
познато, иако има разни толкувања и шпекулации во врска со
тоа.
Низ достапната литература пронајдовме корпус од близу
седумдесет зборови од фригискиот јазик, чие значење е
утврдено. Очигледно е дека без малку половината од нив
(според својот изговор и значење) несомнено асоцираат на
зборови од денешниот македонски и другите словенскп јазици.
Фригиските зборови ги пренесуваме транскри-бирани со
кирилични букви, a нивното значење го презедовме од големата
студија "Индоевропската лингвис-тика" од полскиот лингвист
Пјотр Гасиоровски (Piotr Gasiorowski), објавена и на интернет
(http://www.geocities. com/caraculiambro).
Да направиме осврт кон старофригиските зборови кои
имаат сличен изговор и значење со зборови од денешниот
македонски јазик, но и од другите словенски јазици.

Зборови од фригискиот Денешен македонски и


јазик други словенски јазици
болшој (голем на руски)
балаиос(голем) берет бере (зема, собира) благо
(зема, собира) баго (богатство) бамбуле
(богатство) бамбалон (пенис, дијал.) бона
(пенис) бонекос (жена) (девојка,
жена на босански)
белте (мочуриште) блато свое вода векна виде
ве, ое (свое) веду тој град греан, грееме
(вода) векос(леб) (топлиме)
видето (виде тој)
гордум (град) герме
(топол)

178
гланос(хиена) глутница
(група хиени или
дадон (тие волци)
дадоа) думос дадоа
(собрание) дом, дума (собрание на
руски)
елегос (тажна песна) елегија
зелкиа (зеленчук) зелка (вид зеленчук)
земела (земја) земја, земла (дијалект.)
зетна(порта) иман затна (затвора)
(култ) кан (кажан) химна (култна песна)
киклен (тркало, круг) кажан
кнуман (гроб) цикличен (кружен)
кунес(куче) матар хумка
(мајка) парк (расте) куче
три (три) матер, мајка
пркне (расте)
три

Во врска со некои од наведениве зборови,


потребно е да ги дадеме следниве објаснувања.
За зборот елегос, некој можеби ќе реагира дека
тоа е "грчки збор", што ние денешните Македонци сме
го прифа-тиле и интерптретирале како елегија. Но, тоа
воопшто не е така. Во големиот Етимолошки речник
на Даглас Харпер, сосема јасно пишува дека зборот
влегос имал фригиско потекло (Douglas Harper:
"Online Etymology Dictioary", 2001, наслов "elegy"). Toa
може да значи дека овој збор Грците го примиле од
Фригијците (Бригијците), евентуално додавајќи му го
грчкиот завршеток "ос". А, денешните Македонци
само можеле да го наследат ваквиот збор од своите
предци античките Македонци, a тие пак од своите
предци Бригијците.
Исто е и со зборот киклен. Штом овој збор го
имало во старофригискиот јазик (кој бил релативно
близу до

179
бригискиот), тогаш најверојатно Грците го превзеле истиот од
Бригијците.
Што ce однесува до зборот давос (волк), во делото на
Пјотр Гасиоровски и навистина етимолошкото толкување е
запишано како " оној што убива ". Ако ce има предвид дека
добар дел од именките порано (а така е и денес) го добивале
својот изговор според функцијата на она што го означувале,
тогаш јасно е дека давос бил "оној што дави". Познато е дека
волкот убива со давење, па веројатно затоа и го добил таквиот
назив. Дали подоцна од именката давос, ce развиле именките:
ДАВОЛ, ВОЛК, тоа може да само да ce претпостатува.
Споредбата на фригискиот збор балаиос (голем) со
рускиот збор болшој (голем) е превземена од Етимо-лошкиот
речник на Даглас Харпер (Douglas Harper: "Online Etymology
Dictioary", 2001, наслов "bolshevik").
Bo продолжение ги наведуваме и другите фригиски
зборови, чие значење горе-долу е познато, но (барем јас) не
успеав да најдам некоја поочигледна поврзаност со денешниот
македонски и другите словенски јазици, што не значи дека таква
и не постои.

аб (близу, до)
адамна (прИјател)
аддакет (тој направи). Овде сметаме дека ce препознава
денешната именка акт (дејство, правење).

агорани (тие купуваат)


акала (вода) алу
(свештеник) арг (сребро)
арг(управува) атагос(коза)
азена(брада) бален (крал)
цин (вид, врста)

180
дахет (поставува, мести)
дареиос (чувар) падар
едеас (става) еистани (тие
местат) ес (магаре) ети (и)
ев(добро,убаво) гелар,
галар (снаа) глурос, глунеа
(злато) глурон (ливада,
тревник) гарман (битка)
иос (кој, што) кавар (свето
место) кимерос (душа,
желба) лавагтаи (воен
лидер)

мека (големо). Ова е ист збор како грчкиот мега, но штом го


имало во фригискиот јазик, прашање е кој од кого го превзел
овој збор.

мемеваис (советник)
мосуна(кула)
пикерон (лековита маст)
сатине(кола)
семун (ова)
сидето (остави го)
тиос(богови)
тивеиа (божица)
васо (добар)
зеуман (поток, река, струја)

Што ce однесува до фригиските натписи, тие ce добро


познати, но малумина ce обидуваат да ги преведат. Така, на
пример, во трудот од германскиот лингвист од Универ-зитетот
во Франкфурт Јост Гиперт (Jost Gippert) насловен како
ТИТУС ("Thesaurus Indogermanischer Text una

181
Sprachmaterialen", Франкфурт, 2001 год.) предадени ce во
оригинал десетици досега познати натписи од фригискиот
јазик. Меѓутоа, авторот не ce впушта во нивно толкување и обид
за превод.
За разлика од него канадскиот лингвист од слове-нечко
потекло Антони Амброжич, прави сопствена анализа на
неколку фригиски натписи и во нив открива јасни елементи од
словенските јазици (Anthony Ambrozic: "Gordian knot
unbouned", Toronto, Canada, 2002).

Македонски зборови во грчкиотјазик

Врз основа на она што досега το напишавме за взаемно


мешање на зборови од соседни јазици во две насоки, може да ce
објасни постоењето на исти или слични (според изговор и
значење) зборови кои ce среќаваат во македонскиот (и во
другите словенски јазици) од една страна и во современиот
грчки јазик од друга страна.
Кај нас досега постоеше една непринципиелна
тенденција. Од една страна (со право) ce укажуваше на
постоењето на извесен број "зборови со грчки корен" во
македонскиот јазик, но од друга страна, кога некој ќе посочеше
на постоењето на македонеки (словенски) зборови во грчкиот
јазик, тогаш тоа ce припишуваше на "заедничкото индо-
европско потекло", a не на прифаќањето на македонски
(словенски) зборови во грчкиотјазик.
Бугарскиот лингвист Сотиров (цит. дело стр. 22) со право
смета дека од словенските зборови (конкретно тој ги спомнува
зборовите од современиот бугарски јазик) во грчкиот јазик,
може да ce направи цел помал речник.
Во продолжение ќе наведеме само дел од овие зборови.
Притоа, ce трудев да ги одберам само оние зборови, кои ги има
не само во македонскиот, туку и во други словенски јазици.
Имено, доколку ваквите зборови

182
постоеја само во македонскиот јазик, тогаш некој може да
забележи дека овие зборови ce исти или слични со грчките затоа
што Македонците ги примиле од грчкиот јазик (секако заради
географската близина на овие два народа). Но, како ќе го
објасниме фактот што постојат бројни зборови во грчкиот јазик,
што ги има и во денешниот хрватски, српски, руски, словенечки
и други словенски јазици? Притоа, овде не ce работи за
"стручни" изрази (од областа на медицината, аритметиката и
сл.), туку за (условно кажано) зборови од секојдневниот јазик.
Грците никогаш не граничеле со, на пример, Хрватите за да
може да ce каже дека Хрватите ги примиле овие зборови од
Грците. Напротив, логиката зборува дека Грците ги примиле
овие словенски зборови од Македонците и тој процес траел
уште од антиката (сведоштвото на Атенај за прифаќањето на
македонски зборови од страна на атичките автори), па наваму.
Наведуваме само дел од овие зборови и тоа само во својата
основна форма (на пример, го наведуваме само зборот плете, но
не и зборовите во чиј корен е содржан овој збор: плетенка,
плетиво и сл.). Притоа, ги избегнував универзалните зборови
(Гшлот, парк, пиштол, салата, проблем, сандали и сл.) како и
главно термините настанати во поново време, a не ги земав
предвид ниту етнонимите, географски поими. имињата на
растенија и животни, називите за мерки и сл.. кои исто така
(главно) ce заеднички за повеќе јазици.
Следува дел од зборовите, кои ce co исто значење и ист
или сличен изговор.

ајвар (χαβιάρι)
ала(άλλα) ама (μα)
амал (χαμαληζ) ама
(μα)

183
амбис (αβυσσοζ)
an (χάπι)
база (βάση)
бајат (μπαγιατικοζ)
бакал (μπακαληζ)
балон (μπαλλονι)
балсам (Βάλσαμο)
бања (μπάνιο)
бастун (μπαστούνι)
бе(честичка)(βρε)
белја (μπελαζ)
бисквит (μπισκότο)
бифтек (μπιφτέκι)
блуза (μπλούζα)
букет(μπουκέτο)
буре (βαρέλι)
бут (μπούτι)
вагон (βαγόνι)
ваза (βάζο)
варен (βραστοζ)
вид (ειδοζ)
влечење, клизање (κλίση)
врата, порта(πόρτα)
вратоврска (γραβάτα)
врне (βρέχει)
витрина (βιτρίνα)
газа (γάζα)
гарнира (γαρνιρο) гас
(γκάζι) дар (δώρο) дел,
комат (κοματι)
доза(δόση) друм
(δρομοζ) евтин
(φθηνοζ) еве, на (να)
ерген (εργενοζ) жена
(γυναίκα) зашто, оти
(διότι) зона (ζώνη)
идеал (ιδανικό) идеја
(ιδέα) ика (εχο) илјада
(χιλιάδα) јака (γιακοζ)
карика (κρικοζ)
кабина (καμπίνα)
кавга (καβγυζ) казан
(καζάνι) камбана
(καμπάνα) канабе
(καναπεζ) канал
(κανάλι) капак
(καπάκι) кариран
(καρρε) карта (χαρτηζ,
κάρτα)
картон (χαρτόνι) касап
(χασαπηζ) кафен
(καφετηζ) кекс (κέικ)
клоца (κλωτσιά)
колона (κολόνα)
компот (κομποστα)
копче (κουμπί) кора
(κόρα) коса (κοσσα)
костим (κουστούμι)
кофа (κουβαζ) кабина
(καμπίνα) кревет
(κρεβάτι) крем (κρέμα)
крие (κρυβο) критика
(κριτική) кујна
(κουζίνα) купон
(κουπόνι) кутија (κουτί)
ламба (λάμπα) ливада
(λειβαδι) леген
(λεκάνη) мајстор
(μαστοραζ) макар
(μακάρι) мармалад
(μαρμελάδα) масира
(μασσιζ)
маша (μασιά) ме
(заменка) (με) медал
(μετάλλιο) меѓу
(μέσα) мезе (μεξεζ)
мек (μαλακοζ) мери
(μετρώ ) мизерија
(μιζέρια) мириса
(μυρίζω) мит (μυθοζ)
мода (μόδα) мустаки
(μουστάκια) муцка
(μουσουδι) набор
(δίπλα) нас, заменка
(μαζ) нокот (νύχι)
норма (νόρμα) нота
(νότα) ноќ (νύχτα)
омлет (ομελέτα) оро
(χοροζ) пакет
(πακέτο) палата
(παλάτι) палто
(παλτό) пат (οδοζ)
пешак (πεζοζ) пие
(πίνω)
пипер (πιπέρι) пире
(πουρεζ) писта
(πίστα) плете (πλέκω)
пол (πολοζ)
предавник (προδοτεζ)
проба (πρόβα)
прогноза (προγνωζη)
'рка (ρουχαλιζω)
ракија (ρακί) раса
(ράτσα) рафт (ράφι)
розов (ροζ) роса
(δροσιά) руба (ρούχα)
рутина (ρουτίνα)
сакат (σακατηζ)
сапун (σαπούνι)
свирење (σφυρίζω)
свива (σφίγγω) седло
(σέλλα) секира
(τσεκούρι) сено
(σανοζ) сигурен
(σιγουροζ) скали
(σκαλιά) скара
(σχάρα)
скиснува(σχιζο)
скриен (κρυφοζ)
таван (ταβάνι) теме
(Θέμα) тетка (Θεια)
торба (τορβα) торта
(τούρτα) трие (τρίβω)
трпеза (τραπέζι) тула
(τούβλο) ќелија
(κελλι) ќерамида
(κεραμίδα) ќерка
(κόρη) ќофте
(κεφτεζ) фенер
(φανάρι) фурна
(φουρνοζ) фустан
(φουστάνι) хартија
(χαρτί) чај (τσάι)
чанта (τσάντα) џеб
(τσέπη) шал (σάλι)
ИСТОРИСКИ ТОЛКУВАЊА

Како историски може да ce објасни постоењето на


сличност помеѓу античко-македонскиот јазик со денешниот
македонски (но и други словенски јазици)? Премалку има
зачувано наративни сведоштва и други релевантини податоци за
најстарите времиња од пред формирањето на античките
Македонци и Словените како народи, па затоа и навистина е
тешко со сигурност да ce потврди какви етно-културни процеси
ce случувале тогаш. Едноставно, недоволен е бројот на
делчињата од оваа слагалка за да може да ce насетат нејзините
контури.
За да не ce впуштаме во изнесување историски хипотези и
теории, во продолжение само ќе наведеме некои факти до кои
дојдовме, со отвореност кон сите идни сознанија во оваа насока.
Најнапред да кажеме неколку зборови за потеклото на т.н.
"Македонски Словени". Наспроти досегашната теорија за
нивното потекло од зад Карпатите, повеќе автори тврдат дека не
постојат никакви сигурни материјални докази дека Словените
потекнувале од зад Карпатите. Впрочем, доволно е да ce
прочита постарата историја на земјите кои ce наоѓаат на
поширокиот простор околу Карпатите, при што јасно ќе ce види
дека дури и во првите векови по Христа, никаде не ce
спомнуваат никакви Словени, како пражители на овие земји.
Така. на пример, официјалната историографија на Чешка смета
дека Словените за прв пат ce населиле во оваа земја во 5 век.
Официјалната историо-графија на Полска исто така тврди дека
Словените во Полска за првпат ce појавиле во 5 век.
Украинската официјална историографија смета дека
Словените во

190
Украина за првпат ce населиле во 6 век. И исто-риографијата на
Русија смета дека Словените во Русија ce појавиле во 6 век.
Така е и со останатите териториии од поширокиот простор
околу Карпатите. Ниту овде не ce спомнуваат никакви Словени
во првите векови од по Христа и овие податоци секој читател
може самиот да ги провери ако побара соодветни историски
изданија од спомнатите држави. Значи, теоријата за
"заткарпатската прататковина на Словените " е под голем
знак прашалник. Понатаму, треба да ce спомне дека предци на
Словените биле античките Венети. Да спомнеме неколку
пишани сведоштва во врска со ова.
Уште Херодот во 5 век пред Христа ги спомнал Словените
под името Енепли, но не како заткарпатски, туку како балкански
народ (во грчкиот јазик на кој пишувал Херодот буквата "β" не
постоела, па затоа ce смета дека етнонимот Енети, всушност
биле Венетите).
Пишувајќи за настаните од 4 век пред Христа, Венетите ги
спомнува и Квинтиј Куртиј Руф (цит. дело, стр. 115). Имено, тој
пишува дека Венетите своевремено биле составен дел од
војската на Александар Македонски.
И подоцна, во римската хроника на Плиние Стари од 1
век од по Христа, Словените ce споменуваат под името Венети,
но овојпат, како жители на сосема друг крај од Европа. Овде
пишува:
"Некои автори известуваат дека тие области, дурп до
реката Висла ce населени од: Сармати, Венети, Скири и Гири".
Плиние Стари тврди дека Венетите тогаш живееле западно
од реката Висла.
Римскиот историчар Тацит, во 2 век, исто така ги спомнува
Венетите и за нив пишува дека војувале на сличен начин како
Германите, a спомнува и дека граделе живеалишта. Тој пишува:
"Јас ce колебав дали да ш сметам племињапш на
Певкините, Венетите и Фините како послични на

191
Германците или на Сарматите... Венетите Ги усвоиле
повеќето од нивните (германските, з.м.) обичаи... "
Од овие сведоштва (превземени од книгата "Хрис-
томатиа по историја на Б'лгарија", Софија, 1964) гледаме дека
Венетите и навистина биле многу стар народ и дека нивни
потомци живеле распространети од Мала Азија, пре-ку
Балканот, па ce до разни делови на централна Европа.
Но од каде знаеме дека терминот Венети ce однесува на
Словените! Дециден одговор на ова прашање дава
средновековниот историчар Јорданес, кој запишал:
"Дакија е заштитена со стрмните Алпи (Карпатите,
з.м.) во вид на венец. Од нивната лева стрсша, која е свртена
кон север и од почетокот на реката Вистула, во огромно
пространство живее многубројниот народ Венети. Навистина
нивните имиња ce менуваат според различните родови и
места, но тие главно ce нарекуваат како Словени и Анти ".
И понатаму, од истиот автор:
"Навистина, како што рековме на почетокот од
излагањето или во списокот на племињата, тие биле од едно
исто потекло, a cela ce јавуваат под три имиња: Венети,
Анти и Славини".
Во прилог на ова е и фактот што денес во Германија
словенскиот јазик на Горните Лужички Срби ce вика виндиш,
т.е. венетски, додека Естонците и Финците словенска Русија ја
нарекуваат Вене, т.е. Венаја (Павел Тулаев: "Венети, предки
Славјан", Москва, 2000 г., стр. 5).
Многу децидни податоци за истоветноста помеѓу
Венетите и Словените нуди книгата "Венетите - први
Градители на Европската заедница" од словенечкиот академик
Матеј Бор, во ко-авторство со Јошко Шавли и Иван Томажич
("Veneti - First Builders of the European Community" by Joshko
Shavli, Matej Bor and Ivan Tomazich, translation in English by
Anton Skrebinc (Editions Veneti; A-1080 Wien, Bennogasse 21,
Austria; Co-published by Anton Skrebinc; Boswell, British
Columbia, Canada). Bo оваа книга, на над 500

192
страници презентирани ce несоборливи докази од разни
области, кои докажуваат дека Венетите и Словените биле ист
народ. Посебно импресионира лингвистичката анализа на
досега познатите антички венетски написи, од која јасно ce
гледа дека ce работи за словенски натписи.
Всушност, токму за оваа древна писменост на Вене-тите
(Словените) подоцна пишува и Црноризец Храбар, кој во
своето дело "О писменах" пишува:
"Порано, пак, Словените немаа книги, туку ce служеа со
рески и цртички, читаа и Гатаа исто како и многубошците ".
Венетите како предци на Словените ги признава и
бугарската, словенечката, поранешната советска и други
историографии, a од пред неколку години Венетите како предци
на Словените ги признава и македонската официјална
историографија, па во учебниците по историја во основните
училишта веќе овој податок е внесен како релевантен.
Но, од каде и навистина потекнуваат Словените
(Венетите)?
Освен задкарпатската теорија за потеклото на
Словените, постојат уште најмалку две сериозни теории, кои ќе
ги разгледаме во продолжение.

Теорија за пелазгиско-балканското потекло на


Словените

Еден од предводниците на теоријата за балканското


потекло на Словените (Венетите) е истакнатиот руски славист
Г. С. Гриневич. Гриневич во својата книга, посветена на
прасловенската писменост (Москва, 1993 год.) нуди аргументи,
според кои, прататковина на Словените е Балканот. Ова тој го
поткрепува со бројни докази од етимо-лошки карактер.
Гриневич тврди дека предци на Словените ce големиот
балкански народ - Пелазги. Гриневич исто така

.193
констатира дека прасловенскиот јазик, т.е. јазикот на
Пелазгите е многу сличен со т.н. старословенски јазик.
Но, каков бил тој јазик на Пелазгите? Херодот (кој бил
нивни современик) тврди дека нивниот јазик воопшто не бил
грчки. Во врска со јазикот на Пелазгите. Херодот пишува:
"Каков бил поранешниот јазик на Пелазгите не можам
да кажам со сигурност. Но, ако ГО претпоставиме преку
јазикот на денешниве Пелазги - на пример, на оние кои живеат
во Крестонија (македонска област, з.м.) над Тиренците, кои,
пак порано престојуваа во областа наречена Тесалија и им беа
соседи на Дорците - или на оние (Пелазги) кои ш основаа
Плација и Скилица над Хелеспонт и кои привремено живееја
заедно со Атињаните, или, пак, на оние кои живееја и во
другите Градови, a всушност ce Пелазги - значи ако направиме
споредба со секој од нив, ќе морамв да потврдиме двка Пе-
лазште зборувале на барбарски јазик."
За Пелазгите од македонската област Крестонија
Херодот е уште подециден:
"Co сигурност ce знае дека народот во Крестонија
зборува на јазик кој е различен од соседните јазици". (Херодот:
"Историја" во превод на англиски од Џорџ Ровлинсон).
Инаку, за Крестонците (од Херодот наречени Пелаз-ги) ce
знае дека потекнуваат од бригиско-едонската група племиња.
Значи, практично Пелазги е назив и за крестон-ското бригиско
племе, a Бригите пак имаат најдоминатна улога во етногенезата
на античките Македонци (д-р. Наде Проева, цит. дело, 95-96).
Според Гривенич, пак, од Пелаз-гите потекнуваат и Словените,
па според оваа теорија. кај Пелазгите би била далечната
заедничка врска меѓу античките Македонци и Словените.
Пелазгите како најстари познати жители на Македонија ги
спомнува и античкиот историчар Јустин (Marcus Junianus
Justinus). Toj пишува:

194
"'Македонија порано ce викала Ематија... Нејзините
жители биле наречени Пелазги..." (Marcus Junianus Justinus:
"Epitome of the Philippic History of Pompeius Trogus", translated,
with notes, by the Rev. John Selby Watson. London: Henry G. Bohn,
York Street, Convent Garden, 1853).
Дел од Пелазгите, како староседелци на Балканот, освен
во Македонија, живееле и во Грција, по што ce претопиле со
Грците, но за нив Херодот запишал дека тие морале да го учат
туѓиот грчки јазик (д-р Н. Проева, цит. дело, стр. 96).
Херодот исто така детално пишува за нетрпението помеѓу
Пелазгите и Атињаните. Таа нетрпеливост била толку голема
што Атињаните едно време ги избркале Пелазгите од своето
соседство. Херодот пишува:
"'Атињаните им дале на Пелазгите дел од својата земја
на периферијата на Химетус како плата за ѕидинате што
Пелазгите lu изградиле околу цитаделата. Оваа земја тогаш
била неплодна, но Пелазгите успеале да ја направат плодна.
Поради тоа Атињаните станале љубоморни и решиле да ја
поправат состојбата. Така, без никакво оправдување, тие Го
зеле своето оружје и ги избркале Пелазгите".
Пелазгите подоцна нашле начин да им ce одмаздат на
Атињаните, a Херодот дава и други примери за нетрпението
помеѓу овие два народа.
Интересено е дека денес Пелазгите ги прикажуваат како
предци на своите народи и некои грчки, албански, па дури и
турски историчари.
Несомнено дека Пелазгите имале големо влијание врз
подоцнежната култура на Грците. Дионисиј од Милет,
повикувајши ce на Диодор Сицилијанецот (3, 67, 12) тврди и
дека Пелазгите први ги употребиле кадмејските букви, a дека
подоцна Грците ги превзеле од нив.
Херодот, пак, пишува дека Грците ги превзеле имињата на
своте богови од јазикот на Пелазгите:

195
"Некои од овие богови (со исклучок на Нептун) верувам
дека Грците ги презедоа од Пелазгите. За Нептун, пак, тие
дознаа од Либијците, кои отсекогаш го славеа". (Херодот, цит.
дело).
Херодот пишува и дека култот на Кавирите бил донесен
од Пелазгите:
"Жителите на Самотраки ги примија мистериите (за
Кабирите, з.м.) од Пелазгите, кои пред да отидат да живеат
во Атика, престојуваа на Самотраки и им ги пренесоа своите
релтиозни церемонии на домородците". (Херодот, цит. дело).
Но, доколку, според оваа теорија Пелазгите биле "предци
на Словените", и доколку (според Херодот) Грците ги превзеле
имињата на своите богови од Пелазгите, тогаш би требало овие
имиња во себе да содржат словенски елементи. Дали е тоа
навистина така?
Постојат истражувачи кои сметаат дека и навистина во
некои од имињата на античките балкански богови (неправедно
наречени - "грчки"), и покрај тоа што до нас стигнале преку
својата грчка транскрипција, може да ce препозне словенска
етимологија.
Да ја земиме, на пример, грчката божица Атена
(Αθήνα). Дали нејзиното име има етимолошка оправданост во
некои од словенските јазици? За оваа божица ce знае дека била
родена од главата на својот татко Зевс. Значи, таа била
"татина". Именката татко, знаеме дека на т.н.
старословенски јазик ce викала ата. Значи, на т.н.
старословенски јазик, божицата родена од главата на својот
татко, би го добила името - Атина ("онаа која му припаѓа на
својот ата"). Инаку, во грчкиот јазик не постои етимолошко
толкување за ова име.
Слично е и со името на богот на морето Посејдон
(Ποσειδών), во кое ce препознаваат македонските (словенски)
именки посед и дно (во некои јазици: дон), по што
етимологијата на Посејдон би била "тој шшо ГО

196
поседува дното". Вакво толкување на ова име нуди и
поизнатиот српски историчар Бранко Гавела ("Историја
античке уметности", стр. 23).
Во овој контекст, Зевс (Ζευζ) би можел да ce поврзи
со именката ѕвезда, Кронос (Κρονοζ) со круна (тој бил
господар на универзумот), a Хера (Ήρα) со ера.
Во името на Афродита (Αφροδίτη) ce препознаваат
именките афра (морска пена) и дита (дете), a таа, спроед
легендата, и навистина била родена од морска пена, т.е. била
"дете на морската пена" (Афро-дита).
За Аполон (Απόλλων) ce знае дека бил божество на
светлината, a во неговото име ce препознава именката апла
(јаснотија, светлина). Неговата мајка, пак, ce викала Лето
(Λητώ).
Bo името на богот на лекување Асклепиј (Ασκλεπιοζ) ce
препознава денешниот македонски глагол склепи (поправа).
Има сличност и помеѓу името на божицата на мирот
Ирена (Ειρήνη) и денешната македонска придавка смирена
(мирна).
Исто може да ce каже и со името на божицата Никс
(Νυξ), чие име означувало ноќ.
Името Леда (Λήδα), со која Зевс водел љубов преправен
како лебед, асоцира токму на именката лебед.
Во името на Орфеј (Ορφευζ) ce препознаваат имен-ките
Гора и пее (тој што пее по Горите - Горпеј, т.е. Ор-феј). Во
прилог на ваквата претпоставка да спомнеме дека е познато оти
согласките "ф" и "п" честопати си ги заме-нуваат местата (на
пример: Прокофие и Прокопие и сл.), a познато е дека и денес
во грчкиот јазик гората ее вика орос.
Аналогно на ова е и името на планинските (горските)
божици ореади (ορηαδεζ).

197
Bo името на богот на плодноста Плуто (Πλουτοζ) ce
препознава денешната македонска (и словенска) именка плод.
Odyssey Belchevsky: "A new look at classical mythology with the
help pof Slavic and Macedonian vocabularies", Zbornik tretje
mednarodne konference "Staroselci ν Evropi" Zaloznistvo Jutro,
Ljubljana, 2005, стр. 140).
Исто е и со името на божицата на земјата, која ce
викала Земела (Σεμελλη).
Овде е името на сатирот Силен (Σιληνοζ), кој бил
советник на Дионис.
Името на хорите (ороа), кои во митологијата биле
поистоветувани со часовите, несомнено потсетува на
словенскиот збор ури (часови).
Интересен е и случајот со етимологијата на митолошката
личност Смирна, која поради грев кон својот татко, ce
помолила на боговите да ја направат невидлива, но тие ја
направиле неподвижна со тоа што ја престориле во дрво, кое го
добило името смирна. Очигледно дека овде ce препознава
денешната македонска придавка смирена, што и семантички ce
поклопува со името на оваа митолошка личност.
Има и други вакви случаи.
Инаку, јасно е дека, не сите имиња на античките божества
асоцираат на денешни македонски (словенски) зборови, но да
потсетиме дека, од евентуалното нивно создавање од страна на
Пелазгите, до денес, ce поминати неколку милениуми, кои,
сигурно дека извршиле влијание врз изговорот на овие имиња.
Постојат мислења дека и познатата Микенска
цивилизација претставува дело на Пелазгите (Енкарта, цит.
дело, наслов Pelasgians) кои, според оваа енциклопедија,
живееле на поголем простор од денешниот јужен Балкан и Мала
Азија.

198
Bo Украина ce пронајдени голем број археолошки
предмети од "микенски тип" со потекло од регионот од Егејско
Mope. (Ѓорѓи Поп-Атанасов " Библијата за Македонија и
Македонците", стр. 59, цитирано според: А. П. Смирнов:
Скифи, Москва, 1966, стр. 30).
Веќе наведовме индиции и податоци за постоење на
словенски културни сегменти на Балканот уште со векови пред
Големата преселба на народите, a такви индиции има и други.
На пример во делото "Илијада" од Хомер (создадено
некаде во 8 век пред Христа.). Co внимателна анализа во ова
дело идентификувани ce најмалку 83 зборови кои ce слични, па
дури и идентични, со соодветните зборови од денешниот
македонски јазик, иако ова дело било напишано најмалку 12
векови пред наводната прва појава на Слове-ните на Балканот
во времето на Големата преселба на народите. Истовремено,
овие зборови ce сосема различни од соодветните грчки зборови.
Ова неодамнешно откритие што го направи македон-скиот
историчар (кој живее во Канада) г-дин Одисеј Бел-човски, ни
посочува можни нови хоризонти во истражу-вањето на
македонскиот етнички корен. Да посочиме неколку примери во
врска со ова. Така на пример. во јазикот на кој е напишана
"Илијадата" (а тоа е јазикот на кој пишувал Хомер),
македонскиот збор здраво е напишан како дравикос, додека на
грчки здраво е гјасу. Понатаму денешниот македонски збор
вино кај Хомер е напишан како оинос, додека на грчки вино е
краси. Денешниот македонски збор Шреси, кај Хомер е
напишан потполно идентично како: треси, додека на грчки овој
збор гласи: доно или сено. Потполно идентични зборови од
јазикот на Хомер со соодветните зборови од денешниот
македонски јазик ce и зборовите: лута, мили, ајде, бие, пиете,
мои, мирис и други, додека овие зборови на грчки гласат:
апотомос, просфилис, липон, дерно, пини, дикому, осфра-номи.
Значи разликата е повеќе од очигледна. Освен нив,

199
рековме дека постојат уште седумдесетина зборови од јазикот
на Хомер ce многу слични со соодветните зборови од
денешниот македонски јазик (имаат ист корен и значење), a
сосема ce различни од соодветните денешни грчки зборови.
Ќе наведеме и други индиции во полза на оваа теорија.
Биографот на Александар Велики Македонски,
латинскиот историчар Квинтиј Куртиј Руф (цит. дело, стр. 115 и
276) пишува дека Венетите (Словените) биле составен дел од
војската на Александар Македонски. Тој пишува дека дел од
Венетите биле населени и во Мала Азија, т.е. во областа
Пафлагонија, каде го добиле името Хенети, иако, според името
на областа каде биле населени, понекогаш биле нарекувани и
како Пафлагонци.
Квинтиј Куртиј Руф (цит. дело, стр. 276) пишува и дека
Македонецот Филота честопати македонските војници (селани)
ги нарекувал и Пафлагонци (географско име за Венетите -
предците на Словените).
Херодот пишува дека Пафлагонците (второ име за
Венетите, т.е. Словените) и Фригијците (предците на античките
Македонци) носеле потполно исти носии. Во врска со ова
Херодот во својата "Историја" пишува:
" Носијата на Фригијците е речиси иста со онаа на
Пафлагонците и тие ce разликуваат во многу малку детали".
Сето ова ce податоци во прилог на теоријата за
заедничкото далечно потекло на античките Македонци и
Венетите.
Како интересен податок ќе спомнеме дека теоријата за
балканското потекло на Словените денес има сериозни
приврзаници среде разни профили луѓе. На пример еден од
познатите руски политичари Владимир Жириновски, во едно
свое интервју јасно изјавува дека, според него, Русите
потекнуваат од Балканот.

200
Ha едно од прашањата на српскиот новинар за белградскиот
весник "Недељни телеграф", Жириновски одговара:
"... Hue сме ист народ. Русите потекнуваат од
Балканот. На рускитв племиња Балканот им бил мал, па
тргнале на североисток" (http://www.nedeljnitelegraf.co.
yu/novi/zirin.html).
Секако дека пелазгиско-балканската теорија за потеклото
на Словените има и свои слабости и недока-жаности, па
сметаме дека дополнителните истражувања ќе ја потврдат или
негираат оваа теорија.

Домородната теорија за потеклото на "Словените"

Во врска со потеклото на Словените постои уште една


интересна теорија (иако и таа има свои сериозни слабости и
истата ce уште треба да ce поткрепува со докази). Според оваа
теорија Словените отсекогаш живееле на сите европски
простори каде што и денес живеат (Македонија, Србија, Чешка,
Полска, Бугарија, Русија, Украина и т.н.), па според тоа, оваа
теорија очиг-ледно содржи елементи од претходно изнесената
теорија за балканското (пелазгиско) потекло на Словените. И во
оваа теорија главниот збор го имаат токму руските научници,
кои ce најголемите приврзаници на теоријата за балканското
потекло на (јужните) Словени. Дури, оваа теорија со децении
била третирана како официјален став на целокупната
поранешна советска наука за потеклото на Словените.
Практично теоријата за балканското потекло на јужните
Словени долго време била сметана како офици-јален став не
само на руската, туку и на украинската, бело-руската но и на
претставниците на сите останати национални науки во бившиот
СССР. Но, да поминеме на презентирање на основните
постулати на оваа теорија.

201
Рускиот професор Валентин Дитјакин во својот труд "'
Советската наука за потеклото на Словените" (преве-ден од
руски и објавен на српски во Зборникот "Словенско братство",
Белград, 1947 г., стр. 696-710), прави анализа на дотогашната
руска и странска наука за потеклото на Словените. Тој тврди
дека сите сознанија од разни научни дисциплини потврдуваат
дека Словените ce стар европски народ и дека тие отсекогаш
живееле на просторите во Европа,каде што отприлика живеат и
денес:
"Археолошките истражувања изведени во послед-ниве
педесет Години на територијата на СССР и во земј-ите на
јужните и западните Словени, непобитно докажаа дека, не
само што целата територија што денес ја насе-луваат
словенските народи отсекогаш била нивна ис-конска
татковина, туку дека нивна била и онаа терито-рија што во
минатото имја одзеле нивните непријатели ".
Пишувајќи за предците на Словените, професорот
Дитјакин исто така ги споменува Венетите, за кои тврди дека
порано живееле на Балканот и дека нивното живеење на
Балканот го спомнал уште Херодот во 5 век пред Христа.
Професор Дитјакин тврди дека Венетите, како жители на
Балканот, ги спомнал и Софокле. Во врска со ова тој пишува:
" Во истото време, или нешто порано, станувиат
познати имињата и на другите предци на словенските народи.
Toe ce Венеди, Венети, кои ги знаат Херодот u Софокле (5 век,
п.н.е.) ".
Дури подоцна, тврди проф. Дитјакин, за Венетите пишува
Јорданес (кого веќе го спомнавме). a овде секако е и Квинтиј
Куртиј Руф, кој исто така ги споменува Венетите, кога пишува
за настаните од 4 век пред Христа.
Во продолжение на својот труд, проф. Дитјакин тврди
дека не постоело никакво доаѓање од страна на јужните
Словени од зад Карпатите на Балканот, туку дека тие отсекогаш
овде си живееле. Во врска со ова тој пишува:

202
"Јасни ce основните патишта за настанокот на
јужните Словени. И овде комбинираното проучување на
податоците од археологијата, палеолингвиспшката, фол-
клорот, палеоетнологијата и сввдоштвата на антич-ките и
средновековните автори, ни даваат можност да ги
одбележиме тие патишта доста аргументирано. Отфр-
лувајќи ја постоечката претстава на буржоаската наука дека
јужните Словени дошле на Балканот од север, зад Карпатите,
од заедничката словенска "Прататковина " и двка божем
дошле на Балканот со веќе утврдено племенско уредување it
карактеристични црти на својот јазик, ние во овој случај ce
обрнуваме кон проучувањето на етничката историја на
Балканскиот Полуостров ".
Понатаму, проф. Дитјакин тврди дека периодот на
римската окупација на балканските земји, довела до пот-полна
стабилизација на месните протословенски народнос-ти, по што
биле формирани јужните Словени како народи.
Проф. Дитјакин тврди дека староседелците на Балканот,
на одреден степен од својот општествен разви-ток, конкретно
поради (цитат): " преминот од примитив-ните општествено-
економски односи кон повисоки облици на општествена
организација и земјоделски Про-цеси", кои дошле како резултат
на распаѓањето на партија-халното уредување и создавањето на
првите феудални односи, довеле до активирање на овие
балкански народи против Византија. Овој руски професор
тврди дека немало никакви упади на Словените од преку
Карпатите и нивна војна со Византија, туку дека тоа бил само
бунт на домородното балканско население, кое тогаш стигнало
на повисок степен од својот општествен развиток. Во врска со
ова проф. Дитјакин пишува:
"Дури во ваквата низа на мисли станува јасна вис-
тинската суштина на фамозните 'упади' на Словените на
Балканскиот Полуостров во 6 и 7 век. Војните на Словените со
Византија од тоа време не биле знак за никаков упад однадвор
или доселување на Словените од

203
некаде,туку тоа била активизација на домородните бал-
кански жители, активизација која ГО следела преминот на
формирање на словенските народи на следниот степен од
социјалниот развиток,на степен на воена демократија.Во овие
војни конечно завршува процесот на консолидацијата на
јужнословенските народи ".
Потсетуваме дека проф. Дитјакин бил официјален
советски историчар. Но, ваквите тврдења не ce однесувале само
за периодот на СССР. Руската наука и пред постоењето на
СССР тврдела дека балканските Словени ce староседелци на
Балканот.
Така, на пример, научниците В. В. Хвојко и T. H. Па-сек,
проучувајќи ја древната т.н. Култура на Трите поли-ња,
утврдиле дека истата била распространета отприлика 3000 г.
пред Христа, на териториите од Дунав и Днестар, па ce до
јужните делови на Балканот. Откривачот на оваа Култура,
археологот В. В. Хвојко, уште во 1913 година, дошол до
заклучок дека носители на оваа култура биле Прасловените.
("Словенско братство", цит. дело, стр. 699)
Понатаму, и прочуениот руски академик Державин,
вршејќи темелни антрополошки и палеонтолошки
истражувања, дошол до заклучок дека постои органска
сукцесивност и континуитет на антрополошкиот тип на
жителите на Балканскиот Полуостров, почнувајќи од нео-литот,
па ce до денешните Словени ("Словенско братс-тво", цит. дело,
стр. 707).
Од сето ова гледаме дека, според добар дел од руската, но
и од официјалната советска наука (чии застапници биле дури и
академици), ce тврди дека балканските Словени ce староседелци
на Балканот.
Како интересен прилог кон сето ова ќе ги спомнам и
тврдењата на немал број други странски автори, кои Александар
Македонски и античките Македонци ги поистоветувале со
Словените, без разлика колку сето ова било реално поткрепено
со докази (за ова подетално во

204
книгата " Ешногенешскише разлики иомеѓу Македоницше и
Бугарите", Штип, 1999 год.).
*
Како заклучок на досега изнесеново околу потеклото на
Словените, ќе резимираме дека постојат три основни теории за
овој проблем. Тие, очигледно ce спротивставени една на друга,
но имаат и допирни точки. Да ги спомнеме накратко уште
еднаш овие три теории
1) Словените потекнуваат од зад Карпатите и тие оттаму
ce доселиле на Балканот.
2) Словените потекнуваат од Балканот (од стариот народ
Пелазги), од каде ce распространиле низ Европа и
Мала Азија, a подоцна, за време на Големата преселба
на народите, делумно ce вратиле на Балканот.
3) Словените отсекогаш живееле на Балканот и на сите
останати места каде живеат и денес. Народите што во
антиката ce спомнуваат како жители на овие простори,
всушност ce предците на Словените.
Веќе наведовме дека сите овие теории имаат свои
сериозни приврзаници, кои нудат прифатливи толкувања, но и
има и ce уште недоволно објаснети моменти.
Ce разбира дека истражувањата околу компли-цираното
прашање за прататковината на Словените интензивно
продолжуваат во сегашново време, a овде наведените сведоштва
ги наведов без да навлегувам во анализа на нивната исправност
и со отворена резерва кон сите следни откритија, кои ќе ја
побијат или оправдаат некоја од теориите за потеклото на овој
народ.

Наследството на античките Македонци во


денешната македонска нација

Да кажеме неколку зборови и за етничкото потекло на


денешните Македонци. Во претходната книга под наслов
"Античко-македонското наследство во денешната маке-
донска нација, прв дел - фолклорни елементи") презенти-

205
равме дел од античко-македонското културно наследство во
денешната македонска нација (конкретно фолклорните
елементи), a во оваа книга наведовме такви податоци и во врска
со јазикот и ономастиката. Сето ова претставува корпус од
докази и индиции за значителното античко-македонско етничко
потекло на денешните Македонци.
Овде нема детално да ги повторуваме изнесените
сознанија од претходната книга, туку само ќе направиме краток
осврт кон поважните.
Факт е дека на сите негатори на македонската нација не
им е во прилог доколку излезат на виделина доказите според
кои денешните Македонци во значајна мера ce потомци на
античките Македонци.
Во македонската историографија за време на југосло-
венското едноумие тенденциозно беше запоставувана античко-
македонската историја. Во бројни историски книги античките
Македонци не беа ниту спомнати.
Во претходната книга наведовне податоци за поголем број
песни, приказни, легенди и преданија со античко-македонска
содржина регистрирани среде Македонците уште во 16, 18, 19 и
20 век. За некои од нив сведочеле и странски патеписци кои ја
посетувале Македонија. Дока-жавме и дека содржините на
некои од овие творби фра-пантно ce поклопуваат со
историските настани. Така, на пример, во една народна песна за
Александар Македонски (запишана во 19 век) јасно е посочена
маларијата ("комар-ците") како болест од која Александар
умрел, иако овие податоци добија научна потврда дури на
крајот од 20 век.
Посочивме податоци според кои во македонскиот
фолклор постојат бројни македонски народни творби за некои
од античко-македонските владетели. Постојат и одредени
фолклорни елементи (посебно во приказните), кои несомнено
влечат корени од времето на античка Маке-донија. Такви ce:
мотивот со лавот (кој и навистина живеел во времето на античка
Македонија и затоа е толку застапен во македонските народни
приказни, но и во хералдиката);

206
мотивот за царот со рог (приказна посветена на Александар
Македонски); рисот; филозофот; мотивот со тројцата браќа (кој
честопати ce среќава во нашите народни приказни, a всушност е
преземен од Херодотовата приказна за настанокот на
македонската држава); култот кон водата; верувањето во
гавранот како кобна птица и во орелот како победоносна птица
и други.
Исто така наведовме и поголем број обичаи, обреди и
народни верувања кои останале уште од античките Македонци
среде Македонците во 19 и 20 век. Така, на пример. Херодот
пишува дека на веселбите во античка Македонија мажите
седеле одделно од жените. Овој обичај кај нас е евидентиран и
од запишувачите на македонски народни умотворби од 19 и 20
век, па дури е останат и до денес. Овде е и обичајот на кршење
леб за време на свадбените обичаи, кој е спомнат од биографот
на Алек-сандар Македонски, Квинтиј Куртиј Руф. Од античките
Ма-кедонци ce задржало и третирањето на машкиот појас од
народната носија како симбол за машкост (кое го запишал
Аристотел, a исто такво верување е регистрирано и во 19 век),
како и подарувањето прстен на наследникот (пред умирачка), кој
обичај е регистриран и кај античките и кај современите
Македонци. Античко-македонски обичај е и стрижењето на
косата за време на голема жалост. Среде Македонците од 19 век
останал дури и античко-македонс-киот обичај за избор на крал
(што ce одвивал преку масовен собир на војската и избор со
акламација). Македонците од 19 век на сличен начин го бирале
својот на селски старе-шнина. Наведовме податоци за античко-
македонски еле-менти и во прославите на празниците: Лазара,
Гурѓовден, Руса Среда и Прочк, како и во додолските обичаи,
кои ce вршат за повикување на дожд. Од античките Македонци
останало и верувањето во магиската моќ на змијата; потоа
неколку погребни обичаи и друго.
Во македонските народни умотворби регистрирани во 19
и 20 век ce забележуваат и огромен број елементи од

207
античката митологија, позната во светот под името "Грчка
митологија". Меѓутоа постојат и несоборливи докази за
негрчкиот карактер на оваа митологија. Така, на пример, врз
основа на педантни истражувања докажано е дека над 80% од
сите досега познати антички и средновековни автори на делата
посветени на оваа митологија - воопшто не биле Грци. И
најголемиот дел од ликовите спомнати во нејзините митови
немале грчко потекло. Оттаму, оваа митологија не може да биде
"грчка", кога ниту нејзините најзастапени автори не биле Грци,
ниту пак најголемиот дел од ликовите спомнати во неа имале
грчко потекло.
Во античката митологија огромен придонес имале и
античките Македонци. Познато е дека музите биле маке-донски
божества (митолошки ќерки на легендарниот маке-донски крал
Пиер). Македонско потекло имал и богот Дио-нис, a македонско
потекло имал и легендарниот крал Орфеј (кој бил роден и убиен
во Македонија). Македонец бил и еден од лапитите и еден од
аргонавтите на Јасон и други.
Постојат бројни мотиви во македонскиот фолклор
наследени од античката митологија. Такви ce: мотивот за
самовилите (наследен од мотивот за античките менади):
мотивот за персонализација на сонцето и небеските тела;
мотивот за позлатување со допир; мотивот за ламјата и за
змејот; мотивот за персонализација на судбината, среќата и
смртта; мотивот за бог престорен како старец; мотивот за
јуначките подвизи на Крали Марко (кои ce поклопуваат со
јуначките подвизи на Херакле); мотивот за подземниот свет;
мотивот за метаморфозите и многу други. Преку паралелни
прегледи на македонските приказни и песни со вакви мотиви со
легендите од античката митологија, јасно ce забележува нивната
идентичност.
Конечно, изнесовме податоци и за декларирањето на
нашите предци од 19 и 20 век (наспроти жестокиот притисок од
странските пропаганди) како директни потомци на славите
антички Македонци.

208
Сето ова детално го презентиравме и објаснивме во
книгата "Античко-македонското наследство во денвш-ната
македонска нација, прв дел - фолклорни елементи").
Што ce однесува до тоа дали античките Македонци биле
засебен народ во однос на Грците, и на ова прашање во
претходните книги му посветивме достаточно внимание,
наведувајќи поголем број антички и подоцнежни сведоштва за
засебноста на античките Македонци. За да не пов-торуваме
исти работи, овие сведоштва овде ќе изостанат. Впрочем,
самата анализа на јазикот на античките Маке-донци и
податоците што ќе ги изнесеме, сами по себе, ce доволен доказ
за разликите помеѓу Македонците и Грците.

Антрополошко-генетски докази за сродноста


помеѓу античките и денешните Македонци

Најсилните и најубедливи докази за врските помеѓу


денешната македонска нација и античките Македонци ги нудат
антропологијата и генетиката. Овде ќе спомнеме еден податок
кој во времето на едноумието воопшто не беше експлоатиран во
нашата поширока јавност. Овој податок е уште поинтересен,
бидејќи е даден од страна на - грчки научник. Имено, грчкиот
научник Пуљанос (инаку член на ДАГ) по т.н. Граѓанска војна
во Грција, заедно со мнозина Македонци и Грци заминал во
тогашниот СССР. Во педе-сеттите години во Ташкент и Чирчик
овој научник вршел компаративни антрополошки истражувања
помеѓу тамош-ните Македонци (бивши борци на ДАГ) и
античките Ма-кедонци (до чии податоци доаѓал преку архивите
во СССР). Резултатите од тие истражувања биле
сензационални. Пуљанос докажал дека антропологијата на
античките Ма-кедонци била фрапантно идентична со
антропологијата на Македонците во СССР. Можеби денес
изгледа парадокс-ално, но тогашната грчка влада со радост ги
прифатила овие наоди. Кај нив тогаш превладувала логиката
дека, ако денешните Македонци имаат идентични
антрополошки

209
црти со античките Македонци (кои според нив биле "Гр-ци"),
тогаш и денешните Македонци ce потомци на Грците
(подетално кај: Христо Андоновски: "Јужна Македонија од
античките до денешните Македонци", Скопје, 1995).
Што ce однесува до генетските истражувања. не така
одамна (од времето на пишувањето на овие редови) група
шпански генетичари (во соработка со свои македонски колеги)
спроведоа генетски истражувања над современите Македонци,
при што докажаа дека Македонците ce еден од најстарите
народи во Европа.
Имено, група истражувачи од Одделот за имунологија и
молекуларна биологија, X. 12 де Октубре, на Уни-верзитетот
Комплутенс, од Мадрид (Шпанија) и Установата за
лабораториско испитување на ткивата и крвна трансфузија од
Скопје (Република Македонија) спроведоа генетско
истражување врз Македонци чии резултати ги споредија со
истражувањата спроведени врз други медите-рански народи.
Групата од десет истражувачи (Арнеиз-Вилена А, Димитровски
К, Пачо А, Москосо Ј, Гомез-Касадо Е, Силвера-Редондо Ц,
Варела П, Благоевска М, Здравковска В, и Мартинез Ласо Ј.) беа
вклучени во ис-тражувањето со цел да ce открие придонесот на
Македон-ците и Грците во денешниот генетски влог меѓу
медите-ранските народи. За таа цел за прв пат меѓу
Македонците беа проучени ХЛА (Антигени од човечки бели
крвни клет-ки) класа 1 и класа 2 ДНК (Дезоксинуклеинска
киселина).
Студијата "ХЛА Гени кај Македонците и под-сахарското
потекло на Грците" е објавена во угледното данско медицинско
списание "Тишју Антиџенс" во февру-ари 2001 година (книга
57, издание 2, страници 118-127). Резултатите од овие
истражувања ги пренесоа и неколку македонски печатени
медиуми ("Утрински весник" од 08. 03. 2002, "Македонско
сонце" и други, a за потребите на оваа книга ce користиме од
написот во " Македонски Глас-ник" на организацијата
"Обединети Македонци" (Торонто,

210
Канада, ноември-декември 2001). Како резултат на сите овие
истражувања, добиени ce следниве заклучоци:
4) Македонците припаѓаат на постарата медитеанска
основа, како Иберијанците (вклучувајќи ги и Баските),
северно Африканците, Италијанците, Француите, Крит-
јаните, Евреите, Либанците, Турците (Анатолијанци),
Ар-менците и Иранците;
5) Македонците не ce сродни со географски блиските
Грци, кои не припаѓаат на постарата медитеанска
основа;
6) Грците имаат значителна сродност со под-сахарс-киот
(етиопски) народ, кој ги разделува од другите меди-
терански групи.
За време на истражувањето биле испитувани гените од 172
етнички Македонци (кои не биле роднински поврзани); 98
Мароканци; 98 Бербери; 94 марокански Евреи; 176 Шпан-ци; 80
Баски; 228 Португалци; 179 Французи; 102 Алжирци; 91
Сардинци; 284 Италијанци; 80 ашкеназиски Евреи; 80 не-
ашкеназиски Евреи; 135 Критјани; 85 Грци од Егејот; 95 Грци
од Атика; 101 Грк од Кипар; 59 Либанци од Ниха ел Шуф; 93
Либанци од Кафар Зубиан; 100 Иранци; 228 Турци; 105
Арменци; 101 Египјанец од Сива; 83 Оромонци; 98 Амхаранци;
38 Фуланци; 39 Римеибанци; 42 Мосијанци; 77 Сани
(Бушмени); 192 Сенегалци и 86 црнци од Јужна Аф-рика. Во
Студијата, врз основа на резултатите, истражувач-ите
констатираат дека:
" Ова ја поткрепува теоријата дека Македонците ce еден
од најдревните народи кој постои на Балканот, изг-леда долго
пред доаѓањето на микенските Грци околу 2.000 години пред
Христа".
Според резултатите на овие истражувања Грците има-ат
генетска сродност со под-сахарските етнички групи кои сега
живеат во Етиопија, Судан и Западна Африка (Бур-кина-Фасо),
a Македонците ce блиски со Критјаните.
Веќе спомнавме дека постојат историчари кои сметаат
дека творците на Микенската култура биле Пелазгите (за кои,
пак, други сметаат дека ce предци на Словените).

211
РЕЦЕНЗИЈА ЗА РАКОПИСОТ НА АЛЕКСАНДАР
ДОНСКИ CO НАСЛОВ: " ЈАЗИКОТ НА
АНТИЧКИТЕ МАКЕДОНЦИ"

Како професор на Филолошкиот факултет "Блаже


Конески" во Скопје, по предметот Средновековна маке-
донска книжевност, во редовната програма на мојот
работен 35-годишен период, клучно место добиваше
средновековниот роман "Александар Македонски " (Ве-
лики) (Голем). Разбирливо, главната личност на романот
бараше и доследно проучување на античката македонска
историја. Во овој поглед секогаш наидував на научните
контроверзи за ред поставени прашања, кој е тој, каков е
тој, зошто неговата личност достигна невидена светска
популарност, кои му беа учителите, фамилијата, зошто
достигна од историјата до митот, до божество? He случајно
ги барав трагите на наследството и меѓу првите трудови на
Шестите Рацинови средби во Велес, во 1969 година. го
изложив истражувањето на наследството на Александар
Македонски во народното македонско творештво. Сметав
дека човекот кој ја прослави античка Македонија на овие
простори морал да остави видливи стапки во нашата
историја, во народно творештво, во митологијата, на
теренот на кој ce движел. Подоцна, во 1994 година на
Американската славистичка конференција во
Филаделфија, ги проширив со реферат укажаните сознанија за
трагите на антиката во македонскиот фолклор. Потоа одржав
предавање пред Македонците во Њу Џерси, разбирливо и двете
предавања предизвикаа интерес.
He случајно ce враќам назад 35 години. Еве, во нашата
понова научна и културна историја ce појавија нови
обогатувања на антиката, прво со четиритомната античка
историја од проф. д-р Васил Тупурковски, потоа со најновите
изданија и студии на д-р Наде Проева, академик

212
Петар Илиевски, Љубица Басотова, Елена Колева, Александар
Донски, д-р Горги Поп Атанасов, академик Антонио Дончо
Шкокљев и други. Во 1996 година го открив пред јавноста
изданието во кое Александар е наречен во 19. век Голем, место
Велики.
Покрај значајните траги во македонското народно
творештво и современата македонска литература покажа
интерес кон оваа проблематика, a беше збогатена со романите
на Слободан Мицковиќ "Александар и смртта" и Владан Велков
"Александар Македонски".
Очевидно и важната јазична проблематика ce обогатува со
нови сознанија. Ce појави најновиот број на "Прилози од
МАНУ со откривањето и расчистувањето на средниот текст од
каменот на Розета со наслов "По трагите на писмото и на
јазикот на античките Македонци" од академик Томе Бошевски и
проф. д-р Аристотел Тентов од 2006 година. Кон ова ce
придружува и доставениот најнов ракопис од Александар
Донски.
Ракописот "Јазикот на античките Македонци" заслужува
внимание, токму во овој нараснат интерес за легитимното
историско минато на античка Македонија. Јазикот на античките
Македонци предизвикува посебен интерес заради недостигот на
извори за негово проучување. Токму затоа студијата на
Александар Донски ги сумира и коментира досегашните
резултати на ова поле, со нескриен интерес и афинитет.
Проследени ce најважните извори на грчките ставови за јазикот
на античките Македонци, со укажување на недоследностите или
тенденциозните вметнувања на непотребни толкувања. Ce
задржува на истоветноста помеѓу македонските и античките
зборови. Посебно внимание им посветува на наративните
сведоштва за засебнота на македонскиот јазик. Мошне
показателно е искажувањето на Чарлс Френсис Потер дека "...
коине (мешавина од разични јазици)... настанал како резултат од
освојувањата на Александар Македонски... Коине бил
заеднички јазик на тоа време..." Денес воопшто не е спорно

213
дека античките Македонци имале свој посебен јазик. За жал, до
днеес недостигаат пишани извори за состојбата на тој јазик.
Токму затоа и ракописот на Александар Донски ce задржува на
сублиматот од откриените антички сведоштва на зборови.
Тргнува од "Лексиконот" на Хесихиј, за да ги разгледа понатаму
"Лексиконот Суда", македонс-киот граматичар Америј и други.
Авторот на овој резимиран труд направил напор да ги
сублимира истражувањата на научниците кои ce занимаваат со
разнородни прашања од антиката, a кои нас посебно не
интересираат. Co оглед на нараснатиот и логично потребен
континуиран историјат на антиката, овој труд, не само што ги
отвора клучните прашања, туку дава можности за дополнувања,
интервенции и проширување на знаењата. Сметам дека
објавувањето на ракопиот ќе предизвика интерес не само кај
научниот свет, туку и во пошироката јавност. Секој приод кон
едно вакво дело ќе претставува збогатување на сознанијата за
разновидните приоди и аспекти кон античка Македонија.
Сметам дека е неопходно објавувањето на понудениот
ракопис.

27.06.2006, Скопје

Проф. д-р Вера Стојчевска - Антиќ

214
КОНСУЛТИРАНА ЛИТЕРАТУРА:
"A Latin Dictionary" founded on Andrews' edition of Freund's "Latin
dictionary", revised, enlarged, and in great part rewritten by Charlton T.
Lewis, Ph. D. and Charles Short, LL.D. Oxford. Clarendon Press.
1879.ISBN: 0198642016
Александар Матковски: " Македонија во делата на странските
патеписци 1778-1826"; Скопје, 1992.
"Antony" by Plutarch, во превод на англиски од драматургот John
Dryden, Електронска верзија на овој превод на:
http://classics.mit.edu/Plutarch/antony.html
Anthony Ambrozic: "Gordian knot unbouned", Toronto, Canada, 2002
Arrian: "The Campaigns of Alexander", во превод на Aubrey De
Selincourt, Pengiun books, USA, 1987
Артур Вајгал: "Александар Македонски", во превод на
македонски, Скопје,1992
Athenaeus of Naucrates "Deipnosophists" Translated by Charles Burton
Gulick, Loeb Classical Library; ISBN 0-674-99380-2
Borza Eugen: "In the Shadow of Olimpus, The Emergence of Macedon"
(Princeton Univercity Press, New Jersey, ISBN 0-691-05549-1, USA, 1990)
"British documents of foreign affairs", Part I, Series F, Europe 1848 - 1914.
Vol. 14 "Greece, 1847 - 1914", University publications of America.
"Veneti - First Builders of the European Community" by Joshko Shavli,
Matej Bor and Ivan Tomazich, translation in English by Anton Skrebinc
(Editions Veneti; A-1080 Wien, Bennogasse 21, Austria; Co-published by
Anton Skrebinc; Boswell, British Columbia, Canada
Bepa Стојчевска Антиќ: "Претскажувањата на ГолемАлександар.
"Зумпрес". Скопје, 1996 год.
Вера Стојчевска Антиќ: " Средновековни романи и раскази -
Романот за Александар Македонски", "Табернакул", Скопје, 1996
G. Sotiroff: "The Language of Constantine the Great"; Elementa nova pro
historia Macedono-Bulgarica; Lynn Publishing, Saskatchewan, CA, 1986
Georg Autenrieth. "A Homeric Dictionaij for Schools and Colleges", New
York, Harper and Brothers. 1891
"Dictionary of Greek and Roman Geography", William Smith, LLD.
London. Walton and Maberly, Upper Gower Street and Ivy Lane,
Paternoster Row; John Murray, Albemarle Street, 1854;
http://www.perseus.tufts.edu/cgibin/ptext? doc= Perseus:text: 1999.04.0064
Diodorus of Sicily: "Library of world history"

215
Douglas Harper: "Online Etymology Dictionary", 2001
Ѓорѓи Поп-Атанасов: "Библијата за Македонија и Македонците",
Менора, Скопје, 1999
Елеонора Петрова: "Бриги" (Скопје 1996 г.)
Elephteria Mantzouka Syson/Georgios Tsapanos "Latin in Greece before
Romans", Forum on the 414 University Hall 230 North Oval Mall,
Columbus, Ohio 43210-1319 USA omega, cohums. ohio-
state.edu/mailing_lists/CLA-L/1998/ll/0402.php.
Elias Kapetanopoulos, "ΉεννιασΜακεδο-
νιζωντη φονη, Αρηαιλογικυ εφεμερισ", 1993.
Encyclopedia Britannica
"Eumenes" by Plutarch 14,10, translated by John and William Langhorne.
Електронска верзија на: http://www.attalus.org/old/eumenes.html
"Indo-European Glossaries - Old Macedonian Language
"http://www.indoeuro.bizland.com/project/glossary/gloss2.html
Јанко Томов: "Античката историја на Македонија и на Балка-
нот во делата на западните автори", Австралија, 2005,
John Opsopaus: "A Brief Guide to Ancient Greek Pronunciation", 1999;
достапно на: http://www.cs.utk.edu/~mclennan/ ΒΑ/pronunciation.html
"Liddell and Scott Greek-English Lexicon" (Ninth Edition, 1996)
"Macedonia acta archeologica" (6p. 11,1987-1989; Скопје, 1990
Marcus Junianus Justinus: "Epitome of the Philippic History of Pompeius
Tragus", translated, with notes, by the Rev. John Selby Watson. London:
Henry G. Bohn, York Street, Convent Garden, 1853
Microsoft Encarta 98 Encyclopedia Deluxe Edition (USA, 1998)
N. G. L. Hammond: "The Macedonian State, Origins, Institutions, and
History"; Published in the United States by Oxford University Press Inc.,
New York.1989, ISBN 0-19-814927-1
Наде Проева, "Студии за античките Македонци", Мацедониа
Прима, 1997
"Одбрани четива за историјата на македонскиот народ",
Скопје, 1951
"Одбрани споменици српског права", Београд, 1926,
Odyssey Belchevsky: "A new look at classical mythology with the help pof
Slavic and Macedonian vocabularies", Zbornik tretje mednarodne
konference "Staroselci ν Evropi" Zaloznistvo Jutro, Ljubljana, 2005,
Pan-Macedonian Association Inc http://www.macedonia.
info/FALLACIESANDFACTS.htm, 2000, USA; Design By Eliasweb
Павел Тулаев: "Венети, предки Славјан", Москва, 2000 г.

216
Петар Илиевски: "Појава и развој на писменоста", МАНУ, Скопје,
2001 год.
Петар Илиевски; "Лексички реликвии од стариот балкански јазичен
слој во јужнословенските јазици", IX Меѓународен славистички
конгрес, Скопје, 1983, стр. 7-14.
Plato "Cratylus", електронско издание во превод на англиски:
http://cIassics.mit.edu/Plato/cratylus.html Плутарх: ""Александар
Македонски", Скопје, 1994) "Photius", edited by Roger Pearse, Great
Britain 2002, електронска верзија достапна на:
http://www.eaiiychristianwritings.com/ fathers/photius_03bibliotheca.htm
P. Herrmann, "Neue Inschriften zur Hist. Landeskunde von Lydien,'' ibid.
77, 1, 1959
Радмила Угринова - Скаловска (" Старословенски јазик
-Граматика, Текстови, Речник кон Граматиката", Скопје, 1979
"Речник на личните имиња кај Македонците" од авторот
Љубица Станковска (Скопје, 1992) "Речникна македонскиот јазик" 1,
Скопје 1961 " Словенско братство ", Белград, 1947 г.
С. М. Веселиновиќ: "Лекције из Светог Писма - Законске књте
СтарогЗавета", Београд, Нова штампаријаДавидовиќ, 1908 год.
Strabo "Geography"
Synthia Syndor Slowikowski: "Sport and Culture in the Ancient Mace­
donian Society, The Pensylvania State University, 1988 "Suda"
http://www.stoa.org/sol/about.shtml
" Телефонски именик на Социјалистичка Република Македонија "
(Скопје, 1988/1989). Thucydides: "Peloponesian War" Тит Ливиј:
"Историја на Рим" (книга 31)
"The Dictionary of the History of ideas" Electronic Text Center; PO Box
400148; Charlottesville VA; Maintained by: The Electronic Text Center at
the University of Virginia Library, © 2003
The Greek Aplhabet, Provided by the Greek Language and Linguistics
Gateway; greek-language.com; http://www.greek-language.com/alphabet/
"The Catholic Encyclopedia", Volume VII Copyright © 1910 by Robert
Appleton Company Online Edition Copyright © 2003 by K. Knight "The
Columbia Encyclopedia", Sixth Edition. Copyright © 2001 Columbia
University Press

217
"The Homeric Hymns", edited, with preface, apparatus criticus, notes, and
appendices. Thomas W. Allen. Ε. Ε. Sikes. London. Macmillan. 1904
Улрих Вилкен: "Александар Македонски", 1931 год., во превод на
македонски, Скопје, 1988
"Flavius Josephus Against Apion", translated by William Whiston, Chris­
tian Classics Ethereal Library, Calvin College, USA " Frequently Asked
Questions on Macedonia", Compiled by Alexandras Gerbessiotis; Copyright
1993; http://www.macedonia.info/FAQ.htm Harry Thurston Peck "Harpers
Dictionary of Classical Antiquities", New York. Harper and Brothers. 1898
Hellenic Ministry of Culture, наслов: Macedonia/Early Inscriptions;
http://alexander.macedonia.culture.gr/6/64/cpright.html Henry George
Liddell. Robert Scott. A Greek-English Lexicon, revised and augmented
throughout by. Sir Henry Stuart Jones, with the assistance of. Roderick
McKenzie. Oxford. Clarendon Press. 1940. ISBN: 0198642261 Herodotus:
"The History of Herodotus" (translated by George Rawlinson). Hesychii
Alexandrini lexicon, Halle, repr. Amsterdam: Hakkert, 1965 "History of
Greece" by George Gerote, Vol. II, third edition, London, John Murray,
Albemarle Street, 1851 Хомер: "Илијада"
Христо Андоновски, "Јужна Македонија од аншичкише до
денешните Македонци" Скопје, 1995 "Христоматиа по историја на
Б'лгарија", Софија, 1964 Carlos Parada: "Genealogical Guide to the
Greek Mythology" Studies in Mediterranean Archaeology, Vol 107, Coronet
Books; ISBN: 9170810621, Philadelphia, USA, 1993
"Catullus" Ε. Τ. Merrill, Cambridge, Harvard University Press, 1893,
OCLC: 35523114
CD Grolier electronic publish, Mindscape, Inc. 1995, Novato, CA 94945
Charles Francis Poter: "The Lost Years of Jesus Revealed"; A Fawcett Gold
Medal Book, Published by Ballantine Books, 1962, 1958, CBS Publications
Quintus Curtius Rufus, "De Rebus Gestis Alexandri Macedonis",V\, 10;
Квинтиј Куртиј Руф: "Историја на Александар Македонски", во
превод од латински на д-р Љубинка Басотова; Скопје, 1998 година
Wikipedia, the free on-line encyclopedia
William Smith: "A dictionary of Greek and Roman biography and
mythology". London. John Murray, 1873

218
СОДРЖИНА:

Карактерот на јазикот на античките Македонци 5


Осврт кон грчките ставови
за јазикот на античките Македонци 5
Драмата од Стратис 7
Сличноста на јазикот на Македонците и Епирците 10
Цитатот од Тит Ливиј 20
Говорот на Александар Први Македонски
пред Атињаните 23
Истовешноста помеѓу македонските
и атичките зборови 26
Антички наративни сведоштва
за засебноста на македонскиот јазик 29
Лексиконот на Хесихиј 44
Македонските зборови во Лексиконот на Хесихиј 47
Лексиконот "Суда" 48
Македонскиот граматичар Америј 48
Други античко-македонски автори 49
Епиграфско наследство 56
За изговорот, транскрипцијата и значењето на
зборовите од јазикот на античките Македонци 61
Зборови со познато значење 82
Други античко-македонски зборови ' 137
Заклучок 140
Античко-македонските месеци 142
Ономастиката кај античките Македонци 143
Лични имиња што Ги носеле античките Македонци
во денешниот македонски ономастикон 144
Античко-македонски лични имиња со словенски корен 153
Античко-македонската топонимија 162
Неколку можни граматички форми,
од античко-македонскиот јазик 169
Бригиската етно-културна врска со Македонците 174
За јазикот на Бригијците (Фригијците) 177
Македонски зборови во грчкиот јазик 182

219
Историски толкувања 190
Теорија за пелазгиско-балканското потекло
на Словените 193
Домородната теорија за потеклото на "Словените " 201
Наследството на античките Македонци
во денешната македонска нација 205
Антрополошко-Генетски докази за сродноста
помеѓу античките и денешните Македонци 209
Рецензија за ракописот на Александар Донски
со наслов " Јазикот на античките Македонци" 212
Консултирана литература 215
Содржина 219
Спонзори 221

220
АЛЕКСАНДАР ДОНСКИ е роден во ноември 1960 година во Штип.
Потекнува од уметничко семејство. Основно и средно образование завршил
во родниот град, a диплoмирал на Филозофскиот факултет при
Универзитетот во Скопје на групата Историја на уметноста со археологија.
Има објавено голем број написи, авторски документарни радио-емисии и
фељтони од областа на фолклорот, историјата и религијата во повеќе
македонски и странски списанија и весници. За својата истражувачка
дејност добитник е на извесен број награди и признанија. Во 1987 година,
како резултат на неговите истражувања во Јапонија, од кои произлезе трудот
Јапонскиот печат за Илинденското востание ja доби највисоката тогашна
награда на Штип - наградата 8 ноември. Во 1989 година ja објави книгата-
зборник Фолклорното богатство на Штип. Во 1993 ja доби стипендијата на
Фондот за отворено општество на Џорџ Сорос (CEU RSS) за истражувачкиот
проект Детскиот фолклор во источна Македонија, кој со успех го заврши.
Во 1994 годинаja објави книгата Натприродни одгласи. Во 1995 година ja
објави книгата Што ќе ни ce случи по смртта?, книга со сведоштва на
македонски граѓани кои преживеале клиничка смрт. Има објавувано и
свои кратки раскази во реномирани македонски списанија за
литературата, a ce занимава и со преводи на литературни дела и есеи од
хрватски, српски и бугарски јазик за списанието за уметност СУМ. Во 1996
година ja објави збирката раскази под наслов Морбидни раскази. Еден е од
ко-авторите на книгата Македонија - богата и сиромашна земја, која на
германски јазик е објавена во Германија во 1997 година. Истата година во
Софија на бугарски јазик ja објави брошурата Орисија, посветена на
етногенетските разлики помеѓу Македонците и Бугарите, подготвена и
преведена од македонскиот писател во Бугарија - Славе Македонски.
Автор е и на неколку документарни радио и ТВ серии, снимени во
продукција на Радио Штип и ТВ ИРИС од Штип. Неколку години соработувал и
со "Народна волја" (македонски весник од Бугарија) и "Австралиско-
македонски неделник" од Мелбурн. Објавува свои текстови и на
Интернет.Автор е и на книгите: "Етногенетските разлики помеѓу
Македонците и Бугарите"; "Исус Христос и Македонците", "Уделот на
Македонците во светската цивилизација"; "Античко-македонското
наследство во денешната македонска нација" (објавена и на англиски);
"Денешните потомци на Самуиловата царска династија" (објавена и на
англиски со посебен осврт на роднинската врска на цар Самуил со
британската кралица Елизабета Втора), "Сведоштва за Илинденскиот
период" (во ко-авторство со Атанас Кирјаков, македонски активист од
пиринскиот дел на Македонија), "Сите светители од Македонија" и "Маке-
донското потекло на некои од американските претседатели", која е објавена и
на англиски.

ISBN 09757332 5 7

You might also like